чедо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Sep 2022 12:32:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чедо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И на одмор и на роденденска забава: Македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ е секси во секоја прилика, на секоја нејзина слика (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-na-odmor-i-na-rodendenska-zabava-makedonskata-rijaliti-dzvezda-eleonora-miljkovikj-e-seksi-vo-sekoja-prilika-na-sekoja-nejzina-slika-foto/ Wed, 21 Sep 2022 07:51:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267881

Откако неодамна беше запросена од нејзиното долгогодишно момче Чедо, македонската ријалити учесничка и модел Елеонора Миљковиќ не се двои од него. Ниту во живо(тот), ниту на фотографии. Така, неодамна Нора и нејзиниот избраник беа на годишен одмор на егзотична дестинација. Расната убавица не ја пропушти оваа прилика покрај уживањето во летните, морски содржини, повторно да им приушти на своите Инстаграм следбеници и тие да уживаат во нејзините телесни убавини. Се разбира, споделувајќи го сиот свој телесен раскош во секоја пригода, без оглед дали е на суво или во вода. Дали седната на лулашка малку да се полула и испозира... ...Легната на лежалка последните сончеви зраци да ги апсорбира додека се фотографира... ...Или влезена во морето до препони, како морска сирена фатена во мрежа крај брегот... Едноставно  македонската ријалити ѕвезда е повеќе од секси во секоја прилика, на секоја нејзина слика. Елонора со секоја поза нуди повеќе од доволна доза на возбуда и еротски набој како ретко која друга. Но, полните очи „влажни машки погледи“ остануваат само пуста желба, а секоја друга помисла би била мисла на грешник... Зашто повеќе од јасно е дека расната скопјанка му припаѓа само на еден среќник. По одморот која можеби  беше и еден вид генерална проба за медениот месец што вљубените гулапчиња ги очекува по свадбата, која според најавите на Нора треба да се случи ввеќе во октомври 2022, скопската убавица дома славеше роденден. Популарната Нора на роденденската забава изгледаше колку елегантна, толку предизвикувачки и секси. Убавицата облече фустан кој ја покажа нејзината совршена фигура и бујните облини, кои онака заруменети од одморот, дискретно ѕиркаа од деклолтето. На дамите не им се бројат годините иако Миљковиќ не ги крие. За роденденската торта задолжен вереникот, како и за подигање на атмосферата на роденденот. Тој во улога на водител, а распложената славеничка се обиде и како пејачка. Журката на ниво(у), друштвото и атмосферата исто така, а среќната и весела домаќинка... Подеднакво уживала како во одморот, така и во роденденската забава... Како генерална проба за свадбата и медениот месец што наскоро неа и избраникот ги очекува!
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__]]>

Елеонора Миљковиќ сподели интимна фотографија со вереникот од постела: Тие двајца се… сакаат, а третиот е… љубоморен!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eleonora-miljkovikj-spodeli-intimna-fotografija-so-verenikot-od-postela-tie-dvajca-se-sakaat-a-tretiot-e-ljubomoren-foto/ Sat, 10 Sep 2022 07:24:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257703

