бричен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jul 2021 07:24:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бричен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога ќе „извисиш“ кај берберот: Панчо – ДНК си најде партнер кој никогаш нема да го изневери, па се бричеше среде пат за на настап… на „Валандовско брдо“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-izvisish-kaj-berberot-pancho-dnk-si-najde-partner-koj-nikogash-nema-da-go-izneveri-pa-se-bricheshe-srede-pat-za-na-nastap-na-valandovsko-brdo-foto/ Wed, 07 Jul 2021 07:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209953

Коронавирусот има својство да мутира, па иако најновиот сој е во развој и атак да не „поплави“ и нас, власта реши се' уште да не реагира и да не држи со олабавени мерки. Естрадата која страдно чекаше година и половина, максимално го користи моментот да се зграпчи што може да се зграпчи, да се има што повеќе настапи, зашто како што стојат работите, од есен галиба не чека нов карантин! Ар -ен - би двоецот „ДНК“ се меѓу оние кои тргнаа по свирки низ клубовите и дискотеките, по бзените и плоштадите... секаде каде што може да се настапува во Македонија, па така Струмица им беше една од првите концертни дестинации. Арно ама, на настап не се оди неподготвен, па Панчо и Андреј заради долгата пауза, мораа одново да се „состават“ со бендот музичари кои ги придружуваат на сцена, а материјалот одново да се освежи и увежба. А кога по цел ден имаш проби, немаш време за себе, па така нешто морало да трпи... Да биде „колатерална штета“ помеѓу музиката и квалитетот на настапот и личниот изглед! Бидејќи публиката секогаш има предност, Панчо пред пат кон Струмица не стигна да закаже термин кај својот бербер, па на настап тргна неизбричен! Од немање пусто време за себе, ама затоа со себе секогаш го има верниот пријател... Партнер кој никогаш нема да го изневери и остави „на цедило“, па така беше и овој пат! Само што во оваа прилика Панчо на „партнерот“ се сети на половина пат или некаде пред крај, пред да стигне на одредената дестинација - Струмица, во која ако патувате по автопатот Скопје - Гевгелија, некаде кај Валандаво треба да се исклучите од него, па за да стигнете до Струмица, мора да возите преку прочуеното „Валандовско брдо“! А среде тоа ритче, мала висорамнина и на неа распослано село Костурино... Е токму тука, Панчо се сети дека не е баш најличен ако не е бричен, па посегна по „партнерот“ за да му го избричи... Лицето, секако и брадата на него. Таблата на патоказот одлично место за затскривање, камерата на мобилниот уште подобра замена за огледало, а партнерот верен како пес, за миг Панчо го ослободи од брадата и насобраниот стрес, дека на настапот нема да биде личен, ако не се појави тазе бричен! Со ваков „партнер“ како овој на Панчо нема ни лабаво, ни тврдо... Колку и да е моментот специфичен, ДЈ Шорти за миг личен - бричен, та било тоа и среде „Валандовско брдо“! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial
]]>

Личен, бричен, стрижен… „до последно влакно“: Зоран Џорлев непрепознатлив, со тотална трансформација, но и важна порака (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lichen-brichen-strizen-do-posledno-vlakno-zoran-dzorlev-neprepoznatliv-so-totalna-transformacija-no-i-vazna-poraka-foto-video/ Tue, 17 Nov 2020 08:46:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176388

Нему музиката му е во гените, уште откога се родил, па и пред тоа... Син на македонската фолк легенда, покојниот инструменталист и автор на народна музика, неповторливиот Наско Џорлев, тој уште од дете ќе се сретне, запознае и вљуби во музиката, во својот инструмент - виолината. Како еден вид негова професионална „животна сопатничка“, нераскинлив дел од него, неговото знаење, умешност, виртуозност, професија... Денес и самиот врвен инструменталист, професор, познато и признато музичко и уметнничко име... Или, Зоран Џорлев и веднаш се' ви е јасно, се' е кажано! Познат по сето она што години наназад го работи, но и по препознатливииот изглед и имиџ: Очилата за дипотрија, долгата собрана коса, некогаш руса, сега малку подобелена, долгата исто таква брада. Трејд марк, заштитен знак на најпознатиот македонски маестро на виолина. Арно ама, се' до сега... Или поточно,  до пред некој ден, кога маестро Џорлев реши од корен  да го смени својот имиџ... И тоа „до последно влакно“! Имено, Џорлев објави нови фотографии на социјалните мрежи на кои е тотално непрепознатлив. Без очила, кратко потстрижан, избричен... како да е друг човек! Во секој случај, помлад, за многумина поубав и поличен. Впрочем многубројните коментари најдобро ја потврдуваат оваа теза, дека вака Џорлев изгледа баеги подмладен! Меѓу нив и голем број познати и јавни личности, блиски пријатели на „бричениот маестро“, кои не го криеа своето воодушевување: Од сите нив, најгласен неговиот внук, новопечената млада  „Гранд ѕвезда“, Огнен Здравковски, кој му порача: „Крвта не е вода. Момче... најубав и најсакан вујче“! Нешто пред тоа, новиот имиџ маестро Џорлев го искористи за да се приклучи кон една хумана акција, иницијатива или поточно кампања за поддршка на органодарителство на националното здружение за донирање човечки органи „Храбро срце“. Погледнете го видеото и слушнете ја пораката на маестро Зоран Џорлев: https://www.youtube.com/watch?v=xulZX4bBz3s&feature=share&fbclid=IwAR1hLeF2eSwRHpZ5BhRgCQYLfRhzWGoTtQLCUQqzoqfo-TV7T0FUfYRaV7I        ]]>