брачен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Jan 2018 08:28:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png брачен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Борко Ристовски стави потпис на новиот договор… овој пат доживотен: Погодете за кого потпиша македонскиот голман? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/borko-ristovski-stavi-potpis-na-noviot-dogovor-ovoj-pat-dozivoten-pogodete-za-kogo-potpisha-makedonskiot-golman-foto/ Wed, 31 Jan 2018 08:25:49 +0000 http://vistina.mk/?p=11282

Македонскиот ракометен голман и чувар на мрежата на „Барселона“ завчера повторно стави  потпис... Потпиша сосема нов договор... овој пат доживотен! При тоа му беа прочитани и правилата на играта, оние... законските, кои мора да се почитуваат! Висината на договорот - непозната! Потписник од другата страна, една млада, убава, шармантна дама... Отсега таа и тој ќе играат во ист клуб... Клубот на животот во брачна заедница. Затоа и официјално го ставија својот потпис и бурмите на рака. Таа останува да го носи истото презиме - своето, а сепак неговото, без ништо да менува!
Зашто и пред тоа и сега обајцата исто се презиваа(т): Ристовски! Таа, убавата кумановка Николина - Нина, идната мајка која е во осмиот месец на бременоста, тој, македонскиот „министер за одбрана на ракометната мрежа“ - Борко! Од пред ден-два и официјално сопружници, наскоро и за прв пат родители!
„Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно“ - напишала г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.
Од погледот и се гледа дека блеска од среќа. Како скапоцен дијамант!
Веројатно така и ќе ја чува нејзиниот Борко! И неа и идниот наследник!  Успешно и дури многу повеќе од тоа што умее да го чува голот. Нека е со среќа!]]>