Македонската ријалити ѕвезда  Елеонора Миљковиќ неодамна на големи ѕвона најави дека ќе се мажи, откако претходно се сврши, кога беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска. Нора и нејзиниот свршеник не ја криеја љубовта, па така уште оддамна споделуваа заеднички фотографи кои на моменти изобилуваа и со размна на нежности. На годишен одмор покрај песочниот брег на плажа... ... Во дворот на семејната куќа во домашен амбиент... ...Или во водите на некој хотелски базен... ...Нора секогаш знаеше да сподели љубовна поза повеќе, отколку само оние на кои го темнее својот тен. Но, една понова објава на раскошната скопска инфлуенсерка, модел и некогашна ријалити учесничка е со истата тематика, само овој пат има поинаква драматика. На фотографијата покрај моментите на љубовна среќа, забележливо и присуството на уште некого. Имено, во кадарот влетало и нејзиното кученце,  белиот влакнест бишон, кој е неизоставен куќен миленик или во случајов љубовен натрапник? Имено, Нора и свршеникот кој е легнат над неа во постела, интимниот момент од размената на нежности го овековечиле со селфи од (пред)брачната постела. И додека Елеонора и вереникот ги споделуваат своите љубовни страсти во „игрите за возрасни“, за газдарицата е исто толку „залепен“ и домашниот миленик  колку и нејзиниот вереник?  Од приложеното се гледа дека на идниот зет тоа не му пречи, а познавачите на „кучешко-човечките“ релации велат дека по се' изгледа крзнениот малечок  толку се приврзал кон сопственичката, што едноставно не се двои од неа, дури и кога некој би сакал насамо да биде „близок“ со неа. Или со други зборови, додека Нора и Чедо се... сакаат, некој трет е љубоморен, па никако не прифаќа моментот меѓу нив двајцата, да остане интимен!? Што  очигледно не ја нарушува љубовната среќа на  семејното „дуо-трио“, а што е потврда и украсот на фотографијата. Двајца или тројца, среќата е иста  - емотикон на детелина... со четири листа! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__]]>

Зурли и тапани дома кај македонската ријалити ѕвезда: : Елеонора Миљковиќ по свршувачката направи и веридба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zurli-i-tapani-doma-kaj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-eleonora-miljkovikj-po-svrshuvachkata-napravi-i-veridba-foto/ Mon, 18 Jul 2022 07:33:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258907

Еден месец откако Елеонора Миљковиќ се сврши откако беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска, македонската ријалити ѕвезда викендов направи и веридба. Во друштво на најблиското семејство, македонската убавица го истера стариот адет, свршеникот со родителите да дојде во домот на  идната невеста и да ја официјализираат свршувачката, па  кај Нора дома засвиреа зурли и ечеа тапани. Идната снаа облечена во кус модерен свечен фустан во нежно-светла јоргован боја, налик на невестински, иако тоа не е, зашто Нора невеста допрва треба да биде. Идниот младоженец дотеран кежуал, стокмен покрај невестата, која од неговите родители беше богато дарувана. Свекорот на неформалната снашка околу вратот и закачи златна огрлица како бакшиш од него и свекрвата. Таа пак на идната сопруга на нивниот син на раката и закопча златна брезлетна. Така дарувана Еленора заврши во нивните прегратки, а заедничката фотографија за спомен секако беше неизоставна. И со свекорот и свекрвата и секако со мама и тато... Онаа која не пропушти да и ја честита веридбата беше и нејзината помала сестричка  Мила, која полека исто така прераснува во вистинска убавица која претендира да ја надммине својата повозрасна и попозната сестра која со едната нога тукушто зачекорува во брачниот живот. Софрата се разбира оддамна подготвена, сватовите уште пред да дојдат, а откако церемонијата на даравуње на снашката заврши,  пристигна музиката. Важно е да е весело, да се игра, да се пее, да се пие, чочек да се меша, оро да се вие... Највесели, очекувано идната невеста и нејзината атрактивна мајка... Не само што први заиграа и ја кренаа атмосферата, туку згодната домаќинка прва и ја даруваше музиката со по некоја банкнота... Евра или денари, сеедно. Свирачите за кусур не фаќаат, ниту пак кусур враќаат. А кога сме пак кај сватовите, зетот прв се фати на оро... Чедо на мајка, за брачниот живот да му биде весел и убав како од бајка, се фати за паричникот да плати, па со некоја илјадарка и тој го закити тапанот... А потоа и се качи на него, да заигра од повисоко! Конечно и невестинската торта со две испреплетени раце и бурмите на нив, дојде на ред. Веридбата и забавата траеле до длабоко во ноќта, а идните млади сега ги очекува и она последното... Најсвечениот чин, стапувањето во брак и брачната заклетва со потпис... И пред Бога и пред државата. Сепак, денот на свадбата Елеонора се' уште не го открила и јавно обзнанила. Дали ќе биде наскоро или догодина, дали има нужна потреба од брзање или ќе се почека, знаат само  младите и евентуално нивните најблиски. Како и да е, нека им е честита и од нас веридбата и... среќни да се довека! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__]]>

