час – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Apr 2021 10:24:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png час – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Часот кога сте родени открива многу за вас- погледнете https://arhiva.vistina.com.mk/chasot-koga-ste-rodeni-otkriva-mnogu-za-vas-poglednete/ Thu, 08 Apr 2021 11:45:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198231

Часот на раѓање е особено важен детал за астролозите кои ги прават наталните карти. Но, врз основа на таа информација, преку овој текст ќе можете да дознаете повеќе за она што ве очекува во животот. Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час во денот има своја астролошка фреквенција, а тоа пак влијае на нашиот биоенергетски напон. Мора да се знае дека влијанието на одредени планети наизменично се менува во текот на 24 часа. Имено, воопшто не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или навечер. Некои постапки, ставови и расположенија подобро може да се разберат доколку се знае нумеричката вибрација на часот во кој сте родени. Кругот од 24 часа, поделен е на 6 нумерички станици. Првата станица е помеѓу полноќ и 4 часот наутро. Наредните станици одат пропорционално, на секој 4 часа до крајот на денот. Доколку сте родени во првата станица, вие сте по природа тивки и мирни. Сакате да сонувате и да мечтаете. Имате бујна мечта, но тешко се снаоѓате во вистинскиот свет. Вие сте роден уметник, па затоа луѓето ретко ве разбираат. Ако сте родени помеѓу 4 и 8 часот наутро, ваша одлика е итрината и упорност. Тоа се манифестира на професионален план. Тежнеете да им бидете пример на другите. Постојано се докажувате и го потврдувате својот квалитет. Ако сте родени помеѓу 8 часот и пладне, вие сте многу оптимистична личност. Полни со верба и надеж. Секаде зрачите со несебична љубов и топлина. Чувствителни сте и наклонети кон уметноста и филозофијата. Имате талент кој треба да го развиете. Доколку сте родени помеѓу пладне и 16 часот, ведри сте, полни со енергија и практичните работи се како створени за вас. Добро владеете со вештината на говор, па луѓето уживаат да ве слушаат. Имате голем број таленти, кои е потребно да ги развивате, но одберете ги вистинските кои вам ви прилегаат. Помеѓу 16 и 20 часот, се раѓаат немирните, нескротливите. Динамични луѓе, кои брзо мислат и брзо делуваат. Често менуваат ставови и одлуки и знаат да работат повеќе работи одеднаш. Оние кои не ги познаваат доволно ги сметаат за брзоплети, но тие точно знаат што прават. Родените во последната станица се умерени, упорни и истрајни на сите полиња. Тежат кон тоа да доминираат над ситуацијата. Рационални и продуховени. На околината делуваат како магнет, авторитет се во семејството и помеѓу пријателите. Понекогаш делуваат малку арогантно, но тоа доаѓа од таму што се ценат себе си. извор:курир.мк]]>

Со дигитална конференција за климатските промени, ќе се одбележи часот на планетата Земја https://arhiva.vistina.com.mk/so-digitalna-konferencija-za-klimatskite-promeni-kje-se-odbelezi-chasot-na-planetata-zemja/ Tue, 23 Mar 2021 13:20:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195646

Експерти од различни области ќе дискутираат под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“ на првата дигитална климатска конференција која ќе се одржи оваа сабота (27 март), со почеток во 19:30 часот, а со која виртуелно ќе се одбележи годинашната акција Часот на планетата Земја. На конференцијата премиерно ќе бидат претставени климатските акции на македонците преку презентацијата „Кон зелена иднина со амбициозни климатски акции“ на Павлина Здравева, координатор за климатски промени во канцеларијата на УНДП во Северна Македонија. Дополнително, преку три дебати во кои ќе учествуваат претставници од локалната власт од град Скопје и општина Охрид, претставници од Собранието на РСМ, бизнис секторот и невладините организации, ќе бидат дискутирани теми поврзани со забрзаното уништување на природата и начините како да го промениме нашето живеење за да ја осигураме иднината на планетата Земја. Освен официјалниот дел, во текот на конференцијата ќе биде презентирано и моќно вирално видео преку кое Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) ќе се обидат да испратат порака на надеж, како што успеавме да се прилагодиме да живееме и дејствуваме против пандемијата, на сличен начин да се обидеме да дејствуваме против уништувањето на природата. Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност помеѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со КОВИД-19, оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе алармираме дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета. Конференцијата ќе биде бесплатна за сите заинтересирани граѓани и ќе се емитува во живо на сите социјални канали на Часот на планетата Земја - @EarthHourMK  или на веб страницата https://virtual.earthhour.mk/ - во период од 19:30 до 21:30 часот. Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 27 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. Часот на планетата Земја Часот на планетата Земја е предводник на глобалното движење за животна средина на WWF. Започната во Сиднеј во 2007 година, Часот на планетата Земја стана еден од најголемите движења во светот за животната средина, инспирирајќи ги поединците, заедниците, бизнисите и владите во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат активности за спас на  животната средина. Историски гледано, Часот на планетата Земјата во минатото се фокусираше на климатската криза, но од неодамна, се обидува да го донесе и нагласи прашањето за загубата на природата. Целта е да се создаде незапирливо движење за природата, препознавајќи ја улогата на поединците во креирањето решенија за најгорливите предизвици на планетата.   WWF WWF е една од најголемите и најпочитуваните независни организации во светот за зачувување на природата, со над 5 милиони поддржувачи и глобална мрежа активна во над 100 земји. Мисијата на WWF е да се запре деградацијата на природната животна средина на земјата и да се изгради иднина во која луѓето живеат во склад со природата, со зачувување на биолошката разновидност во светот, осигурувајќи дека употребата на обновливи природни ресурси е одржлива. Посетете ја panda.org/news за најновите извори на вести за медиуми.            ]]>

