бундес лига – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Nov 2023 12:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бундес лига – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-gimnasticharka-ilina-sokolovska-osvoi-tri-srebra-vo-natprevarite-vo-bundes-ligata/ Mon, 20 Nov 2023 12:02:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327707

Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата! Овие три медали ќе ја красат витрината и на Илина и на нејзиниот клуб со останатите злата, сребра и бронзи што таа ги освои колку што се занимава со ритмичка гимнастика дома и во странство. Последните три натпревари од Бундес се одржаа во Дизелдорф, Берлин, а финалето во Бремен.
Се натпреварував екипно, како дел од мојот тим Гутерсло-Билефелд, каде што сум еден од лидерите на тимот, тоа го кажаа и тренерите, а пред извесно време беше објавено во германските весници. Тоа значи дека од мене очекуваат да го превземам товарот на тимот, а тоа и се случи на првите два натпревари во Дизелдорф и Берлин. Речиси сам освоив една третина од бодовите, што ни овозможи да стигнеме до финалето во Бундеслига. Ова ми е втор пат по ред да се натпреварувам во финале што е голем успех за мене, вели Илина.
Овој голем успех на Илина, која со македонски пасош ги брани боите на Германија не е лесен, бидејќи листата на Германија со гимнастичарки од година во година е посилен, особено по војната во Украина.
Еднаш кажав дека лигата во Германија е се посилна од година во година поради кризата во Украина. Многу гимнастичари поради состојбата во нивната земја настапуваат во германските гимнастички клубови, а има репрезентативци од Италија, Романија и секако од Германија. Тука ќе ја споменам петкратната репрезентативка, шампионка во гимнастика, Дарија која доаѓа од Русија, но и уште неколку гимнастичарки од Бугарија, кои се и светски шампиони во групна ритмичка гимнастика. Ѐ затоа, пак, ќе кажам дека моментално Бундеслигата е една од најдобрите и елитни гимнастичари во светот, додава таа.
Илина пред неколку месеци за прв пат ја претстави и Македонија на европски натпревари. Во иднина, пак, ќе ја претставува Македонија во Естонија во градот Тарту, каде што се одржува еден од најпознатите традиционални натпревари во ритмичка гимнастика.
Горда сум што и на меѓународно ниво ја претставувам мојата Македонија и ќе ја претставувам и свесна сум дека ќе морам да се натпреварувам со овие елити кои се неколку чекори пред нас. Ние во Македонија сме нова Федерација, има само две гимнастичарки, но желба да ја претставуваме нашата земја е голема. Сепак, наидуваме на огромни проблеми во Федерацијата во Македонија, а последните шест месеци се подготвуваме за Европското првенство и меѓународните натпревари во зима низ Европа. Сакам со спортско срце да порачам да не се дозволи проблемите да продолжат, бидејќи сакаме да се натпреваруваме под боите на нашето знаме. Јас лично се радувам кога настапува, за татковината и секогаш ќе ја претставувам Македонија и ќе кажувам дека сум Македонка. И на натпреварите во Германија јас со гордост кажувам дека сум Македоника, затоа што ја сакам Македонија. Иако сум родена и живеам во Германија во моето срце секогаш е Македонија, вели Илина.
]]>

Бронза за македонското девојче во Бундес лигата во Германија: Нов успех на Илина Соколовска во ритмичка гимнастика https://arhiva.vistina.com.mk/bronza-za-makedonskoto-devojche-vo-bundes-ligata-vo-germanija-nov-uspeh-na-ilina-sokolovska-vo-ritmichka-gimnastika/ Thu, 27 Oct 2022 08:54:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273055

Срцето му е топло на секој Македонец, кога наши луѓе ќе успеат во светот. Едни од нив се сестрите Илина и Ева Соколовски, кој нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика. Она што во моментов претставува македоска гордост е успехот на Илина (16) во Бундес лигата, која започна по пауза поради короната. И на стартот на натпреварувањето Илина се закити со бронза. Таа екипно викендот настапуваше во Берлин, каде освои високи поени, но екипно за влакно им побегна среброто. До крајот на спортската сезона претстојат уште многу натпревари, кога на крајот се собрираат поените и се прогласува победникот. -Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите идниот месец заминувам за Леверкузен, каде ќе имам интернационален настап, ни рече гордо Илина. Она што е важно, пак, за нејзината помала сестра Ева (12), е што оваа година таа остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес, бидејќи поради годините се уште не е дел од ова најголемо германско натпреварување, но поради талентот и наградите што ги има зад себе добила покана да биде дел од Бундес лигата, но само доколку е потребно за замена. А до крајот на спортската сезона овие две македонски сонца, кои боите на Германија го бранат со македонски пасош, ги очекуваат повеќе републички и интернационални натпревари. Колку е голема љубовта кон овој спорт покажува и фактот што Илина минатиот месец  присуствуваше на светскиот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Софија, а таму е пресреќна што се запознала со својот идол. -Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел Ашрам. Јас се исрадував и јас ја повикав. Таа дојде до мене и се сликавме. Пресреќна сум, бидејќи таа е најдобра во овој спорт, го сонувам нејзиниот успех и  сонот ми се оствари лично да ја запознам, вели Илина. Илина и Ева веќе се подготвуваат за наредниот месец во Леверкузен, каде ќе се натпревруваат во нивните категории. И секако, како што е вообичаено, очекуваме да се закитат со некој медал.]]>