брејк а лег – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Nov 2023 12:22:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png брејк а лег – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Клубот „Брејк а Лег“ од Македонија ќе биде организатор на Светското првенство во хип хоп 2024 година https://arhiva.vistina.com.mk/klubot-brejk-a-leg-od-makedonija-ke-bide-organizator-na-svetskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-2024-godina/ Wed, 01 Nov 2023 12:22:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324954

Клубот „Брејк а Лег“ следната година, од 8 до 17 октомври го организира Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Основачот на најуспешното студио за хип хоп и модерни танци во Македонија „Брејк а Лег“ Трајче Петковски го потпиша договорот за организирање на светското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО) што се одржа во Полска, во присуство на претседателот на ИДО Д-р Велибор Срдиќ, организаторите Ана Биали и Валдемар Кречко. Петковски истакна дека повеќе од 4500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.
“Светското првенство е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст за танц. Упатувам голема благодарност до Светската танцова организација која искрено го препозна нашиот долгогодишен труд, но и заложба за развивање на модерните танци во земјава. Горд сум што следната година ќе бидеме организатори на овој важен настан и ветувам дека ќе понудиме одлична програма која ќе го привлече вниманието на љубителите на танцот и на сите граѓани“, рече Петковски.
Во своето 15 годишно постоење, „Брејк а Лег“ има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Во 2016 година, беа светски вице шампион, една година подоцна европски шампион и во периодот од 2010 до 2023, секоја година се финалисти на светското првенство.]]>

Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга – „Фреквенција“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-odnovo-vibrira-samo-sega-na-druga-frekventsija-video/ Thu, 08 Jun 2023 06:40:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305422

Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс во јавноста ја обзнани својата нова песна,  со која ни подари освежувачко транспортирање на една поинаква енергија. Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката... Особено ако е така создадена не само да ја слушнате, туку и да ја почувствувате со сите свои сетила, на една сосема друга „Фреквенција“, како што гласи насловот на новото музичко остварување на познатата македонска харфистка и поп пејачка. Нејзината „Фреквенција“ зрачи со енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите како забавна „мелодична четка“, а вајбот во неа како и видеозаписот се инспирирани од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки ритам и расположение.

Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.

Видеозаписот е замислен да биде визуелна манифестација на новата песна на Сара, како урбан простор со колоритно фокусирани делови и футуристички предмети.

Истите сами по себе го надополнуваат расположението и „вибрацијата” во која Сара Мејс го изведува својот софистициран, суптилен еротски танц, кој зрачи со силен возбудлив еротски набој, иако во видеото нема ниту еден експлицитен кадар. Едноставно,  Сара Мејс одново вибрира, само сега на друга - „Фреквенција“! 

Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото во продолжение откако ќе кликнете и успеете да се најдете со Сара Мејс на иста “Фреквенција“. ]]>

Солзи, еурофија и трема каква немале никогаш досега: Димитар и Сара Мејс не беа свесни што дочекаа од ќеркичката Илина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/solzi-eurofija-i-trema-kakva-nemale-nikogash-dosega-dimitar-i-sara-mejs-ne-bea-svesni-shto-dochekaa-od-kerkichkata-ilina-foto/ Wed, 07 Jun 2023 06:46:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305247

