браја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Jul 2023 11:20:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png браја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Браво бенд“ ќе го „уриваат“ Балканот со – „Катаклизма“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bravo-bend-ke-go-urivaat-balkanot-so-kataklizma-video/ Fri, 07 Jul 2023 11:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309450

„Катаклизма“ е насловот на новата песна на Браво бенд, која јавноста веќе има можност да ја чуе после повеќе од 5-годишна пауза од создавање авторска музика. „Не би сакале да звучи како клише, но паузата што ја направивме во изминатиот период одлично ни дојде за добро да размислиме во која насока ќе се движи нашата кариера во иднина, а заедничкиот заклучок е – ова е само почеток на сето она што публиката допрва ќе го чуе и види од нас“, велат членовите на Браво бенд. Интересно е дека „Катаклизма“ е песна снимена на српски јазик и во издание на Гранд продукција, а зад неа како автор на музиката се потпишува Александар Цветковиќ или Сале, фронтменот на Тропико бенд. Текстот е со потписот на Драган Брајовиќ-Браја, а аранжманот на Јован Лазаревиќ. „Зошто на српски јазик е прашањето кое ни го поставија сите кои ја слушнаа песната, а сигурно ќе ни го постават уште многумина - така е затоа што кога Сале ни ја пушти песната да ја слушнеме веќе беше направена на српски. Знаеме и дека голем дел од македонската публика ја следи естрадата во соседството, па некако сакавме да направиме еден камбек за домашната публика, но и да се претставиме надвор од нашите граници“, велат момците и додаваат дека паузирале само кога станува збор за правењето авторска музика, но не и кога се во прашање настапите. Со исклучок на периодот за време на пандемијата со корона вирусот, ние постојано настапуваме, па и сега едвај чекаме во живо да ја отсвириме „Катаклизма“,  од Браво бенд. Задоволен од соработката е и Сале – Тропико, кој признава дека му е исклучително драго што имал можност да соработува со членовите на Браво бенд за кои вели дека се одлични момчиња и, пред сѐ, неверојатни музичари. „Навистина ми е драго што со нив соработував на песната „Катаклизма“. Долго опстојуваат на македонската сцена, но со ова издание за Гранд продукција сметам дека им се отвора врата за целиот балкански пазар, а сѐ со надеж дека песната „Катаклизма“ ќе ѝ се допадне на публиката бидејќи е правена токму за Браво бенд“, вели Сале. Видеото за „Катаклизма“ во кое освен членовите на Браво бенд - Кире, Дејан, Мирослав, Драган, Момчило и Александар, ќе го видите и актерот Петар Стојанов, како и моделката Матеа Стојковска, е со потписот на неверојатниот Даниел Јовески. Проследете ја „Катаклизма“ на Браво бенд:  ]]>

Боби Павловски e – „Тамо негде“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bobi-pavlovski-e-tamo-negde-video/ Wed, 27 Feb 2019 11:51:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75011

Новата балада на Боби Павловски насловена „Тамо негде“ од вчера, а под капата на Гранд продукција, и официјално е пуштена во етерот. Моќната и емотивна балада е дело на веќе проверената екипа, која се потпиша и зад одличната „Метар дана“ Александар Цветковиќ алиас Сале - Тропико, музика и Драган Брајовиќ-Браја, текст.
Зад миксот и мастерингот, пак, стои Милан Раѓен. Видеото во кое овој пат акцент е ставен на Боби е со потписот на талентираниот Даниел Јовески. „Оваа тема е снимена одамна, односно буквално во исто време со „Метар дана“, но чекав да помине време, публиката убаво да чуе што сме сработиле, што се вели да легне претходната песна, па да ја промовирам и „Тамо негде“. Ми се допадна на прво слушање, иако е балада мислам дека звучи многу моќно. Се надевам дека и публиката ќе го има истото чувство“, вели Боби.
Дека е моќна и леплива за уво доволно зборува и податокот што неполни 24 часа од објавувањето на Јутјуб има повеќе од 32 000 прегледи.
„Да се работи со Боби е, пред се, задоволство, особено затоа што има моќен вокал. Првата песна која ја промовиравме кон крајот на минатата година беше брза, динамична мелодија, но мислам дека вистинската емоција која тој ја носи во себе доаѓа до израз токму во „Тамо негде“. Верувам во оваа песна, не дека е моја, но ми има некоја убава емоција“, вели Сале Тропико. https://www.youtube.com/watch?v=OQp6p4RffMA]]>

„Хало“… Белград: Во паника „Гранд“ и останатата фолк тарапаана – доаѓа Сузана! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/halo-belgrad-vo-panika-grand-i-ostanatata-folk-tarapaana-doagja-suzana-foto/ Thu, 08 Nov 2018 08:39:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56830

Долго размислуваше и реши да тргне во музички поход. Домашниот веќе оддамна е покорен, па на ред  да се освои е пазарот на северниот сосед. За овој свој нов музички подвиг таа одбра екипа од најдобрите. Затоа и Белград е во паника. Сека, Рада, Дара... исплашени... заедно со се' останатата „Гранд“ тарапаана, зашто од југот доаѓа Сузана... Гавазова!
Со ново видео за првата песна на српски насловена „Хало“,  сексапилната струмичанка одовде носи „експлозивна комбинација“ со најдоброто од себе.
Својот сугестивен вокал, извајаното тело со сето она што мајката природа ја надарила, а таа го надградила, преку бујните и раскошни атрибути однапред и одзади, до долгите нозе... Пакет за успех кој гледачите ги лепи за ТВ екранот!
Тимот кој работи за неа, како и пејачката - врвен. Драган Брајовиќ - Браја - „трејд марк“ име кое ги потпишува хитовите и текстовите на најголемите музички ѕвезди како Марија Шерифовиќ, Драгана Мирковиќ, Лепа Брена... Тука е и Харис Дубица, „швајцарскиот балканец“ кој ги режирал спотовите и филмот за Лепа Брена. Музиката и аранжманот - дело на уште едно квалитетно име: Дениал Исламчевиќ. Се на се' - „ол стар“ екипа во естрадниот шоу бизнис.
А во видеото за „Хало“,  Гавазова како и обично, дава се' од себе... И вокално и визуелно!
Како што и самата вели, за остварувањето на својот сон! Ќе го претвори ли преку ноќ во јаве? Едвај чекаме да видиме!
Дотогаш, „Хало“ , Белграде... Порака до сите твои фолк ѕвезди: Која може нека се „спасува“, доаѓа Гавазова!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

]]>