божин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 07 Jan 2018 08:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png божин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Честит именден Христо, Христина, Божин, Ристо, Ристана… https://arhiva.vistina.com.mk/chestit-imenden-hristo-hristina-bozin-risto-ristana/ Sun, 07 Jan 2018 08:28:51 +0000 http://vistina.mk/?p=9024

Денеска е Рождество Христово – Божиќ, празник на радоста и надежта. Именден празнуваат Христо, Христина, Божин, Ристо, Ристана, Ристовка… Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам. За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи. Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем. Во тоа мало гратче во Јудеја, денешен Израел, се роди Исус, наречен Христос, т.е. Помазаник, и тој беше исполнување на пророштвата. Подоцна се откри и стана позната низ целиот свет надумната тајна на неговата богочовечка личност. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа Христа го нарекуваме спасител. Уште повеќе, влегувањето на Бога во историјата значеше почеток на откривањето на сите тајни и на радоста на вечниот живот.
]]>