булдожер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 05 Feb 2022 09:38:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png булдожер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Марко Брецељ, основачот на култната група „Булдожер“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-marko-brecelj-osnovachot-na-kultnata-grupa-buldozer/ Fri, 04 Feb 2022 15:01:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237804

Легендарниот словенечки музичар, уметник и активист Марко Брецељ почина на 71 година. Брецељ беше активен на уметничката сцена речиси половина век. Прво како основач, фронтмен и текстописец на култната група „Булдожер“, со која објави три албуми и изврши големо влијание врз југословенската панк сцена и движењето нов бран. „Марко Брецељ е уметник кој тешко може да се дефинира зашто во својот долг творечки живот промени неколку идентитети и во словенечката јавност се појави во разни персонификации“, кажа жирито кога му ја додели наградата „Јеж“ на РТВ Словенија. Брецељ ја напушти групата „Булдожер“ во 1979 и потоа не сакаше многу да зборува за неа. Потоа продолжи да работи како независен уметник, што вклучи и изведување перформанси и со голем успех го водеше Културно-уметничкиот и мултимедијален центар во Копер. Се занимаваше и со политика, па беше градски советник во Копер и ја оформи партијата Акација. ]]>