чеде спасиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Oct 2022 10:50:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чеде спасиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Чеде Спасиќ ја објави првата авторска песна – „Последна и прва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/chede-spasikj-ja-objavi-prvata-avtorska-pesna-posledna-i-prva-video/ Fri, 14 Oct 2022 05:36:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271360

На македонското естрадно небо секогаш има место за квалитетни и талентирани пејачи, а еден таков е и младиот кавадарчанец Чеде Спасиќ, кој вчеравечер најпрво на социјалните мрежи ја промовираше својата прва авторска песна... Станува збор за нумерата со наслов „Прва и последна “, која е дело на добро познатиот авторски тандем Борче Нечовски и Дејан Момороски, однонсно снимена е во студиото „ХЛ студио Момироски“. Во песната свој белег има оставено и гитаристот Дамјан Пејчиновски, додека придружниот вокал го пее Сара Пројковска. Чеде е добро познат на публиката каде настапува, а за тоа говорат и неговите настапи на кои секогаш се бара место повеќе... Тој вели дека едвај чекал да дојде денот да ја промовира песната и да покаже што сработиле заедно со неговата екипа овие неколку месеци наназад... „Долго време бев во потрага по добра песна и мислам дека конечно го најдов тоа, впрочем публиката треба да го каже тоа, но јас верувам многу во овој проект. Презадоволен сум од тоа како течеше соработката со Борче и Дејан, а исто така и од тоа како излезе видеоспотот. Коментарите веќе пристигнуваат на моја адреса и сите, ама буквално сите се позитивни - вели младиот пејач Спасиќ. Инаку како што кажа и Чеде, тој за оваа негова прва авторска песна сними и прекрасен видеоспот во режија на Николај Скерлев и тоа во соседна Бугарија, односно на плажите на Сончев Брег. Младиот пејач вели дека ова е само почеток, дека публиката наскоро ќе има прилика да ја слушне и втората песна, која исто така ја работи со истиот тим. Уживајте во продолжение во видеото за „Прва и последна“(КЛИКНИ ТУКА): ]]>