браво бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Jul 2023 11:20:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png браво бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Браво бенд“ ќе го „уриваат“ Балканот со – „Катаклизма“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bravo-bend-ke-go-urivaat-balkanot-so-kataklizma-video/ Fri, 07 Jul 2023 11:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309450

„Катаклизма“ е насловот на новата песна на Браво бенд, која јавноста веќе има можност да ја чуе после повеќе од 5-годишна пауза од создавање авторска музика. „Не би сакале да звучи како клише, но паузата што ја направивме во изминатиот период одлично ни дојде за добро да размислиме во која насока ќе се движи нашата кариера во иднина, а заедничкиот заклучок е – ова е само почеток на сето она што публиката допрва ќе го чуе и види од нас“, велат членовите на Браво бенд. Интересно е дека „Катаклизма“ е песна снимена на српски јазик и во издание на Гранд продукција, а зад неа како автор на музиката се потпишува Александар Цветковиќ или Сале, фронтменот на Тропико бенд. Текстот е со потписот на Драган Брајовиќ-Браја, а аранжманот на Јован Лазаревиќ. „Зошто на српски јазик е прашањето кое ни го поставија сите кои ја слушнаа песната, а сигурно ќе ни го постават уште многумина - така е затоа што кога Сале ни ја пушти песната да ја слушнеме веќе беше направена на српски. Знаеме и дека голем дел од македонската публика ја следи естрадата во соседството, па некако сакавме да направиме еден камбек за домашната публика, но и да се претставиме надвор од нашите граници“, велат момците и додаваат дека паузирале само кога станува збор за правењето авторска музика, но не и кога се во прашање настапите. Со исклучок на периодот за време на пандемијата со корона вирусот, ние постојано настапуваме, па и сега едвај чекаме во живо да ја отсвириме „Катаклизма“,  од Браво бенд. Задоволен од соработката е и Сале – Тропико, кој признава дека му е исклучително драго што имал можност да соработува со членовите на Браво бенд за кои вели дека се одлични момчиња и, пред сѐ, неверојатни музичари. „Навистина ми е драго што со нив соработував на песната „Катаклизма“. Долго опстојуваат на македонската сцена, но со ова издание за Гранд продукција сметам дека им се отвора врата за целиот балкански пазар, а сѐ со надеж дека песната „Катаклизма“ ќе ѝ се допадне на публиката бидејќи е правена токму за Браво бенд“, вели Сале. Видеото за „Катаклизма“ во кое освен членовите на Браво бенд - Кире, Дејан, Мирослав, Драган, Момчило и Александар, ќе го видите и актерот Петар Стојанов, како и моделката Матеа Стојковска, е со потписот на неверојатниот Даниел Јовески. Проследете ја „Катаклизма“ на Браво бенд:  ]]>

Дали Антониа Гиговска и Иван Јованов од „Либеро бенд“ се исто како што беа Ноне и Ристе Тевдоски од „Браво бенд“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-antonia-gigovska-i-ivan-jovanov-od-libero-bend-se-isto-kako-shto-bea-none-i-riste-tevdoski-od-bravo-bend-foto/ Sat, 08 Oct 2022 07:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102648

