чаши – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 20 Jan 2023 10:50:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чаши – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Некогаш беше познат српски пејач кој ниже хитови, а сега мие чаши зад шанкот во Барселона: „Немам желба да се вратам меѓу тој полусвет во Србија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-beshe-poznat-srpski-pejach-koj-nizhe-hitovi-a-sega-mie-chashi-zad-shankot-vo-barselona-nemam-zhelba-da-se-vratam-megu-toj-polusvet-vo-srbija-foto/ Fri, 20 Jan 2023 10:50:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285061

Актерката Тамара Драгичевиќ вчера преку Инстаграм покажа како некогашиот пејач и син на Драги Јелиќ од легендарните  „Ју група“ - Алекса Јелиќ, работи како шанкер во локал во Барселона. Музичарот и балетски уметник пред неколку години се преселил во Шпанија, каде што отворил ресторан заедно со братучетките, но доживеал пех уште на самиот почеток на бизнисот. Имено, тој по само три недели морал да го затвори ресторанот поради пандемијата на корона вирусот, многу вложил а не можел ништо да заработи. „Во одредени години се прават одредени потези. Ништо не сменив, затоа што еднаш пејач, цел живот пејач, еднаш балетан, цел живот танчер. Само што додадов уште една моја можност на постоечките, што е мал семеен бизнис“ - рече Јелиќ.   Алекса Јелиќ неодамна откри зошто нема желба да се врати во Србија. „Што се однесува до следниот период, немам желба да ја посетам Србија. Посебно кога гледам во што се претвори државата, луѓето во неа, полусвет од реални шоуа кои стануваат пример за младите, кафеански фолкери кои ги нарекуваат шоу-забавувачи“ - рече тогаш. „Убавините на Барса се добро познати и верувајте дека ми се доволни. На човек не му треба ништо повеќе од ова“. фото: Инстаграм принтскрин/tamaradragicevic/aleksajelicmusic  ]]>

Стаклени чаши и две кујнски ножиња за совршена изведба на „Бор садила мома Евгенија“: Добива ли Македонија во Драги Полизовски наследник на Зоран Маџиров? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stakleni-chashi-i-dve-kujnski-nozhina-za-sovrshena-izvedba-na-bor-sadila-moma-evgenija-dobiva-li-makedonija-vo-dragi-polizovski-naslednik-na-zoran-madhirov-video/ Wed, 18 Jan 2023 08:35:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284685

Познатата македонска срстароградска песна „Бор садила мома Евгенија“, каоја најчесто ја паметиме во одличните изведби на Наум Бурназ, сега  доби нова изведба од страна на еден друг млад македонски музички уметник. Но, овој пат Драги Полизовски не вокално, туку на еден доста невоообичаен и специфичен начин ја донесе познатата песна со инструментална изведба на чаши. Нешто слично на она што го работеше и по што го паметиме за жал, прерано починатиот македонски музички уметник Зоран Маџиров. Оттука и прашањето: Добива ли Македонија во Драги Полизовски наследник на Маџиров? За разлика од другите музички инструменти кои се наменски направени за свирење,  чашите на кои музицира Полизовски  изгледаат мошне идентично. Но, тоа не е проблем за врвниот инструменталист тој да ја отсвири песната автентично, совршено, без грешка и пред се', мошне уникатно. При тоа Драги наместо палки или стапчиња, користи две мали кујнски ножиња. Полизовски е познат музичар, мултиинструменталист кој покрај соло изведбите придружува и многу познати изведувачи на македонската сцена. Македонски музички виртуоз по потекло од Русиново - Берово, кој умее да свири на повеќе од 10 инструментим, меѓу кои и оние народните изворни како гајдата, зурлата, кавалот... Тој досега има соработувано со повеќе познати музички ѕвезди од македонската естрадно-музичка сцена, но е и повеќегодишен  член на групата „Play Band“ со кои соработува и македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Божиновски, кого публиката имаше прилика да го запознае во сезоната 2014/2015. Како звучи легендарната македонска песна „Бор садила мома Евгенија“ во специјалната изведба на стаклени чаши од страна на Драги Полизовски, проследете од видеото во продолжение , кое го сними битолската ТВ Тера во рамките на емисијата „Ритамот на градот“ (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>