Божо Вреќо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 May 2023 07:17:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Божо Вреќо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите се навикнати да го гледаат во фустани и здолништа, а најновото издание на Божо Вреќо ќе ве остави без зборови (видео)  https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-naviknati-da-go-gledaat-vo-fustani-i-zdolnishta-a-najnovoto-izdanie-na-bozho-vreko-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-video/ Tue, 16 May 2023 07:17:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302115

Публика на познатиот кантавтор Божо Вреќо е навикната да го гледа нашминкан и во фустани и здолништа, па затоа неговото ново издание кое имавме можност да го видиме на социјалните мрежи беше вистинско изненадување за сите следбеници. Овој пат уметникот на Инстаграм објави видео на кое се гледа како вежба во теретана, а како што е познат по својот посебен стил на облекување покажа и една прилично обична комбинација која ја одбрал за оваа пригода.   На видеото се гледа како Вреќо облечен во спортска опрема прави вежби, но овој пат без посебни модни додатоци.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vreco Bozo (@bozovreco)

Носеше само обична црна маица, шорцеви и сè комплетираше со капа, а многумина коментираа дека и во ова издание изгледа одлично. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Севда: Најубавите љубовни песни од Балканот со оркестарот на Македонската филхармонија и солистите – Божо Вреќо и Васил Хаџиманов! https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-po-povod-denot-na-vlubenite-najubavite-lubovni-pesni-od-balkanot-so-makedonskata-filharmonija-najubavite-lubovni-pesni-od-balkanot-so-orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-i-solistite-bozho/ Tue, 14 Feb 2023 09:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288708

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените. Концертот е насловен „Севда“, а како солисти ќе настапат Божо Вреќо, босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика и српскиот пијанист Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје. На програмата се љубовни песни од Балканот, испеани од Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Александар Сариевски, Шабан Бајрамовиќ, аранжирани за симфониски оркестар од Дијана Имери Илкоска, која, воедно ќе застане зад пултот и ќе го води оркестарот на Филхармонија низ ова несекојдневно музичко патување. Божо Вреќо е босански пејач кој ги „оживеа“ севдалинките и ги однесе во сосема нов правец со специфичноста на својот глас. Неговите изведби седлабоки и емотивни, и самиот за себе вели дека е „човек кој животот го сфаќа на лирски, музички начин“. Во неговиот музички свет чувствата се многу посилни од разумот. Светските медиуми го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“. Од гласот на Божо Вреќо извираат длабоките емоции со кои секој може да се идентификува. Тој пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој отпеан стих е како исповед и препознавање на љубовта. Васил Хаџиманов е џез пијанист, композитор и аранжер од Србија,со македонски корени, роден во Белград на 23 јуни 1973 година. Тој е син на познатите Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ. Истраен, сеприсутен, со бескрајна енергија и музикалност, Васил е алката која го поврзува српскиот џез со крајот на 20 и почетокот на 21 век. Тој е личност која во себе носи гени на бројни интерпретатори, чувари и носители на музичката традиција на Балканот. Дијана Имери Илкоска е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев. Уште во студентските денови, интензивно работи како асистент на маестро Ѓумар со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а бележи настапи на повеќе престижни подиуми меѓу кои и фестивалите Охридско и Скопско Лето со Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија. Нејзиниот настап беше проследен од легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки кој упати бројни пофалби за младата диригентка. Во 2020 г. остварува соработка со светски познатиот диригент – Маестро Урош Лајовиц (Словенија/Австрија) кој за нејзе ќе каже: „Дијана Имери Илкоска е исклучителен талент и диригент кој може да ги оствари сите свои диригентски желби и да направи убедливи креации.“]]>

Концертот на Божо Вреќо во Скопје е откажан https://arhiva.vistina.com.mk/koncertot-na-bozo-vrekjo-vo-skopje-e-otkazan/ Fri, 28 Oct 2022 06:57:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273277

Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува публиката дека концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Македонската филхармонијата во Скопје, е откажан поради „технички причини“. Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе бидете информирани за новиот датум. Ви благодариме за разбирањето - порачуваат организаторите.]]>

Принцот на севдахот Божо Вреќо ќе креира магија во Филхармонија заедно со Оливер Јосифовски https://arhiva.vistina.com.mk/princot-na-sevdahot-bozo-vrekjo-kje-kreira-magija-vo-filharmonija-zaedno-so-oliver-josifovski/ Thu, 20 Oct 2022 12:42:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272323

Божо Вреќо на 1 ноември на концертот во Филхармонија повторно подготвува незаборавно доживување за сите чула. Меѓу музичарите кои ќе го следат неговиот перформанс, а се од повеќе европски држави, ќе биде и басистот и композитор Оливер Јосифовски. Единствен спој на лирскиот тенор од Сараево и со овие креативни музичари, според Јосифовски ќе приреди уникатно музичко битисување на кое со воодушевување реагира публиката во регионот, но и во повеќе европски држави. Концертот во Филхармонија почнува од 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба преку онлајн системот karti.com.mk. Јосифовски, кој со Вреќо настапувал на дел од концертите вели дека во Скопје треба да се подготвиме за уникатно доживување на еден креативен ексцентрик кој е фантастичен музичар. „Божо го познавам околу 5 години, но многу подолго го следам како артист. Се запознавме преку Васил Хаџиманов, како со артист со кого ја делиме страста за музиката од нашето поднебје. Тогаш организирав еден музички настан, Музика од светот, и Божо имаше прекрасен настап и неверојатна комуникација со публиката, која се воодушеви и од веќе препознатливити севдалинки, но и од неговите авторски дела. Има многу оригинален пристап и израз на босансаката традиционална севдалинка, што е издаден до совршенство. Комплетен автор за кој сум сигурен дека има такви вокални способности што минимум 120 минути акапела( соло концертирање) може публика да анимира, без да трепне со око, а да го задржи тој оригиналн пристап. Во Скопје очекувам уште едно совршенство. Ќе бидеме музичари од повеќе држави, и тоа ќе биде микс на музика со интернационален спој, со арт перформанс кој навлегува во џезот,фламенкото, балканската музика и други музички жанрови, а сепак е авторски перформанс со сопствен музички печат“, вели Јосифовски. Вреќо градејќи го сопствениот уметнички израз, успешно соработува со исклучителни музичари со светска слава, меѓу кои се Един Карамазов, Мирослав Тадиќ, Васил Хаџиманов. Францускиот АРТЕ, американскиот Њујорк Тајмс и шпанскиот Ел Периодико Вреќо го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“, а неговиот пристап и уметнички израз го опишуваат како катарзичен, трансверзален и единствен. Уметникот преку својот ангелски кастрато глас ги доловува најдлабоките емоции со кои секој може да се идентификува, претворајќи го перформансот во магично доживување. Внесува многу труд и љубов во музиката, но и во истражувањата на балетот и операта, како и во документарните филмови за севдалинката, која ја збогатува со својот авангарден пристап. Тој го проучува и мистицизмот на балканската автохтона монофонична и полифона музика. Дуалитетот со кој зрачи овој извонреден уметник го прави еден од најзначајните толкувачи на модерната карасевда, која жанровски навлегува во сферата на џезот, блузот, духовното и полифонијата. Неговите концерти се целосен суфиски транс кој ги ослободува сите потиснати емоции кај луѓето и на тој начин предизвикува солзи на концертите Моментално работи на филмска музика за ладино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, Малдича, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“, продуциран и режиран од Канаки филмс и продукцијата Медикус Мунди од Мадрид и Барселона. Карти може да купите на Karti.com.mk.]]>