чедо поповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Oct 2018 10:57:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чедо поповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МРТ го претстави видеото за песната „Дома“ со која Марија Спасовска годинава ќе не претставува на детскиот „Евросонг“ https://arhiva.vistina.com.mk/mrt-go-pretstavi-videoto-za-pesnata-doma-so-koja-maja-spasovska-godinava-kje-ne-pretstavuva-na-detskiot-evrosong/ Mon, 22 Oct 2018 10:46:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54117

„Секое дете заслужува топол дом“, порачува Марија Спасовска со прекрасната балада „Дома“, песна со која ќе ги брани боите на нашата земја на детскиот Евросонг, чие 16. издание ќе се одржи следниот месец во белоруската престолнина Минск. За овој прв евровизиски предизвик, 13-годишната надежна пејачка ги здружи силите со еден од нашите најдобри автори со богато искуство на овој фестивал - композиторот и продуцент Дарко Димитров, како и со својата постара колешка и наша евровизиска претставничка со најдобар пласман досега – Елена Ристеска, чиј потпис како коавтор стои на стиховите.
„Иако бев мошне зафатен, кога ми се јавија од МТВ за да направам песна, веднаш се согласив кога слушнав за кое девојче станува збор“, рече Димитров пред премиерата на евровизиската песна во емисијата „Стисни плеј“на МРТ.
„Дома“ визуелно ја дополни и режисерот Чедо Поповски со продукцијата „Сутерен студио“, а во видеото снимено во МОБ, Марија е облечена во креација на Елена Лука, специјално дизајнирана за оваа пригода. Потписот на Лука ќе стои и на креацијата која Марија ќе ја носи на сцената во арената „Минск“, каде што следниот месец ќе се одржи и главниот настан.
Во меѓувреме, Марија вокално се подготвува со професорката Ана Костадиновска, а за сценскиот настап и комплетната кореографија и режија за најдобро претставување на оваа приказна работи со младата и успешна режисерка Љупка Јакимовска, со која соработуваше и за претходните меѓународни настапи, меѓу кои и минатогодишниот „Славјански базар“, исто така во Белорусија, каде што освои трето место како и во оној во Москва, од каде што во април годинавасе врати како победник.
Како звучи и изгледа евровизиската „Дома“ на Марија Спасовска дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=43&v=kx0Xc78exK8]]>

По три години пауза, добредојде за Тамара со „Довидување таго“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-tri-godini-pauza-dobredojde-za-tamara-so-doviduvanje-tago-video/ Wed, 05 Sep 2018 10:58:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46389

По три години музичка пауза и денови посветени на мајчинството, Тамара Тодевска денес точно на пладне на Стоп ТВ, го промовираше својот нов сингл насловен „Довидување таго“. И зад оваа песна се потпишува тимот кој што веќе години наназад, животот на Тамара го раскажува низ песна. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текст Игор Џамбазов, видео запис Чедо Поповски.
„Џамбаз ме познава како дишам. Билбилов исто така. И оваа песна како и многу претходни е буквално приказна од мојот живот. Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Игор знае како тоа да го раскаже со зборови затоа што ја гледа позитивната промена во мене. Среќна сум и исполнета а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години а најавува и нова. Видеото со Чедо го снимивме на една прекрасна плажа во Грција во петтиот месец од мојата втора бременост“ – вели Тамара.
Деновиве Тамара освен што на кратко се врати во студио, ги посветува на семејството, сопругот Александар и ќерката Хана. Нестрплива до породувањето, слично како и за својата прва бременост вели дека нема да заборави на работата, напротив со музика и нови песни ќе го донесе на свет и своето второ дете. За реализацијата на ова музичко парче, Тамара ја обнови соработката со своите стари пријатели и поддржувачи Пелистерка. „Обновената соработка со Пелистерка е уште еден убав момент во целата оваа приказна. Ме радува фактот што оваа успешна македонска компанија застанува зад македонската музика која што периодов не ги живее своите најсветли моменти. “ – изјави Тамара Тодевска, чие видео за новата песна ексклузивно ви го преставуваме во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=Twoz6IBJ0tI&feature=youtu.be]]>

„Фанк шуи“ среде „Виулица… од Сомнежи?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-srede-viulica-od-somnezi-video/ Sat, 28 Apr 2018 09:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23948

Скопското трио „Фанк шуи“ во средата, на 25 април, во „Станица 26“ го промовираше својот нов албум насловен „Импулс“, а претставено беше и новото видео за вториот сингл од изданието, „Виулица/Сомнежи?“.
Станува збор за комплетно авторско дело на Лука, Давид и Мики кои се потпишуваат на музиката, стиховите и аранжманот, а сето тоа го екранизираше режисерот Чедо Поповски.
Освен момчињата од бендот, во видеото се појавува и шармантната Нина Елзесер.
Како изгледа и звучи нивната „Виулица/Сомнежи“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=ZscCz_xm0TY]]>