царски рез – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Jul 2023 08:40:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png царски рез – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се породи Тара Симов: Задругарката роди син со царски рез и ја објави првата слика од бебето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-tara-simov-zadrugarkata-rodi-sin-so-tsarski-rez-i-ja-objavi-prvata-slika-od-bebeto-foto/ Mon, 03 Jul 2023 08:33:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308542

Поранешната задругарка Тара Симов денеска се породи и роди машко дете. Тара стана мајка за прв пат и му роди наследник на својот избраник Данило. Иако Тара имала потешкотии во текот на бременоста и неколку пати завршила со силни болки, се поминало добро, а  мама и бебето се одлични. Тара се породи денеска со царски рез во договор со докторот. Тара ја објави првата слика од својот син со емотивни зборови: -Нашиот најубав син - објави Тара и во објавата го тагна својот избраник Данило. Ријалити ѕвездата е активна на „TikTok“ и редовно споделува со своите следбеници што и се случило за време на бременоста. Сепак, Тара по породувањето реши да се одмори од социјалните мрежи и да не се рекламира еден месец за да се посвети што повеќе на бебето и да се опорави по царскиот рез. - Бебето веќе еден час ми скока на стомак, а јас сум малку поспана. Ова е последниот лајф, во шест и пол ќе се породам. Останав ќелава од бременоста. Ќе бидам недостапна еден месец, по породувањето. Нема да можам да го правам тоа што сакам. Закрепнувањето од царски рез трае толку долго, ќе ми биде прекрасно кога ќе закрепнам од царски рез, за ​​еден месец - изјавила Тара.  Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тара Симов/Милена Џорџевиќ]]>

Објевена снимка од породувањето на Богдана Ражнатовиќ: Кадри од операционата сала, солзи и неизвесност (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/objevena-snimka-od-poroduvaneto-na-bogdana-razhnatovik-kadri-od-operatsionata-sala-solzi-i-neizvesnost-video/ Thu, 27 Apr 2023 10:58:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299708

Семејството Ражнатовиќ, како што сите знаат, пред само една недела стана побогато за уште еден член. Малиот Крстан се роди на вториот ден од Велигден, а сега пак е објавено дека и Анастасија чека бебе. Снаата Богдана Ражнатовиќ се породи во најдобар можен ред, малечката се роди со царски рез во приватна клиника во Белград, а по излегувањето од породилиштето гордата мајка ги засени сите со својата фигура и прекрасната енергија со која плени. Бидејќи породувањето на Богдана Ражнатовиќ со денови е главна тема во медиумите, многумина се љубопитни да дознаат како изгледало се, а токму тоа, како и најновите случувања во семејството Ражнатовиќ ќе имате можност да го видите во новата епизода од документарно-играната емисија „Цеца шоу“. Од моментот кога Богдана отишла во приватното породилиште, камерите цело време ги следеле членовите на најпознатото семејство на Балканот, па гледачите ќе имаат можност да видат што се случувало во болницата, како поминало породувањето, но и како изгледаше прославата во величествената вила на улицата Љутиче Богдана бр.3, која траеше до доцна во ноќта. Во споменатата серија, камерата на Телевизија Блиц имаше можност ексклузивно да ѕирне во собата во која се породи Богдана Ражнатовиќ и сними многу интересни кадри. - Речиси 4200 g, 54 долг. Убава, светла кожа, најубава! Како можам да се чувствувам, можам да летам. Многу сум среќен, ова е благослов од Бога. На денешен ден се роди и мојот покоен сопруг, денес Крстан. Нека му е со среќа. Вториот ден од Велигден. Се што е можно убаво што можеше да се случи, се случи – изјави Цеца без да ги крие најубавите емоции откако доби внук. фото:BlicTV printskrin Jutjub/илустрација Информер.рс]]>

Ана Севиќ откри дека имала проблем по третото породување: „Царски рез само ако мора“ https://arhiva.vistina.com.mk/ana-sevik-otkri-deka-imala-problem-po-tretoto-poroduvane-tsarski-rez-samo-ako-mora/ Thu, 06 Apr 2023 11:09:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296962

