ча-ча – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Sep 2019 07:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ча-ча – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Адријан Гаџа стана угостител: Зошто пејачот одбра „старо“ име за новиот ресторан!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/adrijan-gadza-stana-ugostitel-zoshto-pejachot-odbra-staro-ime-za-noviot-restoran-foto/ Mon, 23 Sep 2019 07:44:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108320

Адријан Гаџа, македонскиот пејач со албанско потекло деновиве на локацијата на новотворениот мол на отворено „Point Retai Park“  во населбата Скопје - Север отвори луксузен ресторан на површина од 300 м2. Кујна од отворен тип, различни амбиенти и интимни катчиња за седење и кафе дружба,  се само некои од сегментите на ултралуксузниот локал уреден по најсовремените и најмодерни светски стандарди. Таков ќе биде и изборот на гастрономската понуда, која ветува многу разновидни специјалитети, пици, пасти, тестенини, бургери... па се до готвени специјалитети, повеќе врсти на салати и секако, десерти! „Решивме со моето семејство да отвориме ресторан во кој ќе има вкусна храна, пријатна атмосфера и супер услуга. Пред неколку дена беше отварањето и си поминавме супер. Јас и покрај ова ќе си продолжам да си работам на мојата кариера, веќе имам подготвено неколку песни и само чекам вистинско време да бидат пуштени во етер“ – изјави Гаџа, кој  при изборот за тоа како да се вика ресторанот, Гаџа го одбра „старото“ име „Ча - Ча“.   Имено, малкумина знаат дека семејството на пејачот и претходно се занимаваше со угостителство, па „Ча - Ча“ беше името на едно од култните кафулиња во Старата скопска чаршија, кога чаршијата кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите години беше нај „ин“ место за излегување во Скопје. Кафулето „Ча - Ча“ беше место каде се собираше голем дел од скопскиот крем, а него го водеше и менаџираше токму вујкото на Адријан Гаџа, Кујтим. Подоцна тој и пејачот го држеа и кафулето „Корнер“  во центарот на Скопје, карши Соборниот храм, кое за жал, брзо згасна. Дали од носталгија по старите добри времиња, кога бизнисот, добрата дружба и уште подобрата забава до рано наутро во Скопје одеа рака под рака, или заради зачувување и продолжување на некаква семејна традиција, Адријан Гаџа и семејството на новиот ресторан му го дадоа старото име -  „Ча - Ча“!  ]]>