булдога – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Dec 2022 12:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png булдога – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Човекот кој го застрела шетачот на кучињата на Лејди Гага е осуден на 21 година затвор https://arhiva.vistina.com.mk/chovekot-koj-go-zastrela-shetachot-na-kuchinjata-na-lejdi-gaga-e-osuden-na-21-godina-zatvor/ Tue, 06 Dec 2022 12:41:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278913

Човекот кој пукаше во шетачот на кучињата на Лејди Гага и ги киднапираше двете миленици на пејачката во февруари 2021 година, е осуден на 21 година затвор за „ладнокрвен и насилен напад“. Џејмс Хауард Џексон е еден од тројцата мажи вклучени во нападот во февруари 2021 година. За време на инцидентот тој го застрелал Рајан Фишер со пиштол калибар 40 додека се шетал по француските булдози на поп-ѕвездата во Лос Анџелес. Фишер е тешко ранет во градите, а по пукањето напаѓачите и ги киднапирале двете миленици на Гага. Џексон пред судот рече дека не оспорил ниту една точка од обвинението за обид за убиство, објави во понеделникот Окружното обвинителство на Лос Анџелес. „Денеска беше постигната спогодба во случајот против Џејмс Хауард Џексон“, изјави портпаролот на обвинителството. „Г-дин Џексон рече дека не оспорува ниту една од обвиненијата за обид за убиство и го призна обвинението за нанесување тешка телесна повреда. Осуден е на 21 година затвор“, рече тој. „Џексон одговара за извршување на ладнокрвен чин на насилство, што значи правда за нашата жртва. Окружното правобранителство се стреми да ги повика на одговорност секој што ќе изврши насилни дејствија во нашата заедница“. Џексон беше ослободен од притвор на 6 април 2022 година, по административна грешка, но повторно беше уапсен во август. Обвинителството соопшти дека соучесникот во инцидентот, Харолд Вајт, во понеделникот изјавил дека не го оспорува обвинението што го товари за поседување оружје, поради што следната година ќе биде осуден. Полицијата претходно соопшти дека врската со Лејди Гага била случајна, а мотивот за грабежот била вредноста на француските булдози, раса вредна неколку илјади долари. Гага понудила награда во износ од 500.000 долари на тој што ќе и ги врати милениците. Неповредените киднапирани булдози беа предадени на полициската станица во Лос Анџелес неколку дена по инцидентот од Џенифер Мекбриџ, која исто така е обвинета за учество во злосторството. Фото:Пинтскрин/Профимедиа]]>

Ограбена пејачката Лејди Гага! Насилниците се уапсени: Го застрелале чуварот, а нема да верувате што украле (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ograbena-pejachkata-lejdi-gaga-nasilnicite-se-uapseni-go-zastrelale-chuvarot-a-nema-da-veruvate-shto-ukrale-foto/ Fri, 05 Aug 2022 08:25:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261586

Судот во Калифорнија осуди еден од тројцата обвинети за вооружениот грабеж на шетачот на кучиња на пејачката Лејди Гага (36), во кој беа украдени два француски булдога, на четири години затвор.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Џејлин Кишаун Вајт (20) призна дека бил дел од бандата која го застрелала Рајан Фишер додека ги шетал своите три булдози во Холивуд во февруари 2021 година. На судското сослушување во Лос Анџелес во средата, Вајт се изјасни за виновен за грабеж од втор степен и доби четиригодишна затворска казна. На снимката од надзорните камери од местото на нападот се гледа како автомобил застанува во близина на Фишер и две лица скокаат од него.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

На видеото се слуша истрел, по што шетачот со кучиња врескајќи паѓа на земја. Напаѓачите ги грабнале двата булдога, а Фишер повикал помош. Третото куче, Мис Азија, истрчало кај Фишер откако крадците заминале. Фишер во нападот се здобил со повреди на градниот кош, а еден месец подоцна на Инстаграм напишал дека има и колабирано белодробно крило. Пејачката понудила награда од 500.000 долари за да си ги врати булдозите. - Кучињата на Лејди Гага се предадени на локалната полициска станица. Тие беа пронајдени неповредени и предадени на претставниците на нивниот сопственик – објави на Твитер полициската управа на Лос Анџелес (LAPD). Полицијата во Лос Анџелес во моментот на грабежот соопшти дека не верувале дека кучињата биле цел поради сопственикот, туку поради нивната расна вредност на црниот пазар.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Лејди Гага]]>