Македонската ријалити ѕвезда се сврши: Елеонора Миљковиќ кажа – ДА! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-rijaliti-dzvezda-se-svrshi-eleonora-miljkovikj-kaza-da-foto/ Fri, 17 Jun 2022 07:32:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254785

Македонската ријалити ѕвезда се сврши. Елеонора Миљковиќ беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска. Чинот на запросувањето се случил вчера, четврток, 16 јуни 2002, во атарот на една позната, елитна скопска винарија, каде откако нејзиното момче по стариот добар обичај клекнаувајќи на колена и подарил скапоцен веренички  прстен и  ја побарал нејзината рака, македонската ријалити учесничка кажала - ДА! Скопската убавица претходно со ништо не најави дека е „на чекор“ од запловување во брачните води,  што не ја исклучува можноста и самата навистина да била  изненадена од запросувањето, иако многумина велат дека не е баш така. Гледајќи ги споделените фотографии и видеа на нејзините Инстаграм приказни, тврдат дека запросувањето изгледа како да било „однапред режирано“, со срце од рози на плочникот, огномет со поставени прскалки, црвени срце балони  и подготвени фотообјективи за да го овековечат чинот. Како и да е бившата ријалити ѕвезда од „Задруга“ и едно време ТВ  презентерка на временска прогноза  на српската „ТВ Ред“, сексапилната инфлуенсерка и модел,  Нора го кажа своето судбоносно - ДА. Скопската убавица веднаш се пофали со својот свршенички прстен, за кој се зборува дека е со дијамантски циркони. Големиот букет од (само идниот зет знае колку) црвени рози и свршеничката торта во облик на црвено срце на кое е испишано: “Таа кажа да“ , биле само дополнителен дел од вереничкиот декор на идната брачна двојка. Момчето во елегантно спортска бела комбинација, идната невеста на високи потпетици во долг, елегантен, црн летен фустан како црно-бела симболика на спротивностите кои како плус и и минус, како половите на магнетот силно се привлекуваат. Свршеничката веселба потоа продолжила во еден познат скопски ланч-ресторан и кафе-бар, каде вереничкиот декор го надополниле и балоните, меѓу кои доминира оној во форма на свршеничкиот прстен. За потоа славјето да заврши  длабоко во ноќта во домашен амбиент кај идната невеста во дворот на семејната куќа со танци, песна и пијалак и... веренечки нежности. Дали веќе и кога е закажана и свадбената веселба, засега никој од двојката не открива. Како и да е некогашната „задругарка“, го направи првиот (пред)брачен чекор на патот наскоро да стане невеста, а со тоа и нечија сопруга! Нека е со среќа! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__            ]]>

Македонската ријалити ѕвезда и ТВ водителка Елеонора Миљковиќ потврди дека е „секс бомба“ во бикини: Еве кој е среќникот кому „бомбата“ му е в раце (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-rijaliti-dzvezda-i-tv-voditelka-eleonora-miljkovikj-ushte-edenash-potvrdi-deka-e-seks-bomba-vo-bikini-eve-koj-e-srekjnikot-komu-bombata-mu-e-v-race-foto/ Mon, 30 Aug 2021 08:12:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217149

