бугарска провокација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Jun 2021 11:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бугарска провокација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Ристевска го возврати ударот на бугарска провокација: „Јас сум Македонка… Чиста!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-ristevska-go-vozvrati-udarot-na-bugarska-provokacija-jas-sum-makedonka-chista-foto/ Wed, 31 Mar 2021 08:05:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196782

Македонската пејачка Елена Ристеска објави  серија подразголени фотографија на својот Фејсбук профил, како реклама за својата нова, сопствена козметичка линија, со што привлече огромно внимание кај следбениците на социјалните мрежи. Позитивните коментари се редеа како нишка од бисери, а имаше и такви кои не живеат во Македонија, а сепак ја коментираа убавината на Елена. Меѓу останатите свој коментар  остави и еден Бугарин, кој се обиде  сето ова да го искористи за дневна политика и да ја испровоцира нашата пејачка. „Само една Бугарка може да е толку убава“ - напиша тој. Елена Ристеска не му остана должна, па веднаш гордо и достоинствено му возврати: „Краси Панчев, мислиш, МАКЕДОНКА!!! Чиста!“ - му напиша кратко и јасно Елена во одговорот. На бугарскиот обожавател  сега веројатно му е појасно како изгледа македонската убавина. Останува само нејасно, дали и после ова  официјална Софија одново ќе ги повика нашите дипломати во минстертвото за надворешни работи во бугарската престолнина, за да им упати... протесна нота?! Или подобро Елена да им испрати музички ноти преку едно свое ЦД за да слушнат поубаво, на кој јазик „Доживотно“ пее убавата Македонка? Фото: Фејсбук принтскрин/Elena Risteska  ]]>