Пејачката и водителка Ана Севиќ е една од поактивните јавни личности на социјалните мрежи. Таа на Инстаграм најчесто споделува семејни слики со децата, но им дава совети и на своите следбеници. Така сега таа одговараше на прашања на љубопитната публика, а луѓето најмногу ги интересираше како успева сама да се носи со три деца и дали некој и помага со нив. - Не постигнувам се сам,а далеку од тоа, и се помирив со тоа. Кога ќе дојде време, градинката ќе го спаси светот – се пошегува пејачката. Со оглед на тоа што трипати се породила со царски рез, жените најмногу ги интересирало како Ана закрепнала по три такви искуства. -Три царски резови, генерално лесно поминав, со мал проблем со третиот, што го направи закрепнувањето малку подолго. Но, по неколку часа бев на нозе и се трудев што поскоро да закрепнам. Сега кога знам се што знам, инсистирам на природно породување, царски само ако треба и би избрала државна, а не приватна клиника- напишала Ана. Да потсетиме, Ана пред неполн месец организираше роденденска прослава на својот најмал син, а по тој повод на медиумите им откри кој е построг родител, таа или нејзиниот сопруг Даниел. -Тато се обидува да се преправа дека е строг, а јас сум таа што ја заострува ситуацијата. Мислам дека е така во секое семејство, но тие се навистина добри деца, фала богу – изјави таа. фото:Инстаграм принтскрин/Ана Севиќ]]>

Карлеуша не срами да ги покаже: Русокосата и без фотошоп предизвика фото-шок! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-ne-srami-da-gi-pokaze-rusokosata-i-bez-fotoshop-predizvika-foto-shok-foto/ Tue, 22 Feb 2022 11:46:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240148

Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави уште една фотографија во необично издание, во „вонземјански“ ултра модерен комбинезон, налик на оние од научнофантастичните филмови. Сепа она на што го фиксираа погледот мнозинството нејзини фанови и следбеници не беше моделот, туку она што под провидниот дел можеше да се забележи на стомакот на пејачката. Двете препознатливи бемки, лево и десно, по кои медиумите и ја идентификуваа веродостојноста на фотографиите од порно аферата со фудбалерот Врањеш, но и големиот рез под папокот, веднаш над венериниот брег. Лузната на која рускосата истакна дека е мошне горда, настанала како последица на царски рез. Таа рече дека има не една , туку три. Две поради породување и третата поради отстранување на бенигден тумор. -„Да, знам дека ме зумирате на фотографијата за да го видите мојот царски рез. Не е еден, туку се три. Два поради породување и една предизвикана од отстранување на бениген тумор. Не би имала ништо против да имам и повеќе лузни. Никогаш не ги кријам, горда сум на нив. Лузните на телото и душата не прават тоа што сме. Уникатна и единствена, една во милијарда“ – напишала Карлеуша во описот на фотографијата. Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar]]>

Сања Николиќ за породувањето:„ Моето тело не ме предаде“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-nikolikj-za-poroduvanjeto-moeto-telo-ne-me-predade-foto/ Thu, 08 Apr 2021 08:18:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198111

Сопругата на раперот Марко Салткаристика, екс- мисица и водителка, Сања Николиќ, пред една година стана мајка за првпат. Таа на свет го донесе својот прв наследник кој го носи името Моша и е центарот на нивниот универзум.
Април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез и дека не е полесниот пат за да се стане мајка. Во знак на поддршка кон сите мајки кои на свет донеле свои наследници на овој начин, Сања постави објава на својот Инстграм профил. Иако не откри дали и таа е во тој ред, мама Сања се стави во кожа на сите оние кои поминале низ таа операција.]]>

Одлучила да роди со царски рез: Нови детели за породувањето на Богдана Ражнатовиќ https://arhiva.vistina.com.mk/odluchila-da-rodi-so-carski-rez-novi-deteli-za-poroduvanjeto-na-bogdana-raznatovikj/ Thu, 28 May 2020 09:05:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151632

Откако го прославија роденденот на Анастасија оваа недела, семејството Ражнатовиќ ќе има уште една причина да слави следната недела. Богдана Ражнатовиќ треба да се породи следната недела и да роди момче. Таа, наводно, одлучила да се породи со царски рез во приватна клиника. "Бидејќи Богдана влезе во деветтиот месец, сите го очекуваат денот кога ќе роди. Таа донесе одлука да се породи со царски рез во приватна клиника", вели извор близок на семејството Ражнатовиќ, додавајќи: "Во договор со докторот која ја водеше бременоста, Богдана Ражнатовиќ го избра начинот на кој сака да се породи. Сите се многу среќни, а подготовките за пристигнување на бебето се во тек. Кога Богдана ќе се породи, семејствата ќе организираат прослава, но поради моменталната состојба, тие сè уште не знаат дали да ги поканат сите нивни пријатели или само нивните најблиски “, пишува„ Блиц.рс “.]]>

Сè што треба да знаете за заздравувањето по царски рез https://arhiva.vistina.com.mk/se-shto-treba-da-znaete-za-zazdravuvanjeto-po-carski-rez/ Fri, 12 Apr 2019 13:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82695