Скопјанката Елеонора Миљковиќ пошироката јавност  ја запозна како македонска ријалити ѕвезда, која пред неколку години беше дел од најгледаното реално шоу во регионот „Задруга“. Во меѓувреме се промовираше себе си како трендсетерка и инфлуенсер, а годинава ги спакува куферите и замина за Белград, за среќата да си ја проба и како ТВ водителка. Или поточно презентерка на временската прогноза на новотворената ТВ Ред, канал наменет за забава, инспирирана од модерните текови и технологии и животот на младите генерации во новото време, колку на повозрасните или поконзервативните тоа и да им изгледа „ненормално“! https://www.youtube.com/watch?v=LY0esevMWF4&t=120s Атрактивна, згодна, сексапилна, пожелна, провокативна...  особено кога ќе се соблече. Во “Задруга“ ја видовме пиштол гола под тушот, но на социјалните мрежи најчесто е во бикини или долна облека... Впрочем што и да облече, предизвикува колективни воздишки, копнежи, мечти... Тоа до сега илјада пати го докажала, со своите провокативни стајлинзи, предизвикувачки фотографии, жешки пози... на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде Нора е многу активна. Така беше и ова лето, во кое својот одмор кое сексапилната убавица го мина на море... Егзотична дестинација и уште поегзотичен провод, со сите „салтанати“... Раскош и убавина на сите страни, од дестинацијата и локацијата, до расната убавица и нејзините бујни, телесни облини кои Еленора одново ги сподели на социјалните мрежи возбудувајќи ги нејзините следбеници. Несомнено дека Елеонора и овој пат потврди дека е вистинска „секс бомба“ во бикини, но откри и уште нешто: Кој е среќникот кому „бомбата“ му е в раце или барем на дофат на рака, кога и да посака?! Имено, Нора и ова лето на одмор беше со своето момче, со кое и покрај „слободата на движење“ се забавува веќе неколку години.  Младо мускулесто момче, кое очигледно „кисне“ во теретана,  кој е познато дека се вика Чедо. Токму тој е среќникот кој има можност речиси кога и да посака „секс бомбата“ да му е в раце, што го покажуваат и фотографиите од нивниот годинешен летен одмор. Прегратки во вода и израз на љубов и страст во стилот: „твоите бакнежи на мојот врат“, се само дел од лепезата фотографии споделени со јавноста. Она другото, секако не за покажување... само за доживување, кое само Чедо знае како изгледа... Кога “секс бомбата“ ќе „експлодира“, се разбира! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__  ]]>

Македонската „задругарка“ Елеонора Миљковиќ покажа како се води љубов на плажа: Зграпчи го и држ’ го дур’ го имаш! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-zadrugarka-eleonora-miljkovikj-pokaza-kako-se-vodi-ljubov-na-plaza-zgrapchi-go-i-drz-go-dur-go-imash-foto/ Mon, 02 Aug 2021 06:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163525

Нашата „задругарка“ Елеонора Миљковиќ и  за време на корона пандемијата најде начин заедно со момчето да заминат на егзотично патување, па Нора тогаш ги сподели провокативните фотографии од нејзиното летување  на својот Инстаграм. Она со што мајката природа ја надарила, а естетската хирургија го надградила, разбирливо доминира на нea. Лето, сонце, плажа, море... вистински прилика да се исонча целото тело, ама и смело да се покажат телесните атрибути, со кои македонската „задругарка“  може да се пофали како ретко која друга девојка. Всушност, Нора не само што има што да сонча, туку има и што да сподели за своите обожаватели на социјалните мрежи, на кои сеќавањата се' уште им се свежи од минатиот пат, кога расната скопјанка обзнани каде и со кого во ултра-мини бикини ги сонча бујните облини. Овој пат Елеонора ја  збогатила својата летна фотосесија со нови фотографии. Она што го одзема здивот се фотографиите на кои доминира раскошната позадина на скопската „задругарка“. И сето тоа вклопено во убавините на природата во комбинација со летното зајдисонце на море, создаваат таков колоритен пејсаж на кој не би му одолеал ниту еден вистински маж. На Нора не само мажите, туку и жените и поделија комплименти. И тоа оние познатите,  македонски старлети и трендсетерки како „задругарката“ Тара Симов или Мелита на пример. А кога сме кај мажите, „задругарот“ и срспки пејач Слободан Слоба Радановиќ јавно ја повика на неговиот настап. Кога ги гледаат жешките фотографии на Елеонора, мора да се љубоморни и да му завидуваат на нејзиното момче Чедо. За да ги расчисти сите дилеми и да не им остави  на останатите мажи ниту барем малку простор за надеж, Елеонора се потруди па покажа како се води љубов на плажа... „Sex on the beach“ - во духот на името на еден од најубавите летни коктели, Елеонора во наплив на „љубовна плима“ покажа дека цврсто се држи до својата максима: „Откако еднаш ќе го најдеш вистинскиот маж, не очекувај дека тоа ќе ти се случи и друг пат. Затоа, зграпчи го и држ' го дур' го имаш...“  Јавни го и „удри“... Од зајдисонце до мугри! Фото; Инастаграм принтскрин/__elle.m__    ]]>

