чад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Apr 2023 13:02:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Катарина Ивановска, сега и Перо Антиќ од „Жешко столче“ ги подгреа чаршиските муабети дека има нешто меѓу нив: „Кај што има чад, секогаш има и оган“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/po-katarina-ivanovska-sega-i-pero-antikj-od-zeshko-stolche-gi-podgrea-charshiskite-muabeti-deka-ima-neshto-megju-niv-kaj-shto-ima-chad-sekogash-ima-i-ogan-video/ Fri, 26 Feb 2021 07:48:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191508

Последните неколку дена во домашните медиуми се пишува дека македонскиот модел Катарина Ивановска не е заедно со својот партнер Цобе со која има две деца. Исто така се пишуваше дека наводно Ивановска не чекала да си најде ново момче. Станува збор за претседателот на кошаркаркаската федерација на Македонија, Перо Антиќ. Дополнителен жар на оган е ласкањето во коментари кое осамнува под објавите на Инстаграм на Кики и Перо. Исто така, чаршиските муабети се зголемија кога во  еден скопски ресторан се најдоа: Тамара Тодевска, сопругот Александар, Катарина и Перо, па иако фотографиите беа објавени одделно,  јасно беше дека се дружеле на исто место и во исто време. Катарина неодамна гостуваше во „Жешко столче“, а на прашањето дали дресот со број 6 и е омилен, а таа не баш сакаше да одговори и само кусо со симпатична насмевка рече: „Види, каде што има чад има и оган. Тоа е ха, ха, ха…“ https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/manekenkata-od-zeshkoto-stolche-gi-podgrea-muabetite-dali-katarina-ivanovska-i-pero-antikj-se-vo-ljuovna-vrska-video/ По моделот, и Перо Антиќ седна на „Жешко столче“, а на прашањето дека единствена девојка која ја прошетал по разводот е девојката која одела по модни писти и дали е точно дека „каде што има чад има и оган“ (изјавата на Кики)“, Перо одговори: „Кај што има чад секогаш има оган, но не знам за кои писти зборуваш...Колку што можам ја следам модата“ - одговори Антиќ не сакајќи многу да ги коментира гласините. Тој истакна дека не му пречат трачевите за него, но му пречи кога ќе снема имагинација. Дали меѓу Катарина и Перо навистина има нешто или сето тоа е само во доменот на скокотливите муабети на чаршијата, останува да видиме?! Потсетуваме, Перо Антиќ пред повеќе од две години се разведе од сопругата Ружица со која има три деца, а Катарина и Цобе не стапија во брак , но имаат две деца, син и ќерка.]]>

Огнен Здравковски отворено и се додворуваше, порталот побрза да ги прогласи за љубовници, ама Ноне и на едните и на другите… јавно „им го плесна в лице“! https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-javno-i-se-dodvoruvashe-portalot-pobrza-da-gi-proglasi-za-ljubovnici-ama-none-i-na-ednite-i-na-drugite-im-go-plesna-v-lice/ Fri, 14 Aug 2020 08:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163275

Естрадата, социјалните мрежи и порталите - свето тројство,  во „чудна симбиоза“, кое последниве години, со појавата на последниве два начини на комуникација и извори на информација, ја доведоа целата ситуација во таков заплет, што понекогаш ни самите не можат да се отплеткаат во конците што ќе ги „замрсат“! Најновиот пример - најдобар доказ како потврда на непишаното правило. Или барем така се обидоа да го прикажат, а при тоа и самите да се излажат... Или барем залажат. Имено, на младиот македонски пејач Огнен Здравковски, откако добро помина на музичкиот натпревар во „Ѕвездите на Гранд“ му порасна популарноста, па му „скокнаа и акциите“... А со тоа и самодовербата! Во моментов Огнен има нова песна и видео „Љуби ме“, ама и за жал, има и корона, односно е позитивен на вирусот Ковид-19, па мора да се лекува во самоизолација. Но, тоа не значи дека е отсечен од јавноста, зашто социјалните мрежи му се при рака за комуникација со „остатокот на светот“. А токму од целиот свет, Оги ја најде некогашната колешка, најшетаната велешанка Нона Неделковска, која заради силата на нештата со корона пандемијата, наместо на прекуокенаските крузери да го крстосува светот, како што тоа го прави послединиве 6-7 години, сега мора да седи дома - во родниот Велес. А кога си дома и без обврски, здодевноста и монотонијата меѓудругото ги разбиваш со „прошетка“ по социјалните мрежи на кои двете сродни, распеани души се среќаваат. И тука почнува нивната комуникација, проследена со обид за присна блискост од страна на помалиот по години, кон помалата по висина. Имено, Огнен почнува „на шега, на смеа“ ( иако во секоја шега и половина вистина има), јавно да и се додворува на Ноне. Комплименти, „срциња“, „јаготки“, „детелинки“, „бакнежи“ и какви ли уште не емотикони се разменуваат од обете страни, особено од „загреаниот распеан клинец“ кој отворено почнува да покажува симпатии кон македонската музичка џепна венера. Тоа еден македонски портал го забележува, па како што самите објавиле, по принципот: „Каде што има дим има и оган“, побрзале Оги и Ноне да ги прогласат за момче и девојка, односно за нова естрадна љубовна двојка!? Арно ама... Како прво, „дим“ има од Табановце нагоре, а кај нас има „чад“... А и не секогаш „каде што има чад, има и оган“! Зашто, како што вели една друга поговорка: „За танго се потребни двајца“! И додека младиот пејач така „подзапален“  се обидува да го разгори љубовниот оган, а порталот веќе прогласи „љубовен пожар“, Ноне набрзина направи и едниот и другиот „да исчурат“. Имено, екс пејачката само со еден, единствен Фејсбук  коментар „ги олади“, со тоа што и на едните и на другите отворено „им го плесна в лице“: Ќе ве молам да не ширите дезинформации!“ - културно ги предупреди велешанката, давајќи им на знаење дека кога е таа во прашање, за својот емотивен живот, самата одлучува!    ]]>

