божји нишан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2017 10:02:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png божји нишан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изгледа и дојде… време: Викторија Лоба ќе се мажи? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/izgleda-i-dojde-vreme-viktorija-loba-kje-se-mazi-foto/ Tue, 07 Nov 2017 09:57:15 +0000 http://vistina.mk/?p=2826

Како тргнало, на македонската естрада наскоро нема да останат моми и ергени. Еден по еден или една по една, како сакате, сите почнаа набрзина да „рипаат во тавче“. Во недостаток на мотив и услови за „големи дела“, естрадните ѕвезди повеќе и се посветија на љубовта во реалниот живот, отколку на онаа во нивните песни! Па наместо нови хитови, речиси еднаш неделно добиваме нови естрадни снаи и зетовци или поточно, нови естрадни младоженци!
По сите јавни фаци што неодамна веќе запловија во брачните води, по се изгледа следна е Викторија Лоба! До душа таа веќеподолго време се пресели и живее кај нејзиното момче, ама сепак... тоа е не е брак! Затоа, Лоба решила „дивоградбата“ да ја „легализира“ со пусулче од матично и заклетва пред Бога! Судбината и дала знак дека е време... Не, не и се сонило на сон, ниту пак и гледала гатачка на дланка... Едноставно, така и се падна... на шеќерчето со последното попладневно кафе што го испи!
„Не чекај, никогаш нема да е вистинско време“ - и пишуваше на шеќерчето, што руската убавица со македски пасош изгледа го сфатила како серизно предупредување од судбината. Божји „знак“! А како од Божји нишан не се бега, па уште ако ти падне на шеќерче, мора да значи дека животот во двојка ќе ти биде сладок... Ете ти „дебела“ причина да се одлучиш на судбоносниот чекор!
Да е поинаку, Лоба не би го постирала на својот Инстаграм профил! Конечно таа на својот избраник веќе му испрати скриена порака преку песната. „Дојди“... ама место тој кај неа, таа дојде кај него. Останува, само кај него и да остане... засекогаш! П.С. Вистина.мк  е секогаш на страна на судбината. Кафето за нас, а пораката - за Лоба!
 
]]>