царот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Nov 2020 08:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png царот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков не потсети на омилените реплики од „Македонските приказни“: Ако не знаете кој е царот, прашајте ја? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-ne-potseti-na-omilenite-repliki-od-makedonskite-prikazni-ako-ne-znaete-koj-e-carot-prashajte-ja-foto/ Tue, 10 Nov 2020 08:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175218

Има ли некој кој не ги гледал, кој не ги знае, кој не ги памети? Од старо до младо, од дете до родител, баба, дедо... сите ги знаат, зашто тие се едни од најгледаните ТВ проекти на сите времиња. Особено, оние, првите, оригиналните, од времето на „царот“ на ТВ екраните... „Македонските народни приказни“ или само „Македонски приказни“ како што беа насловени се култниот ТВ серијал кој остана за навек да се гледа одново, раскажува и прераскажува, чии реплики и ден денес се паметат и употребуваат и во секојдневието на нашиот говор. Своевиден микс на историја, јазик, фолклор, традиција, обичаи, народни носии, народни верувања, преданија, народни поговорки, мудри мисли, корисни поуки... Сите обележја што ја сочинуваат една нација и повеќе од тоа! Но и софистициран хумор, гледлива забава, врвни актерски остварувања сведени на нивото на обичниот човек. Во нив, ликовите кои не се забораваат: царот, царицата, султанот, екимот, кадијата, меанџијата, чорбаџијата, измеќарот, попот, клисарот... па се до обичиниот селанец, преставени во ликовите на богатиот и сиромавиот или домаќинот и домаќинката. А зад нив врвна актерска екипа на чело со големиот, единствениот, неприкосновениот, царот... Ќе погодите ли за кого се работи? Ако не ви текнува, погледнете ја фотографијата. На неа се тие двајцата - „царот и царицата“, во млади години, пред да ги остварат своите маестрални улоги, незаборавните ликови во прикаските... Ѓорѓи и Шенка Колозови, како заштитен знак, како своевиден „трејд марк“, олицетворение на приказните, кои ги направија и големи и познати, а тие на серијалот му го посветија сиот свој живот, играјќи го незаборавните улоги, изустувајќи ги незаборавните реплики кои и ден денес се паметат и кажуваат. Секако списокот на актери кбез кои приказните немаше да бидат тоа што се е долг: Ванчо Петрушевски - Рамче, Гоце Тодоровски, Лазар Бараков, Владимир Дади Ангеловски... и уште цела една плејада  доајени на македонското глумиште. Како и повеќето од нас, растена со „Македонските приказни“, ТВ водителката и пилатес инструкторка Снеже Велков, преку приказните на својот Инстаграм профил реши да не потсети на „Македонските приказни“... И себе си и другите, па направи своевидна анкета, за тоа која реплика од приказните му е омилена на народот? „Ај да видам кој се сеќава на овие царцки убаини?“ - праша Снеже на својот Инстаграм. Одговори стигнаа многу: „Ја сакам царе'ата ќерка, Еким - лечам од разни болести, Пиј си каве, пиј си тутун - азното само ќе си дојди, Господ да ме чува од женска белја, Икономија да праиш - за старост да мислиш, Стрижена е, бричена е“...  И сите подеднакво потсетуваат на на јдобрите епизоди од оние поубави и посреќни времиња. Денес е нешто друго... Прикаски се' уште има, иако ќе се согласите, не се тоа што беа некогаш. Како и многу други нешта! Особено не без царот Колозов, Дади, Рамче... сега веќе покојните македонски актерски легенди кои како и „Македонските приказни“ одбележаа една цела „епоха“, годините на нашето детство, растење, созревање, младост... Новите генерации имаат свои јунаци, свои херои, идоли... Но, се чини дека никој не е како царот, царицата, екимот, кадијата, чорбаџијата, попот.... од првата генерација на „Македонските приказни“. Или барем така ни се чини? Можеби треба малку да почекаме? Па нели „царот“ ви рече: „Седи си, пиј си тутун, пиј си каве - азното само ќе ти дојде“!    ]]>