браќа манаки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Aug 2023 12:38:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png браќа манаки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 44. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски https://arhiva.vistina.com.mk/44-iffk-braka-manaki-ke-bide-otvoreno-so-makedonskiot-film-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-rezhiserot-goran-stolevski/ Thu, 17 Aug 2023 12:38:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314185

Оскаровецот Питер Бижу добитник на Златна камера 300 за животен опус, а Лабина Митевска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Годинешното 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола, а ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски. На денешната конференција за новинарите која се одржа во „Хотел Парк и спа“, директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски го соопшти добитникот на Златна камера 300 за животен опус, а претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов- Изи – лауреатот на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. -Познатата македонската актерка и продуцент Лабина Митевска е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално секоја година ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. Наградата на Митевска свечено ќе и биде врачена на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки". Оваа награда востановена во 2013 година е замислена како признание за посебна контрибуција кон македонскиот филм и од самиот старт критериумот е подигнат толку високо, што навистина не е лесно да се најде вистински кандидат и достоен лауреат. Оваа година се одлучивме за ѕвезда која долги години блеска на големото платно со голем број главни и споредни филмски улоги и е еденод најуспешните продуценти во историјата на македонскиот независен филм . Станува збор за исклучителна актерка со која и лично сум имал можност да соработувам. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, истакна на денешната прес-конференција, Претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи. Лабина Митевска е родена е на 11 октомври 1975 година. Основно и средно училиште завршува во Скопје, а образованието го продолжува на факултетот за Уметност и археологија при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Добива стипендија за европскиот колеџ за филмови во Данска, каде се дообразува, а Историја на уметност студира на универзитетот во Тусон, Аризона, САД. Својата актерска кариера, Митевска jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција, а потоа следат бројни улоги во познати филмови: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот... Покрај актерството, Митевска е автор и на бројни есеи објавени во весници и списанија, зборува чешки, германски и англиски јазик, во два наврати соработувала со режисерот Мајкл Винтерботом, во 2001 година била член на жирито на Фестивалот во Карлови Вари и во неколку наврати беше директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Со нејзината сестра Теона С. Митевска и братот, Вук Митевски ја оформуваат продукцијата „Сестри и брат Митевски“ со која снимаат бројни краткометражни и долгометражни играни филмови кои се прикажуваат на фестивалите во Берлин и Венеција. Со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го свртеа вниманието на европската и на светската филмска јавност, и беа меѓу трите финалисти за престижната европска награда „Лукс“. Лабина и Теона, по поддршката која ја добија од Еуримаж, Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево го завршија последниот проект, филмот „Најсреќниот човек на светот“ по сценарио на Елма Татарагиќ, кој беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, глумица (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) и Горјан Тозија, филмски продуцент (2022). -Оскаровецот Питер Бижу, кинематограферот на „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Штета“, „Пинк Флојд: Sидот“, „Животот на Брајан“, „Временски бандит“, „9 ½ недели“, „Ричард III“ и редица други антологиски филмски остварувања е годинешен добитник на наградата Златна камера 300 за животен опус, соопшти директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски. Бижу има работено со бројни звучни имиња.]]>

Од 16 до 21 септември – најново издание на ИФФК „Браќа Манаки“, а фестивалот ќе биде хибриден https://arhiva.vistina.com.mk/od-16-do-21-septemvri-najnovo-izdanie-na-iffk-brakja-manaki-a-kje-festivalot-bide-hibriden/ Wed, 01 Sep 2021 13:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217581