Сара Мејс и Димитар Атанасовски вчера „ги болеше“ кожата од ежење, од убаво, возбуда, еуфорија, трема, сублимат од чувства што експлодираат во еден родител кога го гледа, бодри и навива за своето дете кое се натпреварува и бори за нешто. Целата оваа возбуда кај мама Сара и тато Димитар ескалираше кога нивната неследничка, ќеркичката Илина и групата дечиња со кои танцува во студиото „Брејк а лек“ и донесоа победа на Мекедонија. Макединското знаме на врвот, а нашите најмали станаа победници на европскиот натпревар во хип-хоп. Сара за ова никако не можеше да не се пофали и да каже дека „пука“ од гордост и среќа за својата наследничка која се почесто знае да и носи дупла возбуди во еден ден и тоа уште од раѓање. -Европскава шампионка денес ме направи најсреќна и најгорда мајка на светот! Си се изнаплакав поштено. Пукам од убаво! Секоја чест „Брејк а лег“ студио за посветеноста и напорната работа која евидентно се исплатеше! И да, поврзани сме од сам старт со малово. Битните датуми за мене, секогаш дупло повеќе ги разубавува. Дента која ја вадев “Црна капина” , се роди она, денес ја вадам “Фрекфенција”, она стана европски шампион, напиша Сара која покрај успехот на Илина ја промовираше и новата песна и спот. Тато Диме не остана покус, а за ралика од Сара беше нешто пократок, ама доста јасен со тоа како се чувствува од еуфоријата и среќата која му ја донесе ќеркичката. -Илино ма, што ми направиии?- напиша тој во описот на една од многуте „стори“ оибјави кои ги нареди од натпреварот. Фотографии со металот и победничката не можеа да изостанат во никој случај, а бидејќ и љубовта и пасијата кон нештата се негуваат од мали нозе, можеби Илина ќе ја продолжи со танцот кој добро познато е дека го сакаат мама и тато. Честитки! фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс]]>

Лара Иванова има ново – „Ремек дело“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-ima-novo-remek-delo-video/ Tue, 07 Jun 2022 13:09:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253393

Со брз ритам за играње и сцени како од најубавиот холивудски филм, новиот проект „Ремек дело“ на младата пејачка Лара Иванова е дефинитивно моќна порака до публиката дека треба да се вложува во македонската модерна музика. Масовна продукција и интригантното сценарио во кое младата пејачка ги покажува и своите танчерски способности заедно со членовите од училиштето за хип хоп и модерни танци „Break a leg “, кореографија на Миа Ристевска, зборуваат за нешто сосема различно и нешто ново на македонската музичка сцена кое може да се мери со светските музички проекти. Фузијата на сексапил и уметност, преку брзата промена на кадри и секогаш присутниот фактор на изненадување, го карактеризира овој видео-спот како Светски продукт, а во кој ЛАРА уште еднаш го потврди статусот на една од идните македонски поп ѕвезди. На почетокот и на крајот на песната, со јасна порака до младата публика, водителката Сандра Јовановска апелира сѐ почесто да се слуша македонска музика. Спотот за песната со филмски сцени – дело на Ѓорѓи Вацев, е нешто сосема поразлично од сѐ што сме можеле да видеме до сега. Песната има моќ ве подигне, да ве натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците. Текстот, како и досега во песните на Лара, е збир од стихови кои креираат содржина достојна за паметење навек, а овојпат и зачинет со нејзин удел. „Ремек дело” е создадено од Лара, македонскиот музички продуцент Дарко Димитров и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека македонската музика има иднина. Дали е тоа така, проследете, па проценете сами во од новото „Ремек дело“ на Лара: ]]>

Наташа Малинкова има нова песна, па откако ќе ја слушнете, на вас останува дали ќе кажете – „Немам зборови“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-ima-nova-pesna-pa-otkako-kje-ja-slushnete-na-vas-ostanuva-dali-kje-kazete-nemam-zborovi-foto/ Thu, 24 Jun 2021 10:55:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208265

Сведоци сме дека корона-пандемијата полека се смирува што беше доволна причина за повеќето протагонисти на македонската музичка естрада да ги засукаат ракавите и да почнат со создавање нова музика за својата публика. Една од нив е познатата пејачка Наташа Малинкова, една од најбараните кога станува збор за „тезгите“, односно живите настапи. Таа пред само еден ден ја објави својата најнова песна „Немам зборови“, за која сними и прекрасен видеоспот. Се разбира, Малинкова и овојпат му остана верна на својот соработник Столе Аврамов, кој стои потпишан и зад оваа нејзина најнова песна. „Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сит мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција“ - ни изјави Малинкова. Инаку Наташа и режисерската палка му ја довери на познатиот Даниел Јовески и „Дигитал Бокс Продукција“, кои се погрижиле да направат одлично видео. Покрај Малинкова во спотот се појавуваат и девојките од „Брејк а Лег“, како и Мина Здравкоска и Стефан Николиќ. „Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња“ - вели Наташа. Но, да не должиме многу, погледнете, слушнете, „лајкнете“, споделете и уживајте: ]]>