брчки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 08:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png брчки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каролина Гочева повторно соочена со истиот проблем за кој јавно побара помош: „Ова се истите лаги“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-gocheva-povtorno-soochena-so-istiot-problem-za-koj-javno-pobara-pomosh-ova-se-istite-lagi-foto/ Mon, 05 Feb 2024 08:25:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337371

Лажни профили, реклами за козметички препарати, разни алтернативни лекови за подобро здравје и што ли уште не може да се сретне на интернет просторот од социјалните мрежи. Познатите се одлична прилика како промотори за истите, но тие не секогаш вистински се дел од тоа или лица на ваквите кампањи, особено не за некои досега неслушнати имиња на козметика. Каролина Гочева, Калиопи, Антониа Гиговска, се само дел од познатите дами кои се соочиле со ваквата дигитална злоупотреба, некои од нив само еднаш и со брза реакција за решавање на проблемот и отстранување на лагата, односно дека не заштитни лица на истото.   Па така, со повторна или репризна злоупотреба на нејзиниот лик во реклама за крема против брчки е Каролина Гочева чие лице ќе го видите од оваа лажна објава. Ваквата објава кружеше на Фејсбук и тоа како спонзорирана, а пејачката веднаш се огласи со брза реакција на своите профили, а наедно побара и помош од сите оние што ќе ги забележат овие објави да ги пријават. Изминатиот период Каролина и навистина беше лик за промоција на препарати за убавина, но за конкретниве ни самата чула, а најмалку да ги пробала или склучила соработка. Времето на лаги и измами на социјалните мрежи зема се поголем замав, затоа разумно и со резерва треба да се земат профилите и објавите на истите. фото: Instagram printscreen/ karolinagocheva/ Facebook/ Karolina Goceva]]>

Страв од стареење: Тијана Дапчевиќ по разни третмани за лице не одолеа и заврши на игла (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/strav-od-stareene-tijana-dapchevik-po-razni-tretmani-za-litse-ne-odolea-i-zavrshi-na-igla-video/ Wed, 27 Sep 2023 07:30:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319833

Пејачката Тијана Дапчевиќ (47) повеќе од 20 години оди на козметичари каде посегнува по разни третмани. Во овој поглед, таа нужно ги следи трендовите и иновативните решенија кои и овозможуваат да изгледа негувано и свежо. Досега естетските интервенции на Тијана Дапчевиќ беа благи, најмногу поврзани со чистење на лицето, маски за лице и коктели, но со текот на годините стануваа се поинвазивни. Сосема е нормално една поп-ѕвезда со вистински знаци на стареење да го промени начинот на кој се грижи за себе, бидејќи кожата се менува, ја губи еластичноста, се јавуваат хиперпигментации, разредување и мимички брчки. За среќа, за секој од овие типови проблеми денес постои адекватен третман, кој Тијана исто така го практикува барем еднаш месечно. За негата на лицето, вратот и деколтето е заслужна козметичарката од центар за убавина, со која соработува долги години. Таа ги знае сите предности и маани на својата кожа и така се однесува, а токму тоа е рецептот за добар и негуван изглед со кој може да се пофали. Неодамна пејачката ги контактираше своите следбеници на Инстаграм од споменатиот салон, каде што точно посочи што направила со лицето. Естетските интервенции на Тијана Дапчевиќ првично вклучуваа Хидрафација или поточно третман кој дополнително го хидрира и храни лицето, а воедно и го подобрува тонусот. Потоа следеше масажа на лицето и деколтето, а потоа масажа со ледени топчиња кои го смируваа црвенилото кое настана по првиот третман. За за на крај да се одлучи за боцкање, односно мезотерапија и бреку игла да ги регенерира оштетените ќелии на лицето.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dr Maja Velimirov (@dr_majavelimirov)

Последна ставка во серијата беше нанесувањето на маска за регенерација на кожата која ја забрзуваат регенерацијата. Тијана веројатно задоволна од исходот, редовно е на ремонт, а и самата знае да се почегува, дека се’ тоа на неа е дело на тато само малу паднало, па треба да се поправи. фото:Принтскрин Инстаграм/Тијана Дапчевиќ]]>

Поради овие грешки кожата побрзо старее и се создаваат брчки https://arhiva.vistina.com.mk/poradi-ovie-greshki-kozhata-pobrzo-staree-i-se-sozdavaat-brchki/ Fri, 10 Feb 2023 12:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288421