Веројатноста дека породувањето ќе заврши со царски рез е значително поголема отколку пред 20 години. Во 2001 година статистиките покажувале дека околу 11,9% од породувањата биле со царски рез, а денес бројката е издигната до неверојатни 20%. Токму затоа е и важно да знаете како да се подготвите за заздравување и да откриете што точно треба да очекувате доколку дојде до тоа. Хелен Бирн, експерт за здравје и фитнес, и д-р Кесија Гејтер, специјалист за фетална медицина, споделиле неколку корисни совети. „Изненадувањето игра голема улога во заздравувањето. Повеќето жени не очекуваат дека ќе се породат со царски рез и воопшто не се свесни за тоа што следува потоа. Токму затоа и сите бремени жени треба однапред да бидат свесни дека степенот на болка е голем, особено во првите три дена. Оваа болка ќе трае околу 6 недели“, објаснува д-р Гејтер. И покрај тоа што по операцијата дури и мрдањето ќе биде болно и жената не се чувствува способно да стане од кревет, сестрите ќе ја тераат да стои. Тоа го прават затоа што е најдобриот начин да се подобри циркулацијата и да се избегнат крвните згрутчувања. „Доколку земате силни лекови против болка, доењето треба да се одложи првите три дена бидејќи тие ќе се пренесат преку млекото на бебето“, советува Бирн. Уште еден корисен совет е да имате многу перници околу себе, за кога бебето ќе цица, наместо да го држите во раце (што може да биде неизмерно болно за вас), тоа да се потпира на нив и да не ве притиска на раната. Бирн истакнува и дека докторите ќе ве предупредат да не вежбате барем 6 недели по породувањето, но тоа не се однесува на одењето. „Само 15% од трудниците ја исполнуваат препорачаната дневна физичка активност. Најдобро е да се оди 30 минути на ден, со цел да ја подобрите вашата циркулација“, објаснува Бирн. Царскиот рез може да влијае негативно и на дигестивниот систем, па треба да бидете свесни дека и одењето во тоалет ќе биде болно. Во текот на првите неколку недели, клучно е да изведувате нешто што се нарекува „конструктивен одмор“. Легнете на подот, со нозете подигнати на кауч, колената нека ви бидат свиткани под агол од 90%, а рацете раширени. Оваа положба помага при заздравувањето бидејќи го намалува механичкиот стрес на целото тело. Вашите мускули и колкови ќе се опуштат и ќе почувствувате олеснување низ целото тело. Доволни се само 10-15 минути дневно за оваа вежба. И за крај, не заборавајте на Кегеловите вежби, кои се клучни по породувањето. Особено за мајките што се породиле со царски рез. извор:кафепауза.мк]]>

Моќни фотографии ги потсетуваат мајките кои родиле со царски рез дека телото не ги изневерило https://arhiva.vistina.com.mk/mokjni-fotografii-gi-potsetuvaat-majkite-koi-rodile-so-carski-rez-deka-teloto-ne-gi-izneverilo/ Tue, 18 Sep 2018 13:45:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48428

Многу мајки водат тешки битки да го прифатат своето тело по породувањето. Тоа особено е изразено кај мајките кои непланирано се породиле со царски рез и кои честопати го обвинуваат своето тело дека ги изневерило во најважниот момент.
Фотографка си има поставено мисија да ги промени гледиштата на новите мајки и да им помогне да го прифатат своето тело онакво какво што е. Проектот „The Honest Body“ на Натали МекКејн има цел да прикаже како реално изгледа телото на мајките без фотошоп, филтри и лукави пози.
Во рамките на проектот, Натали создаде фотосеријал „Моето тело не ме изневери“ и фотографираше мајка на три деца неколку дена по нејзиниот трет царски рез. Царски рез Царски рез „Првпат ја фотографирав оваа мајка во 2015 година. Ја посетив пред неколку дена и повторно ја фотографирав по третиот царски рез и раѓањето на нејзиното трето дете. Овие фотографии се направени ноќта пред да ѝ ги отстранат скопците. Нејзиното тело не ја изневери. Твоето тело не те изневери. Се надевам дека овие фотографии ќе допрат до срцата на оние кои се мачат по раѓањето со царски рез“ – пишува Натали за Жаклин, мајката од фотографиите. Во описот, фотографката сподели и обраќање од Жаклин во кое таа вели дека нејзиното тело не ја изневерило бидејќи и таа и нејзиното бебе се живи и дека тоа е најважно. „Постојано слушам како други мајки зборуваат дека посакуваат нашите тела да не нè изневереа. Дека ‘традиционалното’ породување ќе беше подобро и се прашуваат како завршивме овде. Можам да ви кажам дека не планирав царски рез. Не сакав царски рез... но, моето тело не ме изневери. Ова тело кое има видено операции, тумори, три царски резови и огромна загуба не ме изневери ниту еднаш. Моето бебе е живо, јас сум жива и ниту една лузна, ниту една операција не може да ми го одземе тоа“ – изјавила мајката на која во младоста ѝ била дијагностицирана ендометриоза поради која ѝ бил отстранет едниот јајник. Царски рез Царски рез Во искрена исповед за „The Honest Body Project“, Жаклин ја раскажа својата приказна.
Кога имав 24 години докторите открија дека левиот јајник ми беше екстремно зголемен. Тоа доведе до месеци поминати во испитувања, доктори, онколози и операција. Во моето семејство има историја на рак на јајниците и докторите не можеа да објаснат точно што ми беше или зошто растеше толку брзо. Операцијата го отфрли ракот, а мене ми беше дијагностицирана агресивна ендометриоза. Имам лузна од папокот до карличната коска, еден јајцевод и еден јајник помалку и ткиво кое докторите не можеа да го отстранат. Мене и на моето момче (сегашен сопруг) ни беше кажано дека ќе биде тешко да имаме деца, ако воопшто биде возможно и дека поради ендометриозата, можеби ќе го изгубам и другиот јајник и можеби еден ден ќе треба да направам хистеректомија. Една година подоцна, непосредно пред нашата свадба, одлучивме да се обидеме да имаме деца. Одлучивме дека ќе имаме 4 деца, бидејќи ендометриозата е како темпирана бомба и не сакав да жалам подоцна. Ни требаа 4 години за да ја добиеме нашата прва ќерка и по 5 дена поминати во породување, јас завршив со царски рез... Лузната која за малку ќе ја определеше мојата иднина, завршува онаму каде што започнува лузната која ми ја даде иднината.
Царски рез]]>