Музичката кариера на една од најнадежните и најталентирани млади македонски пејачки Антониа Гиговска, па и приватниот живот и врската со Иван Јованов - пејачот на „Либеро бенд“, во многу што потсетува на музичко - љубовната сага на една друга не така оддамна позната македонска музичка двојка: Ноне Неделковска и тогаш пејачот на „Браво бенд“, Ристе Тевдоски.
И Антониа како и Ноне, кариерата ја започнува многу млада, а првите поголеми успеси обете ги доживуваат на тинејџерска возраст. На обете големата врата во светот на музиката ќе им се отвори на ист начин - преку регионално музичко талент шоу.
Ноне беше тогаш во регионалниот „Идол“ каде дотурка до самото финале, но не победи. Го освои второто место иако реално ја заслужуваше победата! Антониа исто така. Воодушеви во Пинковите „олстарс“ ѕвездички и нивната завршница, но не победи, иако и таа, како и Ноне - требаше...  И оттука работите тргнуваат да се движат забрзано кон врвот... и кај обете.
Тогаш Ноне станува ексклузивец на „Премиер продукција“ и ја започнува солистичката кариера. Се нижат првите хитови „Лесно ко два и два“, „Твоја сум“, „Најди малку време“... фестивалските настапи на сите домашни фестивали каде само заради познатите „задкулисни игри без граници“ никогаш не победи, но затоа пак публиката своите победници во вид на миленици самата знае да ги препознае и одбере.
Ноне станува најголемата млада македонска поп ѕвезда во првата половина на годините по 2000-та, сериозно фрлајќи ги во сенка веќе етаблираните македонски пејачки имиња како една Елена Ристеска или Тамара, на пример.
Кај Антониа се случува или е на пат да се случи речиси истото. Одличниот вокал, уште подобрата изведба и начинот на пренесување на емоцијата кон публиката во вокалната експресија и сигурниот настап  прават на веќе споменатите, но и на сите други македонски женски вокали, сериозно да им се затресе тронот, ставајќи ја Гиговска на пиедесталот на кој се најде во моментов со најдобрите македонски пејачки.
Впрочем, доказе вокалната поддршка на Тамара на Евросонг или „фабриката за звук и хитови на истиот човек“ - Дарко Димитров кој сега наместо некои други го користи гласот на Гиговска за поддршка на своите интернационални тезги, како што е случајот со првата песна на Луна Ѓогани, да речеме, на која Гиговска и ги отпеа придружните вокали, а можеби и повеќе од тоа.
Ноне набргу стартуваше со албум, прв, па втор, Гиговска ја очекува истото. Потоа за Ноне дојдоа настапите на најпознатите регионални фестивали како „Будва“, „Сунчане скале“ „Зеница“, „ Нови Пазар“... Повеќето од нив сега ги нема, но затоа ги има „Гранд“ и „Пинк“ и едн куп нивни емисии каде Антониа веќе ја знаат и сметаат на неа.
И тогаш дојде пресвртот во кариерата на тогашната, а веројатно и на сегашната пејачка. Но многу повпечатлив тогаш, а и сега е пресвртот на кариерите на  нивните „посилни“, а помалку познати половини, иако можеби подолго од нив биле, односно се во музичкиот свет пред очите на јавноста.
„Браво бенд“ имаа куп тезги, а секоја недела беа два часа во живо како придружна група во тогаш многу популарното ток шоу на Лила Филиповска. Покрај неа сите ги гледаа, ама нив никој поединечно не ги знаеше... Освен само мал круг музичари. Ноне беше поканета да биде гостинка во шоуто и тогаш се сретнаа погледите и заиаскрија првите љубовни искри помеѓу неа и тогашниот вокал на групата, Ристе Тевдоски.
Симпатијата бргу прерасна во „тајна врска“, која медиумите набргу ја обзнанија и така Ноне и Ристе од „Браво бенд“ станаа во тој момент најпопуларната музичка двојка во Македонија.
Приказната со Антониа Гиговска и однеодамна нејзиното момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов е речиси идентична. Групата свиреше и пееше, имаат безброј настапи, од кафулиња до свадби,  ама медиумски...? Речиси никој не знаеше како се вика по име и презима нивниот вокал, се' додека не излезе во јавноста дека е тој е новото момче на Антониа! И одеднаш види чудо, сите го знаат и препознаваат!
Врската на Ноне и Ристе со мали прекини траеше неколку години, се' додека пејачот славата не го удри в глава, па реши да ја напушти... И врската со пејачката и групата, па тргна соло! Но, се' што  направи потоа, беше далеку од успехот и популарноста кои Ристе ги имаше додека беше со Ноне и „Браво бенд“. Подоцна и самиот ќе признае дека врската со Ноне го извади од калта на анонимноста. Нивната разделба, веројатно и му ја закопа кариерата, а на Ноне и ја продолжи. Баладата „Зошто баш ти“ посветена на нивната љубов, стана евергрин!
За Антониа и Иван е рано да се каже, зашто се' уште се „тазе“ и се' уште „сркаат од љубовниот мед“. Но теглата бргу се празни, а кариерата уште побргу напредува, па останува да видиме дали и оваа музичко - љубовна приказна ќе тргне по истиот пат. Славата бргу опива и удира в глава, па некои веќе го гледаат Иван Јованов како „либеро“, односно како соло пејач, но...?
Со или без Антониа и во или надвор од „Либеро бенд“ -  времето ќе покаже! Зашто никогаш не е „лесно ко два и два“ нечија судбина однапред да се предвиди! Иако... „Никогаш не вели никогаш“!
 ]]>

Пандемијата „ја снема“, свадбите наголемо се вратија: „Браво бенд“ одново се во тренд! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pandemijata-ja-snema-svadbite-nagolemo-se-vratija-bravo-bend-odnovo-se-vo-trend-foto-video/ Wed, 02 Mar 2022 09:01:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241233