Малите промени можат значително да придонесат за изгледот на кожата. Кога станува збор за нега на лицето, бидете внимателни Миењето е активност која е навика и за која не се размислува премногу. Со тоа што го третирате вашето лице на овој начин, правите некои од вообичаените грешки кога станува збор за негата, што може да предизвика вашата кожа да страда. Овие грешки може да доведат до лоша состојба на лицето: Ретко се миете Некои луѓе избегнуваат секојдневно миење, верувајќи дека на тој начин ги отстрануваат природните масла од кожата кои го прават лицето хидрирано и го штитат од негативни надворешни влијанија. Во ова има вистина, но доколку не се миете редовно, на кожата се акумулира вишок маснотии, што предизвикува воспаление и акни. Дефинитивно треба да го миете лицето секојдневно, два пати на ден. Ги користите истите производи и во лето и во зима Експертите советуваат во текот на летото да се користат посилни производи за нега и миење на лицето, како пени, гелови и други мијалници. Се препорачуваат препарати со салицилна киселина особено ако сте склони кон акни. Во зима, треба да користите понежни гелови за чистење кои немаат толку многу сапун во себе, бидејќи сапунот може да ја оштети заштитната бариера на кожата, која е неопходна за заштита на кожата во зима. Агресивни сте кон вашата кожа За да не го отстраните природниот заштитен слој на кожата, не треба да користите средства за чистење на лицето во комбинација со други, поагресивни производи. Ова ќе ја направи кожата чувствителна на надворешни влијанија и ќе ја зголеми можноста за иритација. извор:курир.мк фото:shutterstock]]>

Природен ботокс: Затегнете го лицето со само една состојка и заборавете на брчките https://arhiva.vistina.com.mk/priroden-botoks-zategnete-go-liceto-so-samo-edna-sostojka-i-zaboravete-na-brchkite/ Fri, 07 Oct 2022 12:15:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270612

Незамисливо е колку пари годишно жените (а и мажите) трошат на разни креми и лосиони кои ветуваат затегната кожа и младешки изглед. Меѓутоа, во повеќето случаи тоа се само пропагандни пораки, без конкретни научни докази кои би ја гарантирале ефикасноста на производот. Бројни студии покажаа дека употребата на пептидни биорегулатори може да доведе до вистинска револуција на ова поле. Професорот Хвејнсон, претседател на Меѓународното здружение за геронтологија и геријатрија и раководител на Институтот за биорегулација и геронтологија во Санкт Петербург, посвети години од својата работа на ова прашање. Со оваа тема се занимава уште од 1980-тите кога советските војници поради изложеност на радијација покажаа знаци на предвремено стареење и кога требаше да се најде начин да се забави процесот на стареење. По бројни студии, научниците открија дека улогата на пептидите во контролирањето на процесот на стареење е многу значајна, бидејќи тие делуваат на брчките одвнатре. Пептидот на пазарот е во форма на додатоци во исхраната, а бидејќи секој орган користи одредени пептиди, таквите додатоци можат да бидат наменети за крвните садови, црниот дроб, мозокот, панкреасот, очите, бубрезите итн. Тоа значи дека пептидите се корисни не само за здравјето и добриот изглед на кожата, туку и за целото човечко тело. Пептидите може да се најдат во леќата, гравот, костенот, гоџи бобинките и повеќето намирници кои содржат протеини. извор:курир.мк фото:Profimedia]]>

Најдобрата положба за спиење против брчки: Заборавете на памучните навлаки https://arhiva.vistina.com.mk/najdobrata-polozba-za-spienje-protiv-brchki-zaboravete-na-pamuchnite-navlaki/ Wed, 31 Aug 2022 11:39:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264916

Пред се, потребни ни се минимум седум часа сон за добро здравје, но спиењето во погрешна положба или на погрешна перница може да направи да изгледаме поуморно отколку што сме. „Huff Post“ интервјуираше лекар и експерт за убавина кој ја откри најдобрата поза за убаво и одморено лице по добар сон. – Спиењето на грб е најдобрата опција кога станува збор за намалување на брчките – откри дерматологот Мајкл Џејкобс. – Кога спиете на страна, кожата се собира бидејќи има притисок само на едната страна од лицето, што доведува до создавање на брчки – додаде тој. Ако се прашувате каков материјал е најдобро да се биде до кожата на лицето за време на спиењето, одговорот е свилата. – Свилените навлаки за перници се најдобри за кожата на лицето, како и нанесувањето на ноќната крема која треба да придонесе за обновување на кожата – заклучи тој. Ако не можете да се навикнете да спиете на грб, можете да набавите специјална перница од мемори пена. Обезбедува многу придобивки: ја намалува појавата на брчки, ја одржува кожата почиста и ги хидрира клетките на кожата, што го одложува појавувањето на брчките. извор:попара.мк]]>