Од 16 до 21 септември ќе се одржи најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и ќе биде хибриден.
ИФФК „Браќа Манаки“ не е мал играч на полето на филмски фестивали. Пандемијата ги направи работите тешки за организирање, но под мотото „И покрај се“ годинава ќе се одржи Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Отворањето на фестивалот ќе се одржи во Пациото на Музејот во Битола, програмата на фестивалот е скратена и содржи 10 долгометражни филмови и 10 кратки филмови, истакна директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски.
Дамевски ги соопшти и деталите околу наградите.
Добитник на „Златна камера 300“  за животен опус му се доделува на австрискиот кинематографер Кристијан Берген, кој е познат по неговиот систем на осветлување кој е негов изум и кој ќе биде презентиран на Фестивалот, а Андреј Кончаловски е годинешен лауреат на специјалната награда „Камера 300“.
Бергер, кинематограферот на Михаел Ханеке, еден од најголемите австриски и светски режисери, ќе ја добие Златната камера за животно дело и ќе дојде во Битола, додека Кончаловски, еден од најголемите руски режисери, поради возраста одлучил да не патува во овие услови. Актерот Бајрам Северџан, најпознат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „До балчак“ на Столе Попов,  е добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ).
Буџетот на Фестивалот е намален за 30 отсто. Во официјалната селекција, зад која стои Слаѓан Пенев, ќе има 10 долгометражни филмови, а во кратката, по избор на режисерот Даријан Пејовски, исто така 10.
Во кратката програма македонска премиера ќе има и  „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој во јули играше во конкуренцијата за Златна палма во Кан.
Како што се трендовите на светските фестивали, одлучивме да ја укинеме документарната програма. Доколку има квалитетни филмски дела од документарната програма, тие влегуваат или во кратката или во долгата програма. Но, ќе имаме ревија на македонски документарни филмови насловена ‘Бисери на македонската документаристика – од Оскар до Оскар’“, рече Дамевски.
]]>

41-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ соодветно ќе се одбележи, иако нема да се одржи на традиционален начин https://arhiva.vistina.com.mk/41-to-izdanie-na-filmskiot-festival-brakja-manaki-soodvetno-kje-se-odbelezi-iako-nema-da-se-odrzi-na-tradicionalen-nachin/ Sat, 04 Jul 2020 10:22:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157255

На последното собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) едногласно е донесена одлука во врска со годинашното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки” дека нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од „А“ категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата. Како што соопшти ДФРМ, тоа за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинашното издание на фестивалот „Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор таа да се зачува.   На собранието била ре-избрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК „Браќа Манаки“, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот. – Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41. издание на „Браќа Манаки“, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во „новото нормално“, градот Битола, наведуваат од ДФРМ. Извор: MИА

Renault – официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ https://arhiva.vistina.com.mk/renault-oficijalen-partner-na-filmskiot-festival-brakja-manaki/ Fri, 13 Sep 2019 10:33:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106797

Францускиот производител Renault е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а со огромно задоволство компанијата Аутомотив Груп како генерален увозник на брендот во земјава ја продолжува традицијата поддржувајќи го јубилејното издание на Браќа Манаки. Најновите модели од гамата на  брендот со својот моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологии ќе го овозможат пристигнувањето на  шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан и останатите специјални гости на црвениот тепих.
„Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ и Аутомотив Груп трае со години. За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот Renault Clio и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија, која е закажана за месец oктомври оваа година“ — Симона Николовска, лице за односи со јавност – Аутомотив Груп.

Почна 39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-39-izdanie-na-iffk-brakja-manaki/ Sun, 23 Sep 2018 08:45:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49416

Со доделување на посебни фестивалски награди и признанија „Златна камера 300“, синоќа во Битола почна Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. – Благодарам Битола, благодарам Македонија, рече светски познатата италијанска актерка Клаудија Кардинале, на синоќешното отворање на ИФФК „Браќа Манаки“. Специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и’ ја врачи министерот за култура, Асаф Адеми, а таа во кусо обраќање од фестивалската сцена наградата ја нарече прекрасна и се заблагодари на Фестивалот што и’ ја додели. Публиката во Центарот за култура, со стоечки аплаузи, освен Кардинале, ги поздрави и кинематограферот Роџер Дикинс и македонската актерка Милица Стојанова, исто така годинашни лауреати на Фестивалот во овој град. На свеченото отворање на големиот културен настан и собир на кинематограферите од светот, директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ Гена Теодосиевска истакна дека оваа година на филмското платно ќе има деведесет и пет наслови во 14 програми. Градоначалничката на Битола Наташа Петровска, пак посочи дека Фестивалот е значаен за битолчани, но и за целиот свет затоа што потврдува како може да му се пркоси на времето и потврдува дека и четвртата димензија има релативитет. ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува со претпладневна прес конференција за светската и македонска премиера на краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов – Изи, и разговор со Клаудија Кардинале кој ќе се одржи во малата сала на НУ Центар за култура во Битола. (Миа)]]>