бројаница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Jan 2022 13:58:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бројаница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гуру Харе и Тања Тас заедно во уште една своја попатна музичка станица ви ја претставуваат – „Бројаница“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-tanja-tas-zaedno-vo-ushte-edna-svoja-popatna-muzichka-stanica-vi-ja-pretstavuvaat-brojanica-video/ Wed, 12 Jan 2022 13:58:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234645

Македонскиот гитарист и автор Игор Атанасовски попознат на јавноста под уметничкиот псевдоним Гуру Харе, има новата инструментална песна. Овој пат во соработка со Тања Тас пејачка на групата „Темпера“. Песната се вика „Бројаница“ и покрај Тања како вокал, во нејзината реализација учествувале Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани. Автор на музиката, текстот и аранжманот е самиот Гуру Харе, кој исто така ги свири сите гитари. Песната е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ кај Мите Димовски кој ја потпишува музичката продукција на „Бројаница“. Тања Тас го направила и видеото со кое е илустрирана оваа баладична рок-блуз тема која е вокално лирична, амузички помалку поитсетува на нешто помеѓу сентиш темите на првите албуми на Марк Нофлер и неговите  „Dire Straits“ и музиката на Крис Риа... Можеби најмногу заради гитарскиот призвук и начинот на кој се отсвирени гитарските делници иако заради емотивно отпеаниот вокал песната води во еден сосема друг правец. Во секој случај „Бројаница“ е тема што логично ја продолжува низата на разноличност, а сепак со препознатлив гитарски печат на еден од најавтентичните и највпечатливите македонски гитарски мајстори и рок/блуз автори, Гуру Харе. ]]>

Ова е вистината за бројаницата: Aко сакате правилно да ја користите мора да го знаете ова https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-vistinata-za-brojanicata-ako-sakate-pravilno-da-ja-koristite-mora-da-go-znaete-ova/ Thu, 06 Sep 2018 15:02:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46448

Многумина ја сметаат само за украс на раката, без да го знаат нејзиното суштинско значење. Бројаницата е „оружје“ за молитва и мир. Таа треба да има 33 јазли и најчесто се носи на рака. Има и многу поголеми, но повеќето ја носат онаа „класична“ бројаница. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа потсетуваат на сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Бројаниците за време на молитвата ги држиме во левата рака затоа што со десната се крстиме, па не е можно да се одбројуваат молитви и да се крсти во исто време. Кога бројаницата не ја користиме за време на молитва, а тоа е нејзината улога, тогаш е најдобро да ја оставиме на некоја полица каде што го чуваме молитвеникот, Светото Писмо кое го користиме за молитва. Исто така бројаницата можеме да ја носиме со себе, ако одиме на пат или слично. Тогаш можеме да ја спакуваме заедно со молитвеникот или да ја ставиме околу зглобот на левата рака. Зошто лева рака? За да не се случи при користење на десната рака постојано да мавтаме со бројаницата или негде да ја закачиме по што би се скинала или слично, бројаницата ја држиме во левата рака. Меѓутоа најдобро е бројаницата да не се носи како реклама, туку да се користи при молитви далеку од очите на љубопитните. Таа не е никаков талисман нараквица за среќа, ниту нараквица со која децата поубаво ќе спијат и нема да имаат кошмари. Нејзината улога и цел е поврзана само низ молитвата и никако поинаку.]]>