Злата Петровиќ проговори за пластичните операции – наскоро ќе наполни 60 години, а еве дали променила нешто! (Фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zlata-petrovikj-progovori-za-plastichnite-operacii-naskoro-kje-napolni-60-godini-a-eve-dali-promenila-neshto-foto/ Mon, 13 Jun 2022 09:23:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253867

Злата Петровиќ неодамна проговори за пензијата, а сега и за пластичната хирургија. Таа наскоро ќе наполни шеесет години, а со децении е дел од естрадата и според многумина една од најценетите домашни пејачки. Нејзината пријателка Гоца Божиновска била на „ремонт“, а сега и  Злата откри  дали некогаш направила нешто на себе или сè уште планира. Можеби некои мислеа дека имала некои естетски интервенции, но Злата тоа го негираше и објасни зошто никогаш не отишла под нож, за разлика од повеќето нејзини колешки. "Замисли да одам на ботокс со овие мои образи, како би изгледала? Страшно! Не ми одговара, инаку би го ставила, но немам проблем со брчките. Никогаш не сум имала интервенции. Јас работам само на мозокот“- признала таа. Злата откри и дали јубилејот ќе го прослави со гала забава, како што сега е модерно. "Не знам каде ќе бидам. Можеби ќе одам некаде со децата, да патуваме заедно, но секој има свои обврски. Ќе најдеме начин да го поминеме тој ден", изјавила пејачката.   фото:Пинтскрин/Инстаграм/zlatapetrovic_fan
 ]]>

Грешка поради неа лицето брзо пропаѓа и се појавуваат брчки https://arhiva.vistina.com.mk/greshka-poradi-nea-liceto-brzo-propagja-i-se-pojavuvaat-brchki/ Thu, 10 Mar 2022 14:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242680

Отстранувањето на шминката е задолжително пред спиење, а бидејќи сите знаеме дека чистата кожа е важна, веројатно ќе направиме посебен „напор“ да ги отстраниме последните честички од маскарата, сенките… И во тој процес ја оштетуваме кожата, предупредуваат дерматолозите. Кожата околу очите е исклучително чувствителна, а секој агресивен „напад“ врз неа може да доведе до оштетување кое на крајот ќе предизвика брчки. Дерматолозите велат дека парче памучна вата или подлога треба да се натопи во средство, а потоа да се стави на затвореното око и само да се држи околу 30-40 секунди. На тој начин средстото ќе има време да ја стопи шминката, а нема да го иритираме окото со триење, кршење на трепките или оштетување на нежната кожа. Потоа само избришете го окото со памук и измијте се, па нанесете крем за очи, но да повториме – никогаш не тријте го со груби движења! извор:попара.мк]]>

Длабински хидрира и ја спречува појавата на брчки: Домашна маска за лице од само 3 состојки https://arhiva.vistina.com.mk/dlabinski-hidrira-i-ja-sprechuva-pojavata-na-brchki-domashna-maska-za-lice-od-samo-3-sostojki/ Thu, 07 Oct 2021 12:00:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222223

Оваа домашна маска за лице се користи 2 пати неделно, а резултатите за кратко време се видливи.
Сите жени кои имаат сува кожа, знаат дека таа честопати знае да изгледа безживотно и дека е прилично тешко да се врати нејзината природна свежина и сјај. Но, оваа маска е решение за овие проблеми. Комбинацијата од овие 3 состојки длабински хидрира, а веднаш по употребата на оваа маска се враќа сјајот на кожата.

Потребни состојки:

- 1 шака овесни снегулки - 1 белка од јајце - 1 лажица кокосово масло Измешајте ги состојките, нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува околу 15 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

Како овие состојки делуваат на кожата?