8 нешта што не смеете да ги правите по царскиот рез https://arhiva.vistina.com.mk/8-neshta-shto-ne-smeete-da-gi-pravite-po-carskiot-rez/ Thu, 13 Sep 2018 12:11:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47666

Како и по секоја операција, така и по царскиот рез е важно да одморате и да му дадете време на телото да закрепне. Заздравувањето обично трае шест недели, а во тој период треба да внимавате, односно да избегнувате да правите одредени нешта. Погледнете за што станува збор. 1. Избегнувајте да подигнувате што било потешко од вашето новороденче како и тешки физички активности. Исто така, избегнувајте ги и обврските низ домот што е можно подолго за побрзо да ви зарасне раната. 2. Не е препорачливо да возите барем 6 недели по породувањето со царски рез. Некои движења ќе ви предизвикуваат болка и неколку месеци по операцијата. 3. Не заборавајте да пиете многу течности. Многу жени имаат проблем со столицата по царскиот рез бидејќи стомакот е премногу чувствителен. Поради ова важно е да пиете многу вода, да се храните здраво и да се движите откако ќе можете.
4. Избегнувајте да спиете на стомак. Ова може да го продолжи времето за заздравување. А и секако поудобно ќе ви биде спиењето на грб или на страна.
5. Избегнувајте сексуални односи 6 недели по породувањето. Сексот може да биде болен и непријатен, а на раната ѝ е потребно време за заздравување. 6. Избегнувајте скали барем две недели по царскиот рез. Ако спалната или собата на детето се на горниот кат, најдобро е привремено да се преместите долу. Кога ќе почнете да се качувате по скали, одете бавно и внимателно. Можете и да замолите некој да ви помогне во текот на одењето. 7. Ако имате температура или болка која не поминува и станува посилна, немојте да ја игнорирате. Тоа може да биде знак за инфекција. 8. Избегнувајте лежење во полна када, миење со жешка вода, како и капење во базен додека не ви зарасне раната и не престане крварењето. Исто така, избегнувајте употреба на тампони.]]>

Овој детаљ од породувањето на Наташа Беквалац не беше откриен: Доаѓањето на Катја не помина според очекуваното! https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-detalj-od-poroduvanjeto-na-natasha-bekvalc-ne-beshe-otkrien-doagjanjeto-na-katja-ne-pomina-spored-ochekuvanoto/ Wed, 07 Mar 2018 11:20:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15260

MILAN ILIĆ / RAS SRBIJA Пејачката Наташа Беквалац пред точно една недела се породи во една приватна белградска клиника и на свет ја донесе својата втора ќерка Катја. Вчера во фокусот на медиумите беше нејзиното излегување од болницата, каде излезе заедно со бебенцето во придружба на сопругот Лука. Како што пишуваат српските медими, нејзиниот сопруг до раните утрински часови во својот стан во Белград го славел татковството во друштво на пријателите и сестрите на Ната. Иако по породувањето не беше откриено, сега е познато дека Беквалац не се породила природно, туку со царски рез, па иако Лука сакаше да слават заедно, таа мораше да закрепнува и секако да ја пружа целата мајчинска нега на бебето.]]>