Коронапандемијата го запре светот на подолг рок... Сите планови, сништа, очекувања, како да останаа заглавени помеѓу борбата да се сочува здравјето како најважно од се и она што биле планови и очекувања, особено на една млада личност или поточно млада двојка. Многу млади невести токму заради Ковид 19 не ја облекоа својата венчаница, на ја остварија својата венчавка онака како што ја сонуваа, не ја направија својата свадбена веселба како што ја замислуваа, едноставно еден од најсвечените чинови во животот - стапувањето во брак  го „протуркаа“ онака и онолку колку што ситуацијата и здравствените протоколи дозволуваа или пак сосема го одложија и пролонгираа за подобри времиња. Сега откако се чини па макар тоа било и привидно дека коронапандемијата се стиша, се изгуби, замина или пак падна во сенка со украинската војна, свадбите наголемо почнаа да е враќаат. И тоа онака како некогаш, во полн сјај, во кој невестите и младоженците одново ќе блескаат, родителите ќе се гордеат, а сите заедно со роднините, пријателите, соседите, колегите... ќе се веселат на чинот на сплотување на двете млади души во ново семејство и потенцијално потомство. Музичарите и пејачите кои досега од естрадни за малку ќе се претвореа во страдни, одново имаат полни раце работа, термините се полни и преполни, нема слободен викенд, па дури и работните денови уште отсега се безицираат... Свадби се закажуваат наголемо од оние кои допрва треба да се мажат и женат, но и од оние кои преклани и лани веќе застанале пред олтар, ама заради проклетата корона пандемија не успеале да напрват свадбена веселба.  Па дури има и такви, кои кршетвката на своето прво чедо кое во меѓувреме го добиле, ќе ја прослават заедно со свадбената забава која биле принудени да ја одложат или пропуштат! Дека е тоа така ни потврдија од „Браво бенд“, една од најбараните групи која ги забавува младоженците, сватовите и гостите, кога се свадбените веселби во прашање. „Со војната во Украина некако како да падна во сенка Короната, па во периодот што следува има буквална навалица за свдби и свадбени веселби. Сега сите сакаат да направата вистинска свадбена забава, онаква, каква што отсекогаш е правела, свадба што ќе се памети, со сите салтанати и марифети, вклучувајќи ја и музиката... Музичарите сега се пребукирани, нивните термини полни, речиси и да нема слободни викенди една година однапред“ - вели Драган Илиев, гитаристот и лидер на „Браво бенд“. Разбирливо, со зголемената побарувачка, особено на оние најпознатите и најпроверените кога се во прашање свадбените забави какви што се „Браво бенд“,  расте и цената. „Да, цената за музика е зголемена, но не за којзнае колку... Од 10 до 20 отсто, најмногу. Впрочем и рестораните и угостителските објекти ги зголемија цените на своите свадбени услуги, па тоа го сторија и повеќето од музичарите и пејачите“ - вели Илиев. Што се однесува до репертоарот, свадбите оддамна не се тоа што биле некогаш - само обичај и традиција, туку и престиж и мода, па така во се', од декорацијата до изборот на кетерингот и во музиката се следат трендовите при изборот на песните. Покрај традиционалниот дел со познати изворни или новосоздадени македонски песни, ора и чочеци, тука се и новите песни и познатите хитови на фолк ѕвездите од соседството, најмногу о Србија, а понекогаш и од Бугарија или Грција. Но се чини дека во последно време преовладува и еден нов тренд - во вториот дел од свадбата да се свират и пејат и познати светски хитови. По свадбената вечера „забавниот дел“ го презема приматот, можеби дури и до крајот на свадбената веселба. А во него се свири и пее се': Од Чола до Чорба, од Тина Тарнер и Вајтснејк, до Том Џонс и Џастин Тимберлејк! “Токму така, точно е тоа... Некаде по вечерата, после 22.30 или 23.00 часот најчесто од нас се бара да продолжиме со забавната тура, во која пак ние сме прилично универзални и хетерогени во изборот и репертоарот, бидејќи 'Браво бенд' со години на настапите по клубовите и дискотеките ги свири и најпознатите екс-ЈУ хитови, потоа оние кои се во моментот актуелни во целиот регион, како и најголемите и најпознати странски хитови и евергрини. Можеби токму затоа, заради нашата шареноликост и можноста да свириме се' што од нас ќе се побара сме и толку барани за свaдбените веселби“ - вели гитаристот на „Браво бенд“ кои одново се во тренд, иако тоа можеби и никогаш не престанале да бидат, зашто многумина млади на својата свадбена веселба токму нив сакаат да ги видат,  бараат токму тие да им свират.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bravo Band (@bravo_band_official)

Кога Мирјана Митрева пее дека дождот има и убави страни, дознајте зошто тоа е – „Вистина“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-mirjana-mitreva-pee-deka-dozdot-ima-i-ubavi-strani-doznajte-zoshto-toa-e-vistina-audio/ Wed, 13 Oct 2021 12:13:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222770

Македонската музичка сцена колку и да деллува заспано, покрај прекалените ѕвезди одвреме-навреме се појавува по некое младо и ново име, кое умее да ја разбранува „естрадната жабокречина“ во која западнавме. 18 годишната тинејџерка Мирјана Митрева е едно од оние „нови деца“ која и животот и едукацијата, а веројатно професијата и ја посветила на музиката.  Младата кавадарчанка е ученичка во средното музичко училиште во Битола, а свири пијано и гитара и има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со  успеси и освоени награди. Својот музички и вокален талент Мирјана го пресликува во нејзината прва песна „Вистина“ со која го прави првиот чекор на домашната сцена, ачекорувајќи во немирните естрадни води како соло пејачка. Музиката и аранжманот на нејзината дебитантска песна се дело на гитаристот на „Браво бенд“ и професор по музика, Драган Илиев, додека стиховите ги напиша Борче Димитров.  Миксот и мастерингот на песната ги  направил Горан Гешовски. Темата „Вистина“ наскоро  би требало да добие и свој видеозапис, а Мирјана има многу планови за во иднина. веќе е подготвена за снимање на нови песни и видеа, а можеби наскоро оваа млада кавадарчанка ќе ја видиме и на некој од домашните фестивалски сцени. Во меѓувреме, преслушајте ја нејзината дебитантска поп/денс тема, со брз танцов ритам и стихови кои совршено се совпаѓаат со овие есенски, дождливи денови... За да дознете дека е „Вистина“ кога велат дека дождот има и свои убави страни. ]]>

Жешката Теа Таировиќ го „запали“ Кочани со егзотичниот секси танц на кој никој не остана рамнодушен (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zeshkata-tea-tairovikj-go-zapali-kochani-so-egzotichniot-seksi-tanc-na-koj-nikoj-ne-ostana-ramnodushen-foto/ Sun, 30 Jun 2019 08:44:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95277

Младата српска пејачка Теа Таировиќ која се прослави во минатата сезона на “Ѕвездите на Гранд“, овој викенд настапуваше пред македонската публика. На нејзината агенда најпривин беше Охрид, додека вчеравечер (сабота), Теа пееше и танцуваше пред публиката во една дискотека во Кочани.
Облечена во ултра тесни панталони со реси, споени со миниујатурен топ во гордниот дел, Теа го сервираше сиот свој сексапил, а публиката во која имаше и момци и девојки, не останаа рамнодушни, па полнеа очи се до раните утрински часови.
Како предгрупа на Теа Таироввиќ настапија момците од „Браво бенд“, кои дополнително ја вжештија атмосферата пред атрактивната Србинка.
Таировиќ на Инстаграм објави неколку фотографии и се пофали дека овој викенд е резервирана само за Македонија.]]>

„Уживај“ во диско саунд со новата песна и лирик видео на „Браво бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/uzivaj-vo-disko-saund-so-novata-pesna-i-lirik-video-na-bravo-bend/ Wed, 26 Dec 2018 12:22:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65032

Македонската поп група „Браво бенд“ има нова песна, проследена со лирик видео. Кадровски подновена кога се во прашање членовите на бендот, тие направија и мал музички лифтинг на својот стил и правец на музицирање. Новите луѓе внесоа нова енергија во бендот чија хемија помеѓу членовите дава нови музички резултати кои се огледаа и во најновото издание на „Браво бенд“, песната насловена „Уживај“!
Темата е направена во диско/фанки стил од 80-ите, се разбира во модерен аранжман и современа продукција, што е одлична понуда за танцување и расположение во овие предпразнични празнични денови. Музиката е на гитаристот на бендот Драган Илиев, стиховите се на Слободанка Марковачева - Илиева, додека аранжманот го потпишува Горан Гешовски.
Во недостаток на време да сними комплетен видеоспот заради многубројните ангажмани и настапи, „Браво бенд“ најде време својата најнова тема да врами во своевидно „лирик видео“ од кое нивните поклоници полесно ќе научат да ја пејат песната, преслушувајќи ја на Јутјуб каналот. А како звучи и што содржи „Уживај“, проследете уживајќи, во продолжение.   https://www.youtube.com/watch?v=3_WEZGdcScI]]>

(ВИДЕО) „Браво бенд“ имаат „Нај нај“ женска во новиот спот! https://arhiva.vistina.com.mk/video-bravo-bend-imaat-naj-naj-zenska-vo-noviot-spot/ Mon, 13 Nov 2017 13:25:06 +0000 http://vistina.mk/?p=3455

Откако пред неколку месеци го промовираа аудиото за синглот насловен „Нај Нај“, момците од  „Браво бенд“  направија и екранизација на приказната. Музиката и текстот ги потпишува вокалистот и басист на групата Кире Денов, додека аранжманот е на Горан Гешоски. За видето пак е заслужен Јордан Манов, а главна протагонистка во приказната е моделот Марина Панова. Погледнете: https://www.youtube.com/watch?v=09TaGA53XJk&feature=youtu.be]]>