брои – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Dec 2020 08:33:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png брои – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емилија Розман на себесвојствен начин ги брои деновите до Нова Година: Наместо новогодишна елка, хумор на своја сметка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-na-sebesvojstven-nachin-gi-broi-denovite-do-nova-godina-namesto-novogodishna-elka-humor-na-svoja-smetka-foto/ Mon, 14 Dec 2020 08:27:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180577

Нова Година и Дедо Мраз, елка, лампиони, украси, сијалички, слатки и подароци... И се разбира весела, опуштена атмосфера, полна со радост, песна, дружење, забава... Вака некако сите ја замислуваме и дочекуваме Новата Година и деновите пред најлудата ноќ, кои вообичаено се денови на опуштање и дружење... Но за жал, не и годинава, зашто оваа веројатно беше најлошата година од почетокот на новиот милениум. Затоа и нема атмосфера како што е вообичаената пред новогодишните празници, ниту пак расположението може да биде такво после се' што ни се случуваше и се' уште се случува во годината на корона пандемијата, со многу заболени и изгубени животи. Затворени, изолирани, депресивни, отуѓени, асоцијални... Стануваме лошо друштво и за себе, а камо ли за околината, во која колку и да сакаме, колку  и да имаме желба и волја, се' помалку имаме можност за дружење со блиските, роднините, пријателите, другарите, колегите... Најчесто дома, во четири ѕида, со мобилниот в рака, покрај компјутерот или телевизорот во виртуелниот свет на дигиталната технологија, изгубени во морето различни информации и лажни вести, збунети, конфузни, некако осамени во душата, дури и кога не сме сами...! Затоа многумина од нас и ги бројат деновите до Нова Година, која сите едвај чекаат да дојде само со една цел: За што побргу оваа 2020 да замине... Да ја испратат во неповрат и никогаш повеќе ваква да не ни се повтори.  И додека некој брои на прсти, друг гледа на календар, трети ги бројат викендите, останатите ги бројат обврските и сето она што им останало да го завршат како обврска до Нова Година, Емилија Розман ги брои деновите до 31-ви декември на себесвојствен начин. Единствен и оригинален! Имено, за македонската мисица, манекенка и модел како што е познато, оваа 2020 година беше „несреќна“ не само заради коронапандемијата која ја погоди и неа како и сите нас, особено нејзиниот бизнис за цвеќе, подароци и нивното аранжирање и пакување. Госпоѓица „Розмантична“ летово влета во романтична авантура, која за 24 часа се претвори во свршувачка, од која убавицата излезе само за неколку недели. Експресно кажа ДА, па се премисли и покаја и по кусо „брачно искуство на одредено време“, се разиде со свршеникот... Според неа благовремено, и тоа на неодредено! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emilija-rozman-se-razvede-se-omazi-za-momche-shto-go-poznavashe-edvaj-24-chasa-a-se-razvedoa-po-brak-od-samo-nekolku-nedeli/ Токму ваквата годинешна животна случка, Розман ја искористи за шега на сопствена сметка според која ги брои деновите до Нова Година: Еееј уште 2-3 брака и разводи и оп, Нова Година“ - напиша (одново) госпоѓица Розмантична на својот Фејсбук профил, правејќи хумор на своја сметка наместо да кити новогодишна елка! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>

Елена Миленковска „брои ситно“: „Едвај чекам да го запознаам…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-broi-sitno-edvaj-chekam-da-go-zapoznaam-foto/ Sat, 30 May 2020 07:57:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151867

„Ѕвездите на Гранд“ можеби не им донесоа победа на Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ, но затоа им донесе љубов, брак, а наскоро и нов член на семејството. Елена Брои ситно.., Денови, а можеби само часови се во прашање, кога новиот член на семејството ќе ја здогледа виделината на денот. Она што се знае дека во прашање е машко. Момче, за кое Елена и Гуте оддамна наголемо се подготвуваат. Од детска соба, креветче, постелнина, облека, обувки, козметика за бебешка нега... па се' до тоа како ќе се вика нивното прво чедо! Името исто така мина и беше одбрано како и тие во “Ѕвездите на Гранд“ - на аудиција. Распеаната брачна двојка на „Инстаграм стори“ играше игра односно анкета, па ги замолија фановите да праќаат што мислат како ќе се вика наследникот. Тие добиле околу 600 пораки, а тој одлучи со фотографија да го открие името на синот. „Вчера бевте креативни, добив околу 600 пораки со разни имиња. Меѓу нив имаше и точни, но не ви одговорив бидејќии со оваа фотографија сакав да ви го откријам името на бебето. Максим Маринковиќ, како ви звучи“ - напиша тогаш сопругот на Елена на социјалните мрежи. Сега кога малиот максим е на прагот да го запознае овој свет, Елена со нетрпение го очекува неговото доаѓање. „И така седам, пијам кафе, гледам како се мрда, понекогаш малку претерува па тоа малку ме нервира, а всушност ништо не ме нервира. Понекогаш си велам: Сине, побрзај веќе ми е многу тешко, а всушност ништо не ми е тешко. Размислувам, како едвај чекам да го запознаам“ - напишала Елена во својот последен пост покрај фотографијата на која го пие своето утринско викенд кафе, очигледно нестрпливо  очекувајќи во секој момент да ја доживее најголемата животна радост.  ]]>