цеце николова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Jul 2022 08:24:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цеце николова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Искрено со новинарката Цеце Николова: „Ме вознемирува повикот на мајка ми, не можам да бидам сега ќерка на жената која ме оставила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/iskreno-so-novinarkata-cece-nikolova-me-voznemiruva-povikot-na-majka-mi-ne-mozam-da-bidam-sega-kjerka-na-zenata-koja-me-ostavila-video/ Mon, 11 Jul 2022 06:11:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257983

За животната приказна на новинарката Цеце Николова вреди да се зборува. На две години по пријава од граѓани, центарот за социјална грижа во Велес ја земале од татко ѝ алкохоличар, оти мајка ѝ ја оставила и си заминала. Дел од детството го поминала во згрижувачко семејство во село Манастирец и од таму ги носи најголемите трауми.
„Тука беше мојот хорор. Ме чуваше една жена. Имаше и едно глувонемо девојче, не сакам ни да помислам што сè трпело“, раскажува Цеце за деновите минати во згрижувачкото семејство. Во Манастриец дошла мајка Наташа, која немала деца и ја земала. Ја однела во СОС детско село, се грижела за неа, ѝ била сè. Како дете првпат дознала дека има алопеција, болест заради која ѝ требало години за да се прифати себеси. По 10 години, конечно се сака себе без перика и без страв дека поинаку ја гледаат.   „Не беше лесно да се оди по овој пат.  Но да се вратам назад, алопецијата е болест која им ја одзема самодовербата на луѓето. По 10 години колку што носам перика, требаше време за да ја тргнам. Да се засакам ваква каква што сум, со сите мои мани. Порано ме плашеа сите чудни погледи, ама денес веќе тоа не ме допира“, раскажува Цеце, која е новинар во „Точка“. Се присети на тешките мигови низ кои минувала откако дознала за болеста. Од тинејџерските денови, студентските. Вели: „Најтешко ми беше кога одев на танц. Јас сум танчерка. Девојките ги правеа косите, најубавото нешто на свет,  а јас бев без коса и не можев“. Зборуваме и за животот без родители. „Татко ми и денес е алкохоличар, ме земале од него, оти кој знае што сè гледале тие што пријавиле. Мајка ми пак, ме оставила кај него. И двајцата се живи и си имаат фамилии. Мајка ми, едноставно не можам сега да ѝ бидам ќерката што таа некогаш ја оставила. Само кога ќе видам ми ѕвони на телефон, тоа ме вознемирува, денот ми е уништен“, искрена е Николова за „Репортер“. Има и полубраќа и полусестра, па на шега вели: „Абе знаеш, сите ние сме ти едно многу среќно семејство“. Светлата точка е мајка Наташа заради која денес и се сака себеси и е свој човек. Тука се и пријателите, сите оние кои ја сакаат и заради кои не се чувствува сама. Денес Цеце го има здружението „4-YOU - За тебе'. Се грижи за децата без родители, а неодамна успеа да им обезбеди и летување. „И денес кога одам во СОС детско село во многу од нив се гледам себе. Некои работи никогаш не можеш да ги забораваш“, искрена е таа. Низ живиот на Цеце Николова, борбата со алопецијата, животот без родители и траумите, но и светлата точка на крајот од тунелот. Гледајте го интервјуто.
]]>

Македонската ТВ водителка и новинарка Цеце Николова реши да ја соочи јавноста со нејзината реалност: „Ова сум јас“ – храбрата и силна девојка сврте нов животен лист (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-tv-voditelka-i-novinarka-cece-nikolova-reshi-da-ja-soochi-javnosta-so-nejzinata-realnost-ova-sum-jas-hrabrata-i-silna-devojka-svrte-nov-zivoten-list-foto/ Mon, 29 Mar 2021 07:17:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196269

Неа сигирно сте ја виделе некаде на ТВ екраните, на некоја од телевизиите на кои досега работела или пак нејзиното име сте го прочитале под написите и интервјуата на еден од најстарите македонски портали - Точка. Цеце Николова е млада девојка, ТВ водителка и новинарка која целиот свој живот се бори самата со предизвиците кој тој ги носи уште со нашето доаѓање на овој свет. Детството го поминала како жител на „СОС - Детското село“ во Скопје, за кога ќе стане доволно возрасна и бвуквално самата да се соочи со најважните животни одлуки и прашања: „Што и каде сега, по 18-тата година?“, предизвик кој го имаат сите деца кои пораснале без родители, а системот законски само до тука може да им помогне. Токму затоа покрај новинарската и водителската работа покрај во споменатиот портал, однеодамна и во ТВ Алфа, Цеце Николова е основач и претседател на здружението „За тебе“ кое токму на децата без родители по 18-тата кои не се пронашле себе си во системот, се обидува да им помогне и да ги усмери, да го најдат својот професионален и животен пат, како и сите останати луѓе. Слатка, весела, насмеана,  секогаш расположена и позитивна и покрај се', Цеце навидум делува како девојка без многу грижи. Но, зад таа условно речено „маска на безгрижноста“ , всушност се крие и проблемот, односно една врста на скриена тајна, која младата и храбра девојка со години ја носи во себе... Или поточно на себе, односно се соочува со состојбата која во медицината се нарекува - „алопеција“ или народски, опаѓање и губење на косата. Состојба што е  предизвикана од наследен фактор,  стрес,  хормонски промени, користење разни лекови и медикаменти, неправилна нега..., а  создава проблеми, пречки, комплекси... Особено кај младите девојки и жени, кои косата ја сметаат за важен дел од сопствената женственост и убавина! Токму со овој проблем Цеце откри дека соочува оддамна... Како што вели, откога знае за себе. И онаква, каква што до сега јавноста ја познава е всушност таа, но со своите перики на себе. Затоа ТВ водителка и новинарка Цеце Николова реши да направи храбар потег и да  ја соочи јавноста со реалноста, со онаа - својата. Храбрата и силна девојка сврте нов животен лист  покажувајќи го својот нов лик, оној каков што всушност го носи заедно со својата неизмерна убавина на себе. Ја симна периката, направи неколку фотографии, ги сподели на своите профили на социјалните мрежи и испрати силна и многу важна порака до сите оние кои сопствената „различност“ ја сметаат за недостаток, комплекс, се кријат и срамат од себе си: „Нема поубаво од она кога ќе се прифатиш каков што си“!
„Хај. Мала дигресија. Сакав да ви кажам нешто. Ова сум јас. Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка. Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се случилло. Оотсекогаш.Пркни малку, падни многу, пркни повеќе - падни највеќе. 2021-ва дојде. Јас, еве, се фотографирам без перика. Ова сум јас, луѓе.Малку се преморив од перики и се' што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) - мрежата се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној забележал, онаа рекла се занесувам нешто...Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала Богу што изгледам како што изгледам.
Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих - заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист. И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си. Ама нека не ве лажат, лесно не е ич“ - напишала Цеце покрај споделените фотографии на кои изгледа толку привлечно и женствено, што навистина периките се вишок! И иако не е воопшто лесно, чекорот кој го направила не е само  вртење на нов животен лист, туку и нов лик на „другата во неа“, онаа вистинската Цеце Николова, пример за почит, но и предводник на сите останати кои се двоумат да направат ист или сличен чекор. ]]>