браќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Apr 2022 07:14:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png браќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара ќе глуми во уште една нова, бугарска серија: Македонската пејачка со нова улога (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-kje-glumi-vo-ushte-edna-nova-bugarska-serija-makedonskata-pejachka-so-nova-uloga-foto/ Thu, 07 Apr 2022 07:14:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245555

Некогашната македонска поп пејачка, сега дипломирана оперска певица  Тамара Ангеловска, ќе глуми во уште една нова бугарска серија. Тааа доби нова улога во новото ТВ  остварување во серијата „Браќа“! Тамара стана позната откако  се пробиваше на домашните и меѓународните фестивали од каде носеше и награди. Подоцна се пресели во Софија - Бугарија, каде и се посвети на класичната музичка наобразба и минатата година стана дипломирана оперска певица на „Новиот бугарски универзитет“! Но, пошироката јавност во Бугарија, а и во Македонија, ја запозна и како актерка. Имено, нејзиниот харизматичен лик и талент за уметност го препознаа продуцентите на познатата, на популарната бугарска ТВ серија – „Украден живот“ која се емитуваше и кај нас на ТВ „Алфа“, во која  дипломираната оперска певица, заврши како глумица и ја доби улогата на бремената Тања. Во меѓувреме или нешто малку пред тоа, младата македонска оперска уметница својот актерски талент ќе го покаже и на „штиците што живот значат“, откако же заигра во неколку претстави на универзитетскиот театар на „Новиот бугарски универзитет“.   Сето ова ќе придонесе  младата поп-пејачка, оперска певица и актерка да добие нова улога во нјновото ТВ остварување во Бугарија, серијата „Браќа“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Angelovska (@tamaraangelovska)

„За мене е вистинско задоволство да бидам мало парче од овој прекрасен и голем мозаик "Братя". Македонијо, гледајте и вие „Браќа“ Многу се јаки!“ - напиша Тамара на својот Фејсбук и Инстаграм профил, промовирајќи го почетокот на серијата и себе си во една од улогите во истата. Дали новата улога и евентуалниот успех на асеријата ќе придонесе Тамара конечно да ја детерминира во професионална актерка, а таа да се определи само за една професија, допрва ќе видиме. Сепак, во која професија ќе биде најуспешна и дали ќе стане запаметена како актерка, флејтистка или оперска певица, времето ќе покаже!? Во меѓувреме, оние кои имаат можност нека ја погледнат бугарската серија „Браќа“ и Тамара Ангеловска во една од улогите во неа! Фото: Фејсбук и Инстарам принтскрин/tamaraangelovska
 ]]>

Близнаците од „Некст тајм“ во совршена монтажа, со погрешно име: „Нешто ќе те питам бато, чиј војвода беше Питу Гули?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznacite-od-nekst-tajm-vo-sovrshena-montaza-so-pogreshno-ime-neshto-kje-te-pitam-bato-chij-vojvoda-beshe-pitu-guli-foto/ Fri, 19 Nov 2021 09:39:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227973

Близнаците од дуото „Некст Тајм“, браќата Мартин и Стефан Филиповски покрај тоа што се одлични музичари, познати, признати и популарни естрадни ѕвезди, годиниве наназад покажаа дека се и големи патриоти. Вистиски родољуби  кои си ја сакаат својата татковина Македонија, а таа љубов и патриотските чувства на најдобар можен ја преточија во своите преработки на старите македонски народни песни, вдахнувајќи им нов, современ дух на времето, но правејќи ги и паметник кој им ја доближува не само музиката, туку и македонската историја на новите генерации. Она што како последно осамна на социјалните мрежи на нивниот официјален профил е заедничката фотографија на двајцата „арслани“ со еден од најголемите македонски револуционери, војводата Питу Гули?! Се разбира дека „временската машина“ на Мартин и Стефан која ги вратила назад во времето се некои од познатите дигитални алатки, со чија помош  денес се' е можно, па и легендарниот македонски војвода од влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење кој загинал на Мечкин Камен бранејќи ја Крушевската Република, да се слика со „неговите другари“ од „Некст Тајм“. Така близнаците од „Некст тајм“ се најдоа во совршена монтажа, арно ама... со погрешно име! Имено, под монтираната фотографија на која се заедно со легендарниот војвода пишува: „ПитО ГулЕВ и неговите другари“!!? Веројатно можете да претпоставите на кој јазик, зашто ТИЕ имаат неодолива желба и потреба да ги прекрстуваат имињата, менуваат и присвојуваат историјата! Жива среќа што натписот како и автентичната фотографија датираат од ОНА време, а монтираните ликови на браќата од ОВА време, инаку и бизнаците ќе беа Мар(т)ин и Стефан Филипови! Ама за се' има поправен... или поточно, корекција! Па ако можеле да ги вметнат и интегрираат своите ликови во старата фотографија со војводата Питу Гули, можат да го сменат и натписот под неа. Онака како што реално и вистински тој се вика... Сосе „неговите другари“! За да не биде: „Нешто ќе те питам бато, чиј војвода беше Питу Гули?“ Фото: Инстаграм принтскрин/nexttimeband/Википедија]]>

