бугари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Jun 2022 10:59:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бугари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Уапсен Ламбе Алабакоски: Пејачот ја запалил вратата на „Ванчо Михаилов“, културниот центар на Бугарите во Битола!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/uapsen-lambe-alabakoski-pejachot-ja-zapalil-vratata-na-vancho-mihailov-kulturniot-centar-na-bugarite-vo-bitola-foto/ Tue, 07 Jun 2022 09:26:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253307

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен сторителот кој ја потпали влезната врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола. „Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, објави министерот Спасовски. Како што објави „Слободен печат“ неофицијално се дознава дека уапсениот е популарниот македонски пејач Ламбе Алабакоски кој неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија. Описот на лицето што го запалило влезот на клубот на Бугарите во Битола, го даде бугарската министерка Теодора Генчовска која веднаш по настонот се упати од Скопје во Битола каде беше брифирана за сторителот во полициската станица. Палењето на влезната врата од клубот „Иван Ванчо Михајлов“ предизвика остри реакции кај бугарските политичари кои инцидентот го оценија како варварски чин и провокација, но и кај македонскиот државен врв кои го осудија уништувањето на клубот на Бугарите во Македонија кој пред месец дена помпезно беше отворен со присуство на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, премиерот Петков и министри во неговата влада. Инаку, пејачот настапи како 19-ти изведувач по ред на фестивалската вечер на Фолк фест  Валандово, на 5-ти јуни (недела) со песната ,,Нема збогум”., а беше најавен дека ќе настапи на големиот концерт на групата „Меморија“ оваа сабота како еден од изведувачите кои требаше да ја загреат атмосферата пред почетокот на концертот. Извор: Слободен печат Фото: Јутјуб принтскрин/ Инстаграм/lambealabakovski]]>

Игор Џамбазов уште на времето вака им го „плесна в лице“ на Бугарите… и тоа на нивен терен (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-ushte-na-vremeto-vaka-im-go-plesna-v-lice-na-bugarite-i-toa-na-niven-teren-video/ Wed, 02 Dec 2020 08:13:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178985

Бугарите упорно се обидуваат да не убедат дека сме Бугари. И нас и светот! Прават се' само за да „свиткаме кичма“, да клекнеме на колена и понизно да им паднеме во „братски прегратки“  полни со изнудена љубов за „с'штио народ“! И додека на секој нормален му е јасно дека „со сила убавина - не бива“, на оние кои со сила се прават „ненормални“ им е уште појасно дека мора да си ја одработат агендата, да си го одиграат орото на кое се (на)фатиле до крај, ако сакаат уште малку да поуживаат во привилегиите од нивниот „дебело платен рај“!  Само што за среќа поголемиот дел од народот не игра „во нивното оро на бугарска песна“, па работите не им одат баш како што планираа... Ниту на асимилаторските политики на источните „администратори“, ниту на предавничките „бизниси“ на домашните квислинзи. Македонскиот актер, шоумен, водител, музичар, писател... што ти уште не Игор Џамбазов, како и секој свесен и осознаен македонски интелектуалец со патриотско срце и душа, не може ниту да им премолчи, ниту да им прости на оние што упорно ја туркаат вакавата агенда. Затоа Игор се бори за себе, својата историја, својот народ, нација, јазик, идентитет, култура, за македонштината воопшто, на себесвојствен начин... Со мисла, збор и перо! Или со тастатура, ако повеќе сакате, според „новото нормално“! Речиси секојдневно Џамбазов на своите профили на социјалните мрежи споделува мудри мисли, пораки, цитати... со кои упорно покажува и докажува кои сме, што сме, какви сме, а кои и какви се  тие... И оние кои би сакале „на сила да не присвојат“ и оние кои добро се платени во тоа да им помогнат...   Но, ако мислите дека Џамбазов е „новокомпониран патриот“, се лажете... Како родољуб, како човек што си ја сака својата земја и народ, како вистински Македонец се раѓаш и тоа го носиш во себе, во генот... И нема цена која можат да ти ја понудат тоа да го смениш. Оние што тоа го прават, веројатно се родени со фелер... Со фабричка грешка или грешка на природата, сеедно! За оние што не знаат, не паметат или подзаборавиле, мало потсетување дека Џамбазов ова го докажа уште оддамна... И тоа на дело, уште пред две децении ако не и повеќе, кога на провокациите на „источните братја“ интилигентно им одговори со мудри мисли! А, кој умее да мисли, кој знае да чита „меѓу редови“, ќе сфати дека Игор на Бугарите „им го плесна меѓу рогови“! Директно в лице и тоа на нивен терен... Како прв познат и популарен Македонец кој своевремено гостуваше во многу популарното шоу на нивниот шоумен Славеј Слави Трифунов! Погледнете што му кажа и напиша пред вклучени камери во живо Игор на колегата Слави, како одговор во скриената порака која асоцира на нивните „незаситни апетити“ и вечно неостварени „македонски соништа“!
]]>

Бугарите пробаа и Тоше да го „воскреснат“, ама… еден е ангелот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarite-probaa-i-toshe-da-go-voskresnat-ama-eden-e-angelot-video/ Wed, 27 May 2020 06:54:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151451

Јазикот, идентитетот, нацијата, историјата... има ли уште нешто наше што би сакале источните соседи да е нивно, да го присвојат? Има... Бугарите се обидоа дури и Тоше Проески да го „воскреснат“... во нивна верзија! Шегата настрана, иако многумина би сакале да се како него, не само во Бугарија, засега никој не успева ниту да му се приближи, зашто Тоше е еден и единствен! Сепак популарниот бугарски пејач Фики Стораро кој е е учесник во познатото шоу „Твоето лице звучи познато“ кое  во соседна Бугарија оди под наслов “Като две капки вода”, ја презеде таа тешка улога, да влезе во ликот на Тоше. Имено, во едно од изданијата на шоуто, пејачот се стави во улогата на нашата музичка легенда, обидувајќи се да го имитира Тоше. Шминкерите, фризерите, маскерите, костимографите... рака на срце беспрекорно си ја завршиле својата работа, па Фики беше стокмен да наликува на македонскиот ангел. До душа, можеби не одбрал најсоодветна песна, зашто се нафатил да  ја  исполни песната „Несаница”,  која баш и не го отсликува вистинското светло на Тоше, зашто како филмска тема и песна која многу му се допадна, тој  ја стави и испеа само како кавер на својот последен албум. Нејсе, Фики се решил за неа и ликот на Тоше во што донекаде успеа со имитацијата, па победи во таа емисија, арно ама... Пејачот и покрај покажаниот талент и вокалните способности, достојни и доволни  за победа, иако често пати самиот спомнувал во своите интервјуа дека Тоше му е омилен пејач и за него убавата песна не познава граница, ниту пак нација, сепак далеку од тоа дека успеа да го „воскресне“ македонскиот музички ангел на сцената. Колку и да се трудел и обидувал со својот тим вокално и физички да направат тој да заличи на Тоше, има нешто што многу му недостасува. Онаа харизма, онаа аура што Тоше ја имаше и ширеше во вид на позитивна енергија околу себе, онаа експресија и вдахната душа во песните, никој не може да ја повтори. Зашто, некои работи ниту се учат, ниту се прават и создаваат... Едноставно, од Бога се дадени! А Бог ги дарува со таква дарба, само посебните... како што беше Тоше! Погледнете го видеото со имитацијата на Тоше, на бугарскиот пејач Фики во шоуто „Како две капки вода“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=101&v=zj6_EyOTzeE&feature=emb_logo    ]]>