брачен пар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Aug 2022 12:45:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png брачен пар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Соња и Оливер дојдоа од Канада да снимат македонски песни -„Боже правда нема“ и „Мојот живот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sonja-i-oliver-dojdoa-od-kanada-da-snimat-makedonski-pesni-boze-pravda-nema-i-mojot-zivot-video/ Thu, 18 Aug 2022 12:44:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263327

Летово на гости во родниот крај е познатото дуо Соња и Оливер од Торонто, Канада, односно брачниот пар  Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, кои негуваат македонска народна музика. Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни кои се креација на врвни македонски уметници. ,,Боже правда нема“ и ,, Мојот живот“ се наслови на песните за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски. Песната ,, Боже правда нема“  доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце. Втората нова песна ,, Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем, Нечовски, Момироски. И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари. Во песната „Боже Правда Нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски. Во песната гостуваат: На кларинет, Благојче Трајковски и на труба Филип Нуневски. Во песната „Мојот Живот“ гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестанивски на зурла. Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев. Слушнете ги двете песни: ]]>

Познатата светска глумица со шокантно признание: „Редовно имав се*с со една брачна двојка“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatata-svetska-glumica-so-shokantno-priznanie-redovnio-imav-se-s-so-edna-brachna-dvojka-foto-video/ Tue, 01 Jun 2021 09:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205007

Познатата светска актерка Емили Атак, позната по улогата на Шарлот во серијалот „The Inbetweeners“, им откри на гледачите во новата епизода од нејзиното ток-шоу дека била интимна, поточно во во сексуална врска со една брачна двојка и дека редовно имала секс со нив. „Го запознав момчето во еден паб.Флертувавме, а потоа во еден момент тој ми рече дека е оженет, но дека не е проблем бидејќи тој имал отворена врска со неговата сопруга и дека и таа сака да се сретне со мене и одблизу да се запознаеме.Повеќето жени алармантно би збегале во тој момент, но јас реагирав како бик на црвено парче крпа во на корида. Мен по се изгледа алармите ме возбудуваат “, рече таа. Што понатаму се случило и како се одвивала приказната, погледнете во видеото во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=YBI4rXBeTe4&t=77s]]>

Татјана и Новица ја сменија земјата на живеење, но не и домаќинските навики: Брачниот фолк пар со песна меша ајвар (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-i-novica-ja-smenija-zemjata-na-ziveenje-no-ne-i-domakjinskite-naviki-brachniot-folk-par-so-pesna-mesha-ajvar-foto/ Mon, 05 Apr 2021 07:29:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197398

Додека кај нас времето се повеќе се затоплува, пролетта полека ја буди природата од зимскиот сон, на јужната хенисфера од земјината топка, летото си замина и настапува есента. Далечната Австралија е континентот каде живеат многу македонски иселеници, меѓу кои и некои познати естрадни ликови како брачната фолк двојка, пејачите Татјана Лазаревски и Новица Василевски. Овој пар отсекогаш бил многу отворен и транспарентен и не го криел ниту професионалниот, ниту пак приватниот живот. Особено Татјана, која преку своите профили на социјалните мрежи редовно ги става на увид настаните, збиднувањата, тековните случки или што би рекле народски, сите „дешавки“  од нивниот семеен живот. Музичката хармонија преточена во семејна, ги прави  Татјана и Новица не само една од најхармоничните професионално-приватни двојки, туку и семејство за пример, во  кое едниот се грижи за другиот, а обајцата за децата и домот. Дека е тоа така, распеаните сопружници приложија нова тура фото докази. Овој пат надалеку познатиот македонски домаќинлук беше во фокусот на вниманието. Грижата за домот и семејството е секако одраз на домаќинлукот, кој не би бил комплетен ако не загосподариш со кујната и домашните специјалитети. А есента е вистиинското годишно доба за вакава демонстрација, врема кога распеаната брачна двојка со насмеани лица, дури и во далечната Австралија покажа како се прави македонска зимница! И тоа во пракса, па Татјана и Новица  со здружени сили како хармоничен фолк пар, дури и на најјужниот континент со песна замешаа  ајвар. Австралија и нејзиното општество се  можеби високоразвиени и таму е се'  брзо достапно, па веројатно може да се набави и понекоја тегла од најпрочуениот македонски специјалитет, но како оној домашниот,  каков што го прави вредниот македонски пар, подготвен по нашински рецепт, нема никаде во цел свет. Впрочем, кој пробал знае дека  нема ништо послатко од локалниот специјалитет кога  тој се прави според традиционален рецепт. Затоа македонските  фолкери весели и насмеани ги засукаа ракавите, ги вклучија ресурсите, ги распалија и ќумбето и скарата во дворот, кој за час замириса на печена пиперка по македонска мерка. Новица и Татјана сликовито го демонстрираа процесот на правење ајвар во сите  фази низ кои треба да мине црвената пиперка, додека не стигне како обожуван намаз во стаклена тегла. Пријателите секогаш се тука да припомогнат, па така нивната тие со задоволство им ја олеснија работата. За добрината што ја сторија со помагањето,  ќе бидат први што ќе го  вкусат македонскиот специјалитет и ќе уживаат во неговите убавини заедно со вредните домаќини. „Јас жарче, а ти оган,  ќумбето ќе гори ако треба и до зори...“ - како што велат дел од стиховите на еден од фолк хитовите на Новица. А сето тоа  засилено со добро непрестано мешање, што на домаќинката, што со заеднички сили, со кратки паузи за одмор на работната седенка, за обнова на енергијата со класче печена пченка. И некаде доцна во ноќта домаќините и пријателите, уморни но вредни, а ајварот  готов и подготвен да се спакува во тегли. Наздравје на вредните домаќини и нивните драги пријатели, кои традицијата не ја заборавија, дури и во Мелбурн, далечна Австралија! Фото: Фејсбук/tatjanalazarevska]]>

„Купуваат само најскапо“: Соседите опишаа какви се Жељко и Јована Јоксимовиќ! https://arhiva.vistina.com.mk/kupuvaat-samo-najskapo-sosedite-opishaa-kakvi-se-zeljko-i-jovana-joksimovikj/ Wed, 09 May 2018 12:54:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25818

Додека на големо се пишува и зборува дека брачниот пар Јоксимовиќ фрлил око на недвижност, куќа во елтиниот дел на Белград, вредна околу 2 милиони евра, засега тие се уште живеат во елитен станбен комплекс, а нивните соседи имаат само пофали зборови за нив. Соседите велат дека водителката и пејачот во блиските продавнции пазарат само најскапи производи, и дека на соседите им се насмевнуваат, но не се дружат со никого од крајот. Мајката на Јована често ја сретнуваат  во прошетка со внукот Коста. Водителката Јована и пејачот Жељко Јоксимвоиќ со години живеат во истиот елитен станбен комплекс во срцето на Белград. Нивните соседи велат дека и двајцата имаат скапи автомобили, дека уживаат во луксузот на својот станбен блок и дека за сите овие години ги имаат сретнато само неколку пати. -Жељко е многу пријатен, секогаш се насмевнува, а ако некој го застане знае и да поразговара со него. Јована повеќе ја гледаме на телевизија отколку тука. Секогаш одат и доаѓаат со автомобил со кој одат во гаража, а потоа веројатно имаат лифт со кој се качуваат во станот-велат соседите.
]]>