Анастасија Деа Богдановска го имаше најмедениот месец во животот: „Се учиме, јас од тебе, ти од мене…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-dea-bogdanovska-go-imashe-najmedeniot-mesec-vo-zivotot-se-uchime-jas-od-tebe-ti-od-mene-foto/ Fri, 04 Sep 2020 08:56:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165817

Македонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – „Бетмен“ неодамна за прв пат се остварија како родители, кога на свет дојде нивната ќеркичка, на која и дадоаможеби необично, но преубаво име - Дениција. Но, вистинското мајчинство воопшто не е ленсна работа. Бара исклучителна посветеност, дузина обврски, грст грижи, море нежност, океан љубов, сето време на светот, безброј непроспиени ноќи... Оној кој не бил родите, особено мајка за сефте, не знае како е. Но како и да е, колку и да е тешко и напорно, едно е сигурно: Тоа е најслатката обврска и грижа на светот. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/te-lazat-anastasija-bogdanovska-go-spodeli-iskustvoto-od-poroduvanjeto-gubenjeto-kilogrami-i-pochetokot-na-majchinstvoto/   Токму тоа ем го почувствува, ем го сподели како искуство кое трае и младата мајка, ТВ водителка и новинарка, која подеднакво ужива во слатките маки и благодетите на мајчинството со својата малечка Дениција веќе еден месец. Најслаткиот и најмеден месец во животот, кој секоја мајка посакува да биде вечност. Токму затоа, Деа не можеше да го сокрие задоволството, па прекрасното чувство на искрено мајчинство, таа космичка љубов помеѓу мајката и нејзината прва рожба јавно ја сподели на социјалните мрежи, со една реченица објаснувајќи го тоа неописиво чувство на исконска радост и убавина. Минувајќи ги последните летни денови крај еден од нашите езерски бисери Деа, не можеше да ги сокрие своите чувства. „Е ова е меден месец. Медена моја...“ - напишала гордата и пресреќна мајка, споделувајќи ги заедничките фотографии со своето едномесечно чедо. Човек учи додека е жив, а мајката за мајчинството паралелно додека се грижи за своето чедо... Како и тоа од неа, спознавајќи ги првите тајни на животот, првите предизвици  и опкружавењето, светот околу себе. Деа тоа добро го знае, па додека ги запознава тајните на мајчинството, а Дениција од неа го црпи животното искуство, обете се надополнуваат додека се чуваат и разонодуваат. Едната од другата, мајката од ќерката и обратно... Зашто животот е убав, а најубав кога имаш зошто и со кого во љубов да го живееш!      ]]>

Елеонора Миљковиќ е најсекси ријалити ѕвезда: Нашата „задругарка“ во ултра-мини бикини ги сонча бујните облини (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eleonora-miljkovikj-e-najseksi-rijaliti-dzvezda-nashata-zadrugarka-vo-ultra-mini-bikini-gi-soncha-bujnite-oblini-foto/ Wed, 12 Aug 2020 07:39:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162866

