брендирана гардероба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Apr 2023 08:50:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png брендирана гардероба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска не само „кралица на бакшишот“, туку и „кралица на девизните подароци“: Држи се ќерко за цврст курс…! https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-ne-samo-kralitsa-na-bakshishot-tuku-i-kralitsa-na-deviznite-podarotsi-drzhi-se-kerko-za-tsvrst-kurs/ Thu, 27 Apr 2023 08:44:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299619

Марија Луиса Тодоровска, битолската фолкерка со скопска адреса на привремен престој за кусо време откако се „пресели“ во македонската престолнина направи кариера. И тоа онаква, каква што ретко која пејачка успеала: Без ниту една своја песна стана медиумски позната, популарна меѓу луѓето и газдите на уготителските локали и ноќни клубови, што и донесе не само слава и популарност, туку и грст нови тезги. И она што е најважно, Марија Луиса Тодоровска, преку ноќ како „естрадна пепелашка“, од речиси анонимна пејачка се претвори во некрунисана „кралица на бакшишот“. Кога веќе толку добро заработуваш, редно е себе си да си приуштиш нешто што ретко кој од другите може, а кај жените, особено оние од естрадата, тоа најмногу се огледа во гардеробата, облеката, обувките, накитот, аксесоарите, козметиката, парфемите... И ако порано се носеа работи достапни за сите, сега работите се променија, па  пејачката се почесто може да се види во скапи брендирани парчиња облека и обувки од најпознатите и најскапи светски марки. Од Луј Витон, Гучи и Москино, до Гес и Долче Габана... Од фустани, блузи и паричници, до чантички, патики, сандали и чевли на високи потпетици... Фолкерката речиси секојдневно со нив умее да се пофали, да ги покаже, да се изрекламира... Неретко со нив испружена во кревет па дури и легната во када и џакузи...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by mkestrada (@mkestrada__)

Едноставно, Марија Луиса од „локална фолк пепелашка“ како со магично стапче, за кусо време се претвори  во скапо дотерана „фолк принцеза“ која го обожава мирисот на розите. Особено кога „розите“ се убаво спакувани во кутија во облик на срце и како што барем на неа пишува, со љубов подарени!? А кога срцето ќе го отвориш, тогаш многу сништа можеш да си оствараш. Зашто твоите погледи залепени за скапите излози, ваквите „рози“ за миг можат да ти ги претворат во стварност, а желбите во реалност. Токму затоа битолската фолкерка и го обожава мирисот на розите, или како што вели ружите... Зашто со овие „ружи“ може многу тоа да си пружи... од Луј Витон до Гучи! Оттаму  Марија Луиса Тодоровска не само „кралица на бакшишот“, туку и „кралица на девизните подароци“ со цврст курс... Која барем според споделеното на нејзините Инстаграм приказни, очигледно се држи до девизата, како онаа во песната на Мица Трофртаљка: „Држи се ќерко за цврст курс...!  Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska Видео: Јутјуб/Mica Trofrtaljka]]>

Наум Стоилковски „си набави“ парче од запленетата брендирана облека на Боки 13: Портпаролот седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон на Боки Тредичи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-stoilkovski-si-nabavi-parche-od-zaplenetata-brendirana-obleka-na-boki-13-portparolot-sedna-da-se-shisha-i-brichi-vo-luj-viton-na-boki-tredichi-foto/ Fri, 03 Jul 2020 08:23:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156876