Белката е одлична за кожата од повеќе причини, а прво нешто што ќе забележите е ефектот на затегнување на лицето. Кокосовото масло длабински хидрира бидејќи неговите молекули се способни да продрат подлабоко во кожата и не се задржуваат на површината. Овесот помага кожата да ја заврши влажноста, а воедно прави и благ пилинг на лицето кој не е премногу груб за сувата кожа. извор: Кармин.точка.мк

Природен ботокс: Избришете ги брчките од лицето со рибино масло https://arhiva.vistina.com.mk/priroden-botoks-izbrishete-gi-brchkite-od-liceto-so-ribino-maslo/ Fri, 27 Aug 2021 12:38:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217101

Изберете го вистинскиот лек против брчки и не мора да се грижите дека ќе ве изневери Верувајте, најдобриот лек за брчки е рибиното масло. Содржи голема количина витамини А и Е, кои го забрзуваат процесот на регенерација на кожата, а исто така ја прават мазна и еластична. Ако се борите со мали брчки и старечки дамки, измешајте рибино масло со масна павлака и сок од лимон – доволно е само една лажичка. Нанесете ја смесата на кожата, почекајте 20-30 минути, а потоа отстранете ја со козметичка шпатула. Исплакнете ги остатоците од маската со претходно подготвен чај од камилица. Маската од рибино масло и мед совршено ги измазнува длабоките брчки. Добро измешајте лажичка рибино масло со иста количина мед. Нанесете ја оваа смеса рамномерно на кожата на лицето со лесни движења и држете ја само 20-30 минути. Потоа отстранете ја маската со марамче и исплакнете ги остатоците со топла вода. Нанесувајте ја оваа маска двапати неделно и наскоро ќе го видите посакуваниот резултат во огледалото. Чистото рибино масло е најефективното средство за отстранување на брчките околу очите. Дерматолозите препорачуваат да се применува пред спиење. Само држете го на кожата 20 минути, а потоа исплакнете со чиста вода. За да го подобрите ефектот, можете да користите рибино масло и надворешно и внатрешно, во форма на витамини.]]>

Фолк дивата ги запрепасти своите обожаватели: „Брено, изгледаш како плашило“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/folk-divata-gi-zaprepasti-svoite-obozavateli-breno-izgledash-kako-plashilo-foto/ Fri, 09 Apr 2021 08:33:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198334

Лепа Брена ги запрепасти своите обожаватели и следбеници со новиот стајлинг во кој се појави завчера на снимањето на едно музичко шоу. Во преден план беше нејзиното лошо нашминкано лице, полно со неправилности, па корисниците на социјалните мрежи коментираа дека изгледа како „плашило“. Пристигнувањето на популарната пејачка во студиото РТС изгледаше ветувачко. Брена се возеше во луксузен автомобил, средена од глава до петици, во долг црн фустан, со средена фризура. Сепак, кога дошла во бекстејџот за да даде изјави, многумина биле шокирани. На светлината можеа да се забележат сите несовршености на нејзиното лице, кои, ако се потрудела малку повеќе, можела добро да ги скрие. Фотографиите од тоа снимање почнаа да се шират на социјалните мрежи, а многумина беа разочарани од нејзиниот изглед. Уште еднаш внимание привлекоа нејзините уши, кои беа речеиси поврзани со лицето поради различни интервенции и ботокси. Сепак, најголемо внимание предизвика нејзиното лошо нашминкано лице. Сосема е логично дека жена во тие години има многу несовршености на кожата, дека брчките се видливи, но сето тоа може да се поправи со добра сценска шминка, за што фолк дивата овој пат не се потрудила. Имено, без разлика дали сама се шминкала или некој и помогнал во тоа, забележливо е дека пудрата што ја избрала е многу лоша и не одговара на нејзиниот сув тип на кожа, поради што Брена изгледа многу постаро и истрошено. Освен на Инстаграм, Брена доби најмногу негативни критики на Твитер. Луѓето беа запрепстени од нејзиниот изглед, па еден твитерџија го искажа своето мислење. „Лепа Брена ми изгледаше како страшило во синоќешната емисија на РТС. Шминката е ужасна, шминкерката не ја погодила пудрата за типот на кожата, изгледа суво, и се гледа секоја точка и брчка, а тенот воопшто не е среден. Жено, инвестирај во добар козметичар и третмани за нега, не само во ботокс“ - е коментарот на овој твитерџија кој доби поддршка од други членови на твитер заедницата. Фото: ATA images/ Инстаграм принтскрин/lepabrenaa]]>