Скопјанката Елеонора Миљковиќ ова лето го оправда статусот најатрактивна ријалити ѕвезда. Оваа Македонка која стана позната преку учеството во регионалната релана шоу програма, навистина ја заслужува титулата најсекси „задругарка“, па дури и повеќе од тоа. Откако неколку пати го „истури“ сиот свој телесен раскош и сексапил, јавно споделувајќи го на својот профил на социјалните мрежи, Нора потврди дека е и сродна душа со една Јелена Карлеуша, на пример. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/eleonora-miljkovikj-srodna-dusha-so-karleusha-vo-istite-mini-bikini-istata-poza-samo-namesto-golem-sladoled-na-stapche-nora-lize-dzambo-lizavche-foto/ Ако минатиот пат нејзиниот летен избор на костими за капење и завземената поза сосема „случајно“ се совпадна со оној на белградската „скандал дама“, овој пат скопјанката со српски корени, направи уште неколку промени што неодоливо потсетуваат на бикини изборот на русокосата поп - фолк дива. Имено, нашата „задругарка“ и покрај корона пандемијата заедно со момчето  замина на егзотично патување, па провокативните фотографии од нејзиното летување Нора ги сподели на својот Инстаграм. Совршената фигура и бујните облини, се телесните особини што ја красат оваа убавица, а изборот на ултра секси мини бикини само дополнително го потенцира сиот нејзин телесен раскош со кој природата ја надарила, а естетската хирургија понешто надградила. Нејзините фотографии од под тушот или песочната плажа никого не оставаат рамнодушен. Дамите љубоморно посакуваат да имаат таква телесна конфигурација, додека мажите малку поинаку ја доживуваат оваа ситуација. Кај нив глетката на различните летни пози на разголената „задругарка“ прави адреналинот и тестостеронот да го „пробијат плафонот“...! Елеонора очигледно со својот неодолив сексапил е желба по која копнеат многумина, но убавицата покрај себе веќе ја има својата посилна половина,  нејзиното момче Чедо, со која го минува летувањето. Токму затоа гледајќи ги овие летни фотографии прашањето што многумина мажи си го поставуваат често е... „Што би дале да с(т)е на негово место?“ Фото: Инстаграм принтскрин/-elle.m-]]>

Елена Миленковска „брои ситно“: „Едвај чекам да го запознаам…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-broi-sitno-edvaj-chekam-da-go-zapoznaam-foto/ Sat, 30 May 2020 07:57:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151867

„Ѕвездите на Гранд“ можеби не им донесоа победа на Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ, но затоа им донесе љубов, брак, а наскоро и нов член на семејството. Елена Брои ситно.., Денови, а можеби само часови се во прашање, кога новиот член на семејството ќе ја здогледа виделината на денот. Она што се знае дека во прашање е машко. Момче, за кое Елена и Гуте оддамна наголемо се подготвуваат. Од детска соба, креветче, постелнина, облека, обувки, козметика за бебешка нега... па се' до тоа како ќе се вика нивното прво чедо! Името исто така мина и беше одбрано како и тие во “Ѕвездите на Гранд“ - на аудиција. Распеаната брачна двојка на „Инстаграм стори“ играше игра односно анкета, па ги замолија фановите да праќаат што мислат како ќе се вика наследникот. Тие добиле околу 600 пораки, а тој одлучи со фотографија да го открие името на синот. „Вчера бевте креативни, добив околу 600 пораки со разни имиња. Меѓу нив имаше и точни, но не ви одговорив бидејќии со оваа фотографија сакав да ви го откријам името на бебето. Максим Маринковиќ, како ви звучи“ - напиша тогаш сопругот на Елена на социјалните мрежи. Сега кога малиот максим е на прагот да го запознае овој свет, Елена со нетрпение го очекува неговото доаѓање. „И така седам, пијам кафе, гледам како се мрда, понекогаш малку претерува па тоа малку ме нервира, а всушност ништо не ме нервира. Понекогаш си велам: Сине, побрзај веќе ми е многу тешко, а всушност ништо не ми е тешко. Размислувам, како едвај чекам да го запознаам“ - напишала Елена во својот последен пост покрај фотографијата на која го пие своето утринско викенд кафе, очигледно нестрпливо  очекувајќи во секој момент да ја доживее најголемата животна радост.  ]]>