цд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2023 08:11:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нокаут“ го промовираа новиот албум: „Што бараш ти во мојата песна?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-go-promoviraa-noviot-album-shto-barash-ti-vo-mojata-pesna-foto/ Tue, 17 Oct 2023 08:38:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322590

Еден од најдолговечните но и најпопуларни бендови на македонската музичка сцена, групата „Нокаут“  вчеравечер, понеделник, 16. октомври 2023 година, во една позната скопска пивница во „Дебар Мало“ го промовираа својот нов, 4-ти по ред студиски албум, насловен „Што бараш ти во мојата песна?“  Пред многубројните преставници на македонските медиуми, пријателите, колегите и полниот локал гости, Пере и екипата го претставија најдоброто од својата креативна работа во последниве 10 години, во вид на компилација од 14 одбрани песни кои досега не се нашле на носач на звук во последната деценија. Промоцијата ја отвори музичкиот новинар и водител Антонио Димитриевски кој на своевиден начин ја раскажа приказната за историјата на бендот во неколку реченици, во чии зборови беа вткаени насловите на најголемите хитови и нaјважни песни на „Нокаут“. Вистинска поп-рок сага за Пере и дружината низ која ко со временска машина промотерот ја водеше приказната... Oд АБЦ до последен здив... За нивната позитивна музичка фатална опсесија, нивните песни да им припаднат на оние заради кои бендот и постои - нивната пубика која и оваа вечер се радуваше со нив. Особено по појавата на фронтменот Никола Перевски Пере на сцената, кој по воведниот поздрав и топлите зборови на благоарност и до присутните и до сите оние што придонеле новиот албум да звучи и изгледа како што изгледа, заедно со екипата од бендот отпаршија 4-5 нивни нумери. Со тоа „Нокаут“ атмосферата за миг ја претворија во клубска журка по која никоја не зажали што се нашол  таму, ниту пак се запраша: „Што бараш ти во мојата песна? Зашто секоја отсвирена нота на бендот, секој тон и рефрен, беше дел од нивната песна, заради која вечерта се тука! Но, креативно богатиот период за „Нокаут“ не завршува тука! Покрај промоцијата на албумот, бендот ги најави и анплагд концертите во Македонска филхармонија на 10. и 11. ноември, од кои првиот веќе експресно е распродаден уште првиот ден откако билетите беа пуштени во продажба. „Почитувана публико, Ви Благодариме! Концертот во Македонска Филхармонија е распродаден уште на првиот ден. Бидејќи интересот е сѐ уште голем, закажавме втор концерт за САБОТА 11 НОЕМВРИ. Билетите се веќе во продажба на следниов линк:  https://mktickets.mk/event/nob2/“  - стои во објавата на групата. На вас е дали и таа вечер ќе се најдете и вие во нивната песна?]]>

Престижното британско музичко списание „Грамофон“ за ЦД на месецот го прогласи новиот албум „Варијации“ на Симон Трпчески https://arhiva.vistina.com.mk/prestiznoto-britansko-muzichko-spisanie-gramofon-za-cd-na-mesecot-go-proglasi-noviot-album-varijacii-na-simon-trpcheski/ Mon, 30 May 2022 12:43:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252435

Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на нашиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, во избор на уредникот Патрик Ракер. Трпчески за своето најново соло издание (трето за издавачката куќа „Лин рекордс“) избра дела од Моцарт, Бетовен и Брамс. Рецензентот на „Грамофон“ за новото издание истакнува дека во исто време ќе предизвика восхит и зачуденост. Ракер во поширокиот осврт, меѓу другото истакнува: „… интерпретацијата на Трпчески на оваа деликатна, нежна музика (од Брамс – н. заб.) е најличното свирење што сум го слушнал од него. Длабоко тапациран, секако, но во исто време јасен, жесток и искрен… целата варијација (од Моцарт – н. заб.) е како виор низ прозорецот на возилото кое забрзано се движи по автопатот со безмалку 130 километри на час… изведбата на Трпчески овде (за Бетовеновите варијации – н. заб.) може да послужи како саундтрак за научно-фантастичен филм на Андреј Тарковски…“, одушевено подвлекува критичарот на највлијателното светско списание за класични рецензии „Грамофон“, информира КултурОп. Максимални пет ѕвездички – и за изведба и за квалитет на снимката, на албумот „Варијации“ му додели и престижниот британски „Би-Би-Си Мјузик магазин“, чиј рецензент Мајкл Чрч ја истакнува „карактеристичната префинетост на Трпчески“, подвлекувајќи ги убавината и лесниот допир кои изведбата „во исто време ја прават интимна и земјотресна“. Критичарот Ален Ломпеш од францускиот магазин „Класика“, пак, истакнува дека „македонскиот пијанист Симон Трпчески прави да не се фокусирате само врз музиката, туку овие варијации стануваат и вистински лекции за стил“, благодарение на, како што вели, „крилестата виртуозност“ на пијанистот. По рециталните настапи во Соединетите Американски Држави, концертите со Кралскиот шкотски национален оркестар низ Шкотска и четирите вечери со Сиднејскиот симфониски оркестар во Градската куќа во Сиднеј, јунскиот распоред на нашиот пијанист го води на завршницата на сезоните на Филхармонискиот оркестар на Рочестер во САД, каде со шеф-диригентот Андреас Делфс ќе го изведат Концертот за пијано и оркестар од Григ и на Енеску филхармонијата во Букурешт, каде што во две вечери под диригентската палка на шефот-диригент и на Македонската филхармонија Габриел Бебешелеа ќе го изведат Вториот концерт за пијано и оркестар од Брамс. Крајот на јуни е резервиран за нов заеднички концерт со легендарниот виолинист Максим Венгеров во Белград. Во текот на јули Трпчески ќе одржи рецитал во Загреб, а ќе настапи и крај Тулуз, Франција, на малиот Фестивал на камерна музика во организација на нашиот доајен, виолинистот Благоја Димчевски. Следуваат концертите со „Македонисимо“ – северноамериканската премиера во Отава и повторните гостувања во Пјонгчанг во Јужна Кореја. Завршниот концерт од сезонава е во рамките на Грент парк музичкиот фестивал во Чикаго.]]>