Бојан Јовановски заедно со Катица Јанева се се' уште неправосилно осудени за аферата „рекет“ на 9 односно 7 години затворска казна. Жалбите до повисоките судски инстанци ќе ја донесат конечната разрешница, додека во исто време на Боки 13 му се товарат нови дела за крими-приказната со т.н. „Меѓународен сојуз“. Во меѓувреме, како што е  познато судот му ја конфискуваше целокупната брендирана гардероба, накит, обувки, мебел, уметнички слики... што претходно му беа запленети на самонаречениот газда на некогашната 1ТВ. И многумина колекционери на брендирани парчиња веднаш почнаа да се прашуваат каде ли ќе заврши скапата роба од гардероберите на Боки 13, ќе има ли аукција, лицитација, ќе се продава ли, ќе може ли да се купи на јавно наддавање, на оглас или некако поинаку...? И додека трендсетерите се мислат и распрашуваат како да дојдат до некое скапо брендирано парче од гардеробата на Боки 13, некогашниот колега- новинар, денес еден од актуелните портпароли на  ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, веќе го носи на себе. Корпулентниот Наум и Боки ниту оддалеку сега не носат ист конфекциски број, ама затоа Наум се потруди да носи иста марка. Како дошол и од каде се снашол па ја нашол марамата на Боки 13, која сега ја искористил како „фенси“ престилка, само Наум знае!? Исто како што Боки рече дека знае каде завршија торбите со парите од „Рекет“, така и Наум знаел како да дојде до брендирано парче од Боки. Само што „браќата - муртинци“  торбата уште не ја покажале, а потпаролот веќе седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон престилката на Боки Тредичи! И тоа не било каде, туку карши еден изборен штаб на СДС. Колку за инает, да пукнат од бес! Патем, додека се средуваше, ги почна своите „берберски муабети“ во кои тргна да ги боцка и зајадува комшиите од спротива, само онака како што Наум знае: Не знаеме дали имало реакција од каршија, ама затоа знаеме две работи: - Како прво, фризурата - топ, косата саглам потсрижана, брадата по пропис фазонирана, зашто берберот има визија како треба неговиот најпознат муштерија да го среди за на телевизија. - Како второ, со оваа наша  божемна или таканаречена „кромид приказна“, само сакавме да го потсетима бившиот колега на времето кога беше човек од нашата фела, па меѓу сето останато ги правеше неговите „кромид вести“ во порталот „Република“ за нивната читателска публика... И на сето ова се надоврзуваат уште два важни повода, кои не се „кромид вести“: Ден денешен - Свети Наум Охридски, за сите празник, нему ем именден, ем и роденден... Епа, нека му се за многаја лета!  ]]>

Боки 13 го оставија „по гаќи“: Се’ што му беше запленето, ќе му биде конфискувано https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-go-ostavija-po-gakji-se-shto-mu-beshe-zapleneto-kje-mu-bide-konfiskuvano/ Thu, 18 Jun 2020 10:52:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154425

Конфискација на предмети и на пари на осудените  Бојан Јовановски и Катица Јанева, определи денеска судијката Васка Николовска-Масевска при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“. Како што беше речено, на Боки 13 му се конфискува облеката и накитот од скапи брендови, што му беа одземени од страна на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, како и повеќе уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет. На Јанева, пак, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема пари на сметките, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело. Денеска Кривичниот суд, Скопје на Јанева и Јовановски им изрече затворски казни во траење од 7 и 9 години.   Извор:Курир.мк Фото:Боки13/Инстаграм принтскрин]]>

Сораја покажа дека е мераклика на Луј Витон, бунда од визон и голем питон! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/soraja-pokaza-deka-e-meraklika-na-luj-viton-bunda-od-vizon-i-golem-piton-video/ Sat, 05 Jan 2019 10:15:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66252

Српската старлета Сораја Вучелиќ потврди две нешта: дека е голема мераклика и на скапи парчиња облека, обувки, накит... од познатите светски брендови и на домашни „галеничиња“.
Имено, таа најпрвин чуваше мачка од ретката раса Сфинкс, која е мошне специфична зошто е една од ретките кои се раѓаат без крзно и некои сметаат дека се многу грди, па дури и  страшни. Сораја токму своето „голо маче“ го чуваше како „очите во глава“, спиеше со него, го гушкаше, милуваше, бакнуваше… па дури и го капеше во када со млеко и свежи цветови... се додека некој не и ја уби, додека таа била отсатна од дома.
Старлетата утеха најде во две нови животинчиња: песот и џуџестото прасенце кое го крсти Артур.
Но, откако и мина меракот на нив, таа одлучи дома да чува многу поредок, понеобичен, и побрутален куќен миленик.
Во меѓувреме, меракот за нови, брендирани парчиња скапа облека очигледно, никако не и минува, па старлетата за Нова Година се пофали со три нови нешта:  Луј Витон, бунда од визон и голем питон!
Брендираната гардероба ја покажа со се' кесите, бундата не ја соблече од себе ни за Нова Година...
А, питонот, го пушти да шета по домот! Поточно по троседот, меѓу перничињата... Чисто онака, по инерција. Впрочем, старлетата оддамна е навикната да легне покрај... голем питон!
 
View this post on Instagram
 
My new pet ? like this jacket @faustopuglisi ??

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

]]>