Кога Хелена Топаловиќ наргилето го пуши, на мажите им излегува „чад низ уши“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-helena-topalovikj-nargileto-go-pushi-na-mazite-im-izleguva-chad-niz-ushi-foto/ Tue, 14 Jul 2020 11:24:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158731

Ќерката на популарниот пејач Милан Топаловиќ- Топалко, фото моделот Хелена Топаловиќ не остава никого рамнодушен со својот атрактивен изглед. Особено кога ќе се соблече, раскомоти и разголи, многумина главата ги боли... Се разбира од погледот на неа и нејзиното секси тело, кое така смело го покажува заедно сосе бујните облини. Но, Хелена со туѓите погледи нималку не е оптоворена, зашто оваа надарена убавица знае што со располага, иако своите адути не ги полага само на раскошната убавина, туку и на умот и образованието кое неодамна го стекна откако дипломираше на „Деловно-правниот факултет“ во Белград. Сепак, лето е, па оваа популарна дама реши малку да се опушти и себе си си приушти двојно задоволство. Уживање во убавините на денот со пушење наргиле во базенот. Токму таму,поточно во отвореното џакузи  во неколку жешки пози убавицата беше фотографирана и снимена. И додека таа и нејзината секси другарка во костими за капење минуваа низ нова летна авантура, Хелена ја покажа својата совршена фигура. Влажното тело само уште повеќе ги нагласуваше нејзините бујни, секси облини, додека расната убавица задоволно повлекуваше од запаленото наргиле ставајќи го во сочните напумпани усни. А, кога гледаат како влажната Хелена наргилето го пуши, на мажите им излегува „чад низ уши“!    ]]>

По Игор Џамбазов и Илина Арсова, Елена Велевска и Перо Антиќ: Каде што има чад, има (ли) и оган? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-igor-dzambazov-i-ilina-arsova-elena-velevska-i-pero-antikj-kade-shto-ima-chad-ima-li-i-ogan-foto/ Fri, 29 May 2020 06:57:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151728

Долгата изолација, карантинот ли или корона пандемијата не научи да цениме многу повеќе некои животни вредности или пак животното искуство не учи после долги години и се' што низ животот ќе поминеме, да се однесуваме и да бидеме поинакви кон другите? Или можеби станува нова мода кај нас, познатите личности да влегуваат во љубовни романси  едни со други, „на стари години“? Ова прашање деновиве си го поставуваат многумина, откако на социјалните мрежи и личните профили почнаа да осамнуваат фотографии на познати двојки кои и пред да се запознаат биле популарни, биле некој и нешто во државата и надвор од неа, во различни области. Но, пред тоа или само едвај се познавале или знаеле еден за друг, но никогаш не се сретнале, а сега одненадеж еве ги „во блиска средба од трет вид“ на заеднички фотографии? Актер, шоумен, водител, пејач... и планинарка, а веднаш по нив, слична слика и прилика: бивша кошаркарска ѕвезда и фолк пејачка  на заедничка слика?! Пред некој ден Игор Џамбазов и Илина Арсова, а сега од нигде никаде и Перо Антиќ и Елена Велевска!? Необично, чудно и повеќе од „сомнително“, велат едни... Ништо не е случајно, сомничаво вртат со главата други. До душа, на чаршијата отсекогаш и била полна устата со секакви муабети, та биле  или не биле вистина или биле само обичен трач, но сепак... Прашањето што го наметнуваат ваквите ненадејни „средби“ овековечени на зедничка слика е дали фотографиите се само за спомен и долго сеќавање или зад фотографијата „искрат искри“ кои (ќе) резултираат и со малку поинаква „радост и задоволство“ од чинот на запознавање и кратка дружба со славниот колега или колешка од светот на познатите?! Иако официјално не ја потврдиле својата романса, Џамбазов и Илина, можеби се' уште не се љубовници во вистинска смисла на зборот, но очебијно е дека се „многу повеќе од пријатели“! Или што би се рекло во фаза на „испитување на силите“! Нешто како нови чевли... Точни ти се, ама сепак - кнап! Додека не легне ногата во калапот! Ако легне!? Кај бившата НБА ѕвезда и фолкерката „фото шокот“ е тазе... Барем за јавноста! Перо Антиќ и Елена Велевска според информациите само се запознале, а според нејзините зборови на нејзините деца перо им бил омилен лик... Ама и на НЕА! Инаку официјално, обајцата се соло, по нивните разводи, а Велевска и јавно изјавува дека е слободна и сама! Барем до скоро...! Како и да е, едно останува несомнено да лебди во воздухот: Дали аморовите стрели одново ги погодија познатите? Или што би рекле: „Каде што има чад, има (ли) и оган?“ Фото: Инстаграм]]>