Промоцијата на новото ЦД „Свирете ја Зајди, зајди“ на Зоран Џорлев https://arhiva.vistina.com.mk/promocijata-na-novoto-cd-svirete-ja-zajdi-zajdi-na-zoran-dzorlev/ Thu, 20 Dec 2018 09:13:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64272

Денес, четврток,  20 декември 2018 г. во Македонската опера и балет, во салата „Империјал“ во 12 часот се одржа промоцијата на најновото ЦД „Свирете ја Зајди, зајди“ на маестро Зоран Џорлев.
На ЦД-то освен популарниот хит „Зајди, зајди“, чиј композитор е популарниот музичар, пејач и Тв водител Драган Вучиќ, има уште 14 инструментални македонски поп хитови, отсвирени од виолината на маестро Џорлев.
Ова претставува логично продолжение на неговиот претходен ваков албум, на кој исто така се најде избор од македонски евергрини. https://www.youtube.com/watch?v=rLw0kD_WA7o  ]]>

„Кон Исток“ – заеднички проект на Бајса Арифовска и Душко Георгиевски https://arhiva.vistina.com.mk/kon-istok-zaednichki-proekt-na-bajsa-arifovska-i-dushko-georgievski/ Tue, 17 Jul 2018 11:18:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38579

„Кон исток“ е насловено цедето со изворна македонска музика од источниот регион, заеднички проект на Бајса Арифовска и Душко Георгиевски, кое ќе биде промовирано в среда, 18 јули, во Музејот на македонската борба во Скопје, како дел од програмата на културната манифестација „Скопско лето 2018“. Некои од десетте песни и инструментални нумери што ги одбраа Бајса и Душко ќе бидат вистинско изненадување за љубителите на овој вид музика, бидејќи досега не се јавно промовирани, иако од колено на колено се пееле во крајот каде што се создадени: Малешевијата, Овче Поле, пиринскиот дел на Бугарија. Промоцијата ќе биде збогатена со изведба во живо на неколку песни, во придружба на оркестар на народни инструменти и вокална група.
„Снимањето на цедето ’Кон исток’, на кое се забележани 10 песни, беше повод за уште еден мој музички предизвик и професионална дружба со Душко Георгиевски. Првичната идеја беше да ја промовираме источната ризница на изворна музика. Сакавме од крајот од кој потекнуваме да го собереме она што не се собрало досега и да оставиме трага. Собравме многу изворни песни и мислам дека ќе има и втор дел на овој албум. Работевме со големо задоволство, чепкавме, истражувавме уште еднаш докажувајќи си и себеси и на другите дека за убавата песната нема граници. Некои од песните ги знаев од сопствената фонотека, некои други сум ги запаметила уште како дете, слушајќи како ги пеат моите во Берово, а имам и едно авторско дело, ’Русинско соборско оро’. Голем впечаток ми остави убавата ’Гуна болна лежи’, четворка со ритам на ’Малешевско оро’, па ’Ранила мома’, која потсетува на ’Ратевско оро’, ’Жени ме мамо’, која се пее во Малешевијата и во Пирин, но и во западниот дел на Македонија, а своевремено ја снимил и Александар Сариевски“, изјави Бајса Арифовска за „Нова Македонија“.]]>

Fighting Windmills го промовираа новиот албум „An Exercise in Surprise“ https://arhiva.vistina.com.mk/fighting-windmills-go-promoviraa-noviot-album-an-exercise-in-surprise/ Fri, 27 Apr 2018 12:02:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23824

Скопскиот бенд „Фајтинг виндмилс“ вчеравечер, 26 април, во барот „Менада“  го промовираше својот нов, петти по ред студиски албум насловен „An Exercise in Surprise“. „Фајтинг виндмилс“ е музички колектив составен од пет високо образувани музичари собрани околу овој проект во 2007 година од кога имаат реализирано пет албумски изданија. Се работи за состав кој за цело време „инвестира“ во истражување нови музички територии внимателно градејќи го својот автентичен музички став и израз. Стилски и жанровски се ослободени од било какви јасни одредници, иако можат да се препознаат разни влијанија од пост-рок, слободен џез, пост-панк и современата класична музика или одредени фолклорни и современи амбиетални варијации.
На новиот албум „An Exercise in Surprise“, покрај веќе востановените насоки, „флертуваат“ и со елементи на современиот скандинавски џез, диско-панк и теми од соло делниците на Чарли Паркер. Генералниот концепт и насловот на албумот се инспирирани од албум на легендарниот квинтет на Кен Вандермарк. Целиот материјал на албумот е авторско и продукциско дело на членовите на бендот, снимен е во студиото BPM од Младен Павлески, а измиксан и мастеризиран во студиото „Алшар“ од Ивица Јанкуловски. Дизајнот на албумот го изработи гитаристот на бендот Филип Букршлиев – Бука.     Фотографија на Fighting Windmills. Албумот беше достапен во облик на луксузно ЦД во ограничен број за време на промоцијата, а од денеска, петок (27 април) албумот ќе биде на располагање за слободно дигитално симнување од профилот на Шарла рекордс“. „Фајтинг виндмилс“ на 1 јуни ќе настапат на годинешното издание на „Оф-фест“. https://www.youtube.com/watch?v=DTRgmydBKyE]]>