божиќна покана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Dec 2018 08:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png божиќна покана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Божиќна покана: Сите се фатија да китат елка, само Лозано и Димитар Андоновски се фатија директно за бадниково гранче?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-pokana-site-se-fatija-da-kitat-elka-samo-lozano-i-dimitar-andonovski-se-fatija-direktno-za-badnikovo-granche-foto/ Fri, 07 Dec 2018 08:44:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61835

Три недели пред Нова година е вообичаен период кога се китат новогодишните елки, се украсуваат домот, градот, дуќаните, фирмите... И речиси сите во овој период се фаќаат за лампионите, украсите и сијаличките, само тие двајца, македонските поп ѕвезди Влатко Лозановски и Димитар Андоновски се фатија директно за бадниковото гранче. Ја прескокаат ли тоа пејачите Нова година и директно Ве канат на Божиќ?
Она првото - никако, а она второто - секако! Нова година ја сакаат, почитуваат и слават обајцата. Па, Лозано впрочем и ја пее песната во новогодишната реклама на македонски, на најпродаваниот безалкохолен пијалак на светот, се сеќавате нели?
Но, за нив  Божиќ е нешто друго. нешто посебно, многу подлабоко, исконско, нешто свето... Минатаа година беше возобновена манифестација „Бадникови поворки“, која на 6 јануари се случуваше низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција која свечено, величествено и достоинствено го најавува Христовото раѓање. Дури по тој повод беше снимена и песната „Вечниот Бог“, која ја изведуваа македонските музички ѕвезди меѓу кои беа и Лозано и Димитар, како и Елена Ристевска, Викторија Лоба, Тамара, Даниел Кајмакоски, Некст Тајм, заедно со Златните славејчиња.
И би...  Бадниковите поворки на 6-ти јануари продефилираа низ улиците на сите градови во Македонија, а централната манифестација во се одржа во Скопје. На нив учество ќе земаа околу 7000 дечиња кои всушност ќе ја сочинуваа најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет воопшто. По обвинувањата за верско делување по училиштата,  Државниот просветен инспекторат изврши истражување и анализа