Траорни сцени на местото каде што загина легендата Коби Брајант (ФОТОГАЛЕРИЈА) https://arhiva.vistina.com.mk/chad-ogan-pepel-traorni-sceni-na-mestoto-kade-shto-zagina-legendata-kobi-brajant-fotogalerija/ Sun, 26 Jan 2020 21:00:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131029

Планински предел, расфрлан парчиња метал јагленисани дури до непрепознавање, чад, пепел и голем број пожарникари кои се обидуваат да спасат барем нешто од хеликоптерот кој денеска се срушти во местото Калабесас во близина на Лос Анџелес во кој загина еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Првичните информации велат дека тој беше е идентифициран како жртва на овој пад, додека со него биле уште четворица чии имиња сѐ уште не се објавени. Полицијата најави прес-конференција за 11 часот вечерва по македонско време кога ќе ги објави првите детали поврзани со шокантната вест во светот на спортот.   Извор: Спорт1]]>

ЈП Македонски шуми во „партнерство со природата“… го отруја Скопје! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jp-makedonski-shumi-vo-partnerstvo-so-prirodata-go-otruja-skopje-foto/ Fri, 07 Dec 2018 09:37:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61882

Загадувањето во градовите низ Македонија, особено во Скопје  станува вечна тема... бесконечна! Еден ден 5- -10% подобрување зашто дувнало ветре - развигорче, другиот ден 500% гушење... ни ураган не ни помага! Ресорниот министер и скопскиот градоначалник упорно пробуваат да измислат „топла вода“, нагаѓајќи кој е виновен а кој не, кој е помал, а кој поголем загадувач, „возејќи не“ со лепенка решенија од типот: кој да вози, кој да не вози!?
При тоа, никако да фрлат поглед што им се случува во сопствениот двор, на сопствениот „паркинг“?! А таму парадокс - парекселанс! Тие што треба да бидат симбол за чист воздух и здрава животна средина, што управуваат со „белите дробови“ на градот и околината, истиот го отруја! Во партнерство со истата таа таа природа, како што им гласи и слоганот! ЈП „Македонски шуми“ денес, 7-ми декември, наутро, околу 9 часот...
Сместени во кругот на МЗТ,  од нивните оџаци излегуваат тешки црнила.
Кој знае на што ли се греат, што ли горат...? Зашто вака чади само чад од гума, пластика, каучок...?
Па, ако дрвото им е гратис, барем изборот може да им биде умен и со усул. Или навистина горат дрво, ама дрво полно со смола! Ела, смрека, бор..., што ли?
Ало директоре, па не отрувте бре и тоа точно „во партнерство со природата“! Кога одите на работа, ако ви се таму канцелариите, кренете малку глава нагоре за да видите што и правите на природата... На истата таа, на која  и се декларирате за нејзин партнер... А на партнерот „мајчето му го плачете“... Нему и на сите нас!
А кога ќе им ја види човек насловната страница од официјалниот веб сајт, ставиле фотографии, чиниш среде ливада или шума се лоцирани, среде некој национален парк се наоѓаат... Ама фотографиите од реалноста и реалната штета што ја предизвикуваат, па уште и лошиот пример што го даваат се она што „шумарите од јавното“ всушност се: уништувачи на истата таа природа, за која декларативно се залагаат! Срамота и греота... Та оџакот што испушта црнила бил или не бил нивен, сеедно... Над главата им чури!
]]>