браво продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 18 Dec 2018 11:12:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png браво продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фолкерот Боби Спасенцовски сними поп балада – „Ти родена си само за мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerot-bobi-spasencovski-snimi-pop-balada-ti-rodena-si-samo-za-mene-video/ Fri, 14 Dec 2018 11:55:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63206

Боби Спасенцовски на македонската јавност и е познат како пејач кој кариерата ја гради во фолк музиката. И додека деновиве се снимаат бројни новогодишни ТВ програми и емисии за највеселата ноќ и празничните денови за потребите на телевизите во кои покрај бројните фолк колешки и колеги учествува и тој, нему како фолк естрадата да не му е доволна, па простор за пошироко делување Боби се обиде да најде и во поп водите.
Така, деновиве тој ја промовираше својата нова песна и видеоспотот за неа, насловени „Ти родена си за мене“. преслушувајќи ја песната веднаш можете да заклучите дека се работи за класична забавна песна која нема никакви допирни точки со фолкот и она што досега Боби го работеше и пееше. Ако повнимателно го проанализирате насловот на песната и ги преслушате стиховите што ги содржи, станува јасно на прва дека некому истата е му е наменета.
Посветата на песната на неговиот Фејсбук профил, само ја потврдува тезата дека таа е напишана наменски и претпоставуваме, не случајно е забавна. Некому за подарок, на некој кој му е многу драг, без кого не може, кого го сака... А, тој некој, веројатно повеќе сака поп, отколку фолк музика! Но, сеедно...
Самиот Спасенцовски е и сам свој мајстор, односно комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот како и изведувач на песната, а истата е снимена во студиото „Сити саунд“ на Љупчо Соколовски.
Видеото го потпишува екипата на „Браво продукција“, а истото е снимено на локација на патеките на „Арт картинг центар“ и во него покрај пејачот и придружниот бенд, учествуваат прекрасните девојки, модели на најпознатото модно студио кај нас - „Црнокрак“!
Како звучи и изгледа „Ти родена си за мене“ проследете во продолжение: ]]>