Пушачите можат да пренесат коронавирус преку чадот од цигарите? https://arhiva.vistina.com.mk/pushachite-mozat-da-prenesat-koronavirus-preku-chadot-od-cigarite/ Wed, 04 Nov 2020 13:45:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174514

Не постојат бројни докази кои укажуваат дека чадот од белите дробови на пушачите кои имаат коронавирус може да зарази друго лице, но американските истражувачи кои се занимавале со ова прашање тврдат дека „со вдишувањето на чадот од цигарите, вдишувате и воздух од нечии бели дробови“, пренесува „Washington Post“. Вилијам Ристенпарт, професор на универзитетот Калифорнија во градот Дејвис, изјавил дека мала е веројатноста честичките од чадот од цигарите да го пренесат вирусот на друго лице. „Тоа е најмногу поради фактот дека топлината од цигарата веројатно го убива вирусот“, изјавил Ристенпарт. Меѓутоа, постојат мали причини за загриженост околу заразувањето ако вдишете чад од нечии бели дробови - респираторните честички, преку чадот се движат кон вас. „Ако почувствувате чад од цигари кој некој го исфрлил од белите дробови, тоа значи дека го вдишувате и воздухот кој се наоѓал во овој орган на пушачот. Тоа значи дека би можеле да ги вдишете и неговите респираторни честички полни со вирусот, кои се состојат од респираторен слуз, а не од пепел“, додал професорот. Денес е јасно дека коронавирусот се пренесува преку капки, но и по воздушен пат. Она што е исто така извесно е тоа што пушачите мора да ја тргнат заштитната маска при пушењето цигара. Самиот престој околу лица кои не носат маска е ризик сам по себе, а уште полошо е тоа што пушачите посилно го исфрлаат воздухот од белите дробови, дувајќи го чадот. „Некој кој не пуши исфрла респираторни честички до 2 метри, но чадот од цигарата кој пушачите го исфрлаат може да патува и до 4 метри“, изјавил Херман Гацамбид, пулмолог од Орландо. Алберт Рико, шеф на американската пулмолошка служба, вели дека пушачите „не само што потенцијално можат да го шират вирусот, неносејќи маска, туку исфрлаат и капки во околината со кои можат да ги заразат останатите“. извор:точка.ком.мк]]>

Македонската естрада се обединува за часот на планетата Земја https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-obedinuva-za-chasot-na-planetata-zemja/ Sat, 28 Mar 2020 11:51:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141985

По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20.30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ светот, ќе ги исклучи светилките со цел испраќање силна порака за спас на нашата планета. Од Часот на планетата Земја повикуваат годинава, наместо од улиците, да се обединиме во своите домови и заеднички да покажеме дека сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно. – Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталма основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени, информираат организаторите. Во својата мисија, како што се наведува во соопштението, Часот на планетата Земја секогаш ја потенцира моќта на луѓето и затоа здравјето и благосостојбата на нивните поддржувачи секогаш биле на првото место. По тој повод, вечерва и македонските пејачи и инфлуенсери во 20:00 часот преку инстаграм-сесија ќе остварат заедничка онлајн дружба дома, а потоа во 20:30 часот заеднички ќе ги исклучат светилките со цел испраќање силна порака за спас на планетата. – Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едно и полчасовниот спектакл на нашиот инстаграм-профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други, соопштија од иницијативата Часот на планетата Земја и испратија апел до другите естрадни личности да го прифатат овој еколошки предизвик. Оттаму посочуваат дека сега е време за почитување на правилата и на солидарност. Мора, порачуваат, да си се чуваме едни со други, мора да направиме нашиот глас да биде слушнат за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.
]]>