чарлс трети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Feb 2024 06:52:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чарлс трети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На британскиот крал Чарлс Трети му е дијагностициран рак (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-britanskiot-kral-charls-treti-mu-e-dijagnostitsiran-rak-foto/ Tue, 06 Feb 2024 06:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337545

На кралот Чарлс Трети му е дијагностициран „еден вид рак“, соопштија од Бакингемската палата.
Не станува збор за рак на простата, но ракот е откриен при неодамнешниот третман на зголемен прстата на кој Чарлс Трети беше подложен неодамна. Уште не е познатно за кој тип на рак станува збор, но кралот започна со „редовни третмани“ веќе во понеделникот, соопштија од палатата.

Кралот е „сосема позитивен  за третманот и се радува што ќе им се врати на јавните должности што е можно поскоро“, соопшти од Бакингемската палата.

Неговите обврски во јавноста се одложени и се очекува другите членови на кралското семејство да ги извршуваат должностите наместо него во текот на медицинското лечење.
Во неделата Кралот Чарлс Трети беше на служба во црквата во Сандринген и е виден  како им мавта на присутните. Пред повеќе од една недела во една приватна болница во Лондон, на кралот му беше извршена операција на простатата. Кралот одлучи да ја извести јавноста за третманот со цел да ги охрабри мажите на редовни контроли, соопштија тогаш од Бакингемската палата. Чарлс Трети беше одушевен од реакцијата на неговата објава, а на интернет страницата на британската здравствена служба е објавено дека се зголемил бројот на пријави за преглед на простата. Фото: printskrin/instagram/hmkingcharlesiii
]]>

Голем пресврт во кралскиот двор: Главни актери се кралот Чарлс и принцот Хари, но за Меган Маркл нема место (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/golem-presvrt-vo-kralskiot-dvor-glavni-akteri-se-kralot-charls-i-printsot-hari-no-za-megan-markl-nema-mesto-foto/ Wed, 23 Aug 2023 08:09:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314917

Кралот Чарлс и принцот Хари би можеле да се сретнат на мировни преговори веќе следниот месец, но Меган Маркл не се очекува да биде таму, тврди кралски извор. Принцот Хари треба да лета за Калифорнија преку Лондон кога ќе завршат „Игрите на непобедливите“ во Германија. И кралот и војводата од Сасекс ќе бидат во Лондон, што значи дека би можеле да се сретнат со надеж дека ќе ги поправат семејните тензии. Извор од палатата изјавил дека кралот Чарлс ќе се врати од Балморал во средината на септември и се очекува да отпатува за Франција до 20 септември. „Кралот Чарлс треба да се врати во Лондон од Балморал во средината на септември, што се совпаѓа со крајот на патувањето на Хари во Дизелдорф. Кралот има презакажана официјална посета на Франција на 20 септември, па има неколку слободни денови во Лондон за да се сретне со својот син. Персоналот се обидува да ги прилагоди деталите“. Ако се сретнат, тоа ќе биде првпат да се видат по крунисувањето на Чарлс во мај. Сепак, тоа ќе биде прва средба лице в лице меѓу таткото и синот откако во јануари беа објавени контроверзните мемоари на Хари. Меган не се очекува да биде на овие разговори, но таа ќе биде на „Игрите на непобедливите“ со Хари.Мирор“ стапи во контакт со Бакингемската палата и Сасекс за коментар. Војводата и војвотката од Сасекс треба да излезат на сцената за време на церемонијата на затворање на игрите во Дизелдорф, Германија, следниот месец. 38-годишниот Хари ќе го одржи својот проштален говор на церемонијата на затворање на настанот, што ќе се одржи во Меркур Шпил-арената на 16 септември. Фото: Принтскрин/ЕПА-ЕФЕ/Профимедиа]]>

Чарлс стана крал, а Камила кралица на церемонија водена по традиција стара со векови (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/charls-stana-kral-a-kamila-kralitsa-na-tseremonija-vodena-po-traditsija-stara-devet-veka-video/ Sat, 06 May 2023 12:56:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300882

Британскиот крал Чарлс Tрети беше крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија со круната на Свети Едвард ставена на главата, моментот обележан со плотуни низ Обединетото Кралство. Чинот на крунисувањето се одржа на половина од двочасовната церемонија предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби. Пред тоа, Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе ги почитува законите и Англиската црква за време на неговото владеење и дека е „верен протестант“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

По седнувањето на историскиот крунисувачки престол, на кралот му бил врачен кралскиот меч за да ги заштити правдата, Црквата и народот, а доби и други кралски обележја, како што се жезло, палка, златно јаболко, ракавици и прстен. Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица. Традиционално, членовите на благородништвото и кралското семејство треба да клечат пред кралот, да му оддадат почит и да му ја бакнуваат десната рака. Но, за Чарлс Трети тоа ќе го направи само неговиот син, принцот Вилијам. По Чарлс ќе биде крунисана и неговата сопруга Камила, иако нема да мора да положи заклетва.
 
Во последниот дел од церемонијата, кралот и кралицата ќе се причестат, што е главниот дел од христијанската црковна служба. Тие ќе се симнат од своите престоли и ќе влезат во капелата на Свети Едвард, која се наоѓа зад главниот олтар. Таму, Чарлс ќе ја соблече Едвард и ќе ја стави царската државна круна, која, на пример, се носи на отворањето на годишната седница на Парламентот. Потоа ќе се приклучат на поворката што ја напушта опатија, придружена со националната химна. Крунисаната двојка потоа ќе се врати во Бакингемската палата по истиот пат. По крунисувањето, низ улиците на главниот град започнува парада на илјадници војници и коњаници. фото/видео: Инстаграм/theroyalfamily]]>