Ова се браќата на Јелена Карлеуша: Дали си личат со нивната сестра? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-brakjata-na-jelena-karleusha-dali-si-lichat-so-nivnata-sestra-foto/ Sat, 21 Nov 2020 08:50:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124734

Јелена Карлеуша отворено зборува за многу приватни работи, лични проблеми, па дури и интимни нешта кои не се за во јавност, но своите браќа Иван и Никола речиси никогаш и да не ги спомнала. Всушност, се работи за нејзини полубраќа од вториот брак на нејзиниот татко Драган. Јелена иако ретко зборува за нив, всушност е во добри односи и често поминуваат време заедно, а тие ѝ се и голема поддршка како во работата, но најмногу во приватниот живот. Фотографијата на Инстаграм која е инаку од 2016 година и датира од времето на прославата на десетгодишшнината од бракот на Јелена и Душко Тошиќ, а ја објави брат ѝ Иван Карлеуша, а во описот напишал: „сестра и браќа“. На тоа, фолк дивата одговорила само со неколку срценца.  ]]>

„Сирилик“ ја продолжуваат својата музичка борба со – „Keep fighting“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sirilik-ja-prodolzuvaat-svojata-muzichka-borba-so-keep-fighting-video/ Tue, 28 Jul 2020 12:10:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160926

Електро дуото „Сирилик“ важат за едни од најнадежните нови имиња на домашната сцена. Браќата Бојан и Андреј  се сè повеќе  присутни на сцената како со сопствена авторска музика, така во и соработките со други, млади, надежни, пејачки имиња во Македонија, како што се  на пример темите „Во тебе се гледам“ со Дина Јашари или  „Доволни“ со Валери. Минатата 2019  година беа особено активни на овој план, па дури и покажаа дека одлично се снаоѓаат и со ремиксите, како што беше „Доживотно“ на Елена Ристеска или оној на евровизиската „Proud“ на Тамара Тодевска. По речиси една година од нивното последно соло остварување „Break My Heart“ и она најновото од пред нешто повеќе од два месеци - „You Put Me Down“ вокално реализирано заедно со нашата  Јова Радевска која живее и работи во Лондон,  Cyrilic  имаат нов тема, овој пат насловена „Keep fighting“. „Сирилик“ и во новата музичка тема покажуваат дека се еден од ретките македонски музички продукти кои се комплетно подготвени за извоз. Модерен ритам, испеглан звук, светска продукција и заразен рефрен, сето тоа спакувано во производ кој не е здодевен, мелодичен за уво, а сепак тетера на цупкање... Вистински погодок, во вид на уште еден клупски хит, ништо помалку вреден и допадлив од оние, таканаречени  странски хитови! Темата „Keep fighting“ е збогатена со едноставно, но функционално видео од патешествијата по турнеите и настапите на братското електро дуо, а сето тоа симпатично го усликале снимателите Иван Пајмакоски и Христијан Конески, додека во видео производ го спакувале Марјан Маневски и Дарко Анѓелков. И сето тоа под капата на веќе познатата Sky Eye Entertainment. Како звучи и изгледа нивното „продолжение на борбата“, онаа - музичката, секако, проследете подолу: https://www.youtube.com/watch?v=PN0gTu0qU4Q&feature=youtu.be&fbclid=IwAR210l964p9EyTh0OfDRt0RAtqGXFnj3IEJF8U3mhMUXNatSCjQNCKpe-_4]]>

„Некаде во рајот“: Погледнете каде браќата од „Некст тајм“ го минаа четиридневниот празничен карантин (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nekade-vo-rajot-poglednete-kade-brakjata-od-nekst-tajm-go-minaa-chetiridnevniot-praznichen-karantin-foto/ Tue, 21 Apr 2020 07:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145647

Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“, големиот христијански празни Велигден го поминаа во селото од каде потекнуваат по нивниот татко - Жван, Демир Хисар. Наместо четиридневниот карантин во нивниот стан во Скопје, тие се решиле да уживаат во руралноста, рустиката, животните, природата... Дојде време кога градскиот живот е далеку помалку посакуван од оној на село, а браќата близнаци бидејќи имаат каде, им се вратија на корените. Пред своите следбеници и пријатели на социјалните мрежи, покжаа како се ужива. Тие објавија неколку прекрасни фотографии за кои добија  стотици лајкови. „Некаде во рајот“, напиша Стфеан седнат во природа. Мартин пак, најмногу уживаше и се фотографираше во друштво на животните.]]>

Кејт и Меган ги скараа браќата: Вилијам и Хари повеќе не се дружат, зашто жените им ги замрсија конците и ним и на целото кралство (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kejt-i-megan-gi-skaraa-brakjata-vilijam-i-hari-povekje-ne-se-druzat-zashto-zenite-im-gi-zamrsija-koncite-i-nim-i-na-celoto-kralstvo-foto/ Thu, 29 Aug 2019 09:35:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104205

Принцот Вилијам (37) и војвотката од Кембриџ Кејт (37) ги преименуваа со друго име  своите организации за добротворни цели и со тоа „официјално се разделија“ од Меган Маркл (37) и принцот Хари (34). Според документите објавени од британските медиуми, Кејт и Вилијам легално го смениле името на организацијата во Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ. Тоа е последниот чекор во одвојувањето на Хари и Меган од некогашното заедничко добротворно друштво, откако престанаа да поставуваат свои фондации.
Извори од Кралската палата разбирливо, негираат дека имало кавги меѓу браќата и нивните животни придружнички. Браќата ја основаа Кралската фондација во 2009 година, а Кејт се приклучи на две години подоцна, откако се омажи за Вилијам, додека таа оттогаш е клучен дел од неговата работа.
Ова не е единствениот пат кога браќата се разделија. Поточно, Меган и Хари имаат свој профил на Инстаграм, одвоен од Вилијам и Кејт. Експертите што го следат кралското семејство рекоа дека го сториле тоа со цел да се приближат што е можно поблиску до следбениците.
Односно, Хари и Меган често пишуваат свои постови под фотографиите, додека за Вилијам и Кејт тоа не е случај. За двојката тоа го прават експерти од нивниот тим. Многумина тврдат дека сопругите се среќни што ги одвоиле браќата за себе.
Војвотката од Сасекс инсистираше на тоа откако се омажи за принцот, затоа што поранешната актерка не е научена да живее во големо семејство.]]>

Нашите „Cyrillic“ имаат светски хит во „Break My Heart“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashite-cyrillic-imaat-svetski-hit-vo-break-my-heart-video/ Tue, 13 Aug 2019 12:27:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101954

„Сирилик“ важат за едни од најнадежните нови имиња на домашната сцена. Македонското електро-дуо составено од браќата Бојан и Андреј  се сè повеќе е активнои како со авторска музика во песните како што се „Во тебе се гледам“ со Дина Јашари или  „Доволни“ со Валери, но покажаа дека одлично се снаоѓаат и со ремиксите, како оној на евровизиската „Proud“ на Тамара Тодевска.
Талентираните прилепски музичари овој пат имаат нова сопствена музичка тема на англиски јазик, насловена „Break My Heart“.
Со продукција која звучи светски, совршено дотеран аранжман, испеглан саунд во кој користат модерни бои во звучни парчиња и ритам кој не те остава мирен, „Сирилик“ и во новата музичка тема покажуваат дека се еден од ретките македонски музички продукти кои се комплетно подготвени за извоз. Еднакво вредни ако не и подобри од она што ни го сервираат разно-разните, наводно светски познати ДЈ-и кои ја крстарат земјава по клубовите, дискотеките, плоштадите, летните фестивали...
Факт е дека „Break My Heart“ да беше направена некаде надвор од некое познато странско име, ќе беше голем светски хит.
Како и да е, музиката го наоѓа својот пат без оглед на географскиот хендикеп, па затоа и се надеваме дека „Cyrillic“ многу наскоро ќе се најдат на некоја од светските компилации и фестивалските сцени некаде по Европа.
Во меѓувреме, преслушајте ја песната и погледнете го нивното комбинирано лирик видео за „Break My Heart“. https://www.youtube.com/watch?v=C1OgRwHMGy4  ]]>

Наместо поделби на ваши и наши, домашни и странци, Срби и Хрвати… во „Вардар“ соиграчите стануваат пријатели, другари, браќа, шампиони!   https://arhiva.vistina.com.mk/namesto-podelbi-na-vashi-i-nashi-domashni-i-stranci-srbi-i-hrvati-vo-vardar-soigrachite-stanuvaat-prijateli-drugari-brakja-shampioni/ Mon, 03 Jun 2019 12:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91170

Вардар е европски ракометен шампион. На врвовот на Европа по втор пат за само три години. Иако соочени со сите проблеми, златните вардарови момчиња покажаа дека за шампионска екипа не се потребни само пари... Дека може и без нив да се  биде најдобар на стариот континент, ако имаш силна волја, изразена желба за успех, тимски дух, ако си екипа сплотена,  која  дише и функционира како еден организам! Но, шампионската европска круна на „Вардар“ покажа и нешто друго, нешто што само овде, во Македонија е можно. Да ги сплоти професионалците не само како тим, туку како вистински другари, како браќа иако доаѓаат од различни земји, припаѓаат на различни националности, религии, култури...
Различните знамиња на рамениците, околу појасот или во рацете на играчите на шампионскиот трон, или уште повеќе, прегратката на Србинот, Дејан Милосављев и Хрватот, Игор Карачиќ по финалниот меч се слики кои говорат повеќе од илјада зборови. Овековечени моменти кои покажуваат и докажуваат дека колку до вчера неможното на „крвните непријатели“ од балканското воено лудило, само македонското срце и душа можат како со волшебно стапче да ги претворат во најдобри пријатели, во другари, браќа, шампиони...! Затоа „Вардар“ и не е само обичен клуб, а Македонија обична мала држава на југот од Балканот... Затоа „Вардар“ е клубот од соништата, а Македонија земјата на чудата... И спортски и човечки. Каде сплотеноста на душата и срцето се посилни и од парите и од нациите и од политиката! Затоа Вардар е еден, а Македонија – вечна!]]>

Новак Ѓоковиќ објави преслатка фотографија од неговото детство https://arhiva.vistina.com.mk/novak-gjokovikj-objavi-preslatka-fotografija-od-negovoto-detstvo/ Fri, 22 Feb 2019 11:21:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74249

Новак Ѓоковиќ многу е поврзан со своето семејство, посебно со неговите браќа Марко и Ѓорѓе. Најдобриот тренер на светот, Новак се потсети на своето детство, па на социјалните мрежи објави фотографија со неговиот брат која настанала мајка им ги облечела во исти одела. На фоторафија се гледа како трите браќа се облечени во бела кошула и црно сако. „Во Белград пред 100 години кога мајка ни сите тројца не облече во исто. Дали и вие се препознавате?, напиша Новак во описот на фотографијата.

Брат за брат, Ноне за Рајан: Нејзиниот избраник има брат – „близнак“, кој среќа што не е на ист брод, зашто во тоа темницата, може да ги смеша! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/brat-za-brat-none-za-rajan-nejziniot-izbranik-ima-brat-bliznak-koj-srekja-shto-ne-e-na-ist-brod-zashto-vo-toa-temnicata-moze-da-gi-smesha-foto/ Mon, 08 Jan 2018 08:00:01 +0000 http://vistina.mk/?p=8667

Од прекуокеанските авантури на „малата велешка сирена“ дознавме многу работи, научивме многу нови нешта, разбравме за еден куп случки и настани, видовме нови дестинации,  запознавме дузина нови ликови...
Нашата Ноне Неделковска  божиќните и новогодишните празници како што веќе пишувавме ги мина работно, на брод! Големиот крузер на кусо „се паркираше“ на Бахамите, каде таа ја искористи можноста „на раат“ да се види со својот сакан Рајан! И тоа не е ништо ново ниту непознато... ама сепак има нешто што навистина до сега не сте го знаеле.
Потемната половина од оваа љубовна  „еурокрем двојка“ има брат - „близнак“! Добро не е баш близнак,ама верувале или не, тие двајца толку многу личат, што се речиси „плукната копија“ еден на друг. Новогодишниот холидеј тајминг овој пат изгледа им се поклопи, па Рајан и Андре се сретнаа на Бахамите.
Ноне  имаше можност да го запознае братот, а и Андре исто така динамитната снашка... од далечната Македонија!
Сите заедно, засилени со уште неколку пријателчиња  направија една групна фотографија за спомен и долго сеќавање...  Братството не смее да трпи, ама и работата не може да чека, па набргу браќата мораа да се разделат! И како што некои прокоментираа: „Брат за брат, Ноне за Рајан“... ама сепак жива среќа е што браќата не работат на ист брод, зашто толку многу личат, што во тоа темницата... некој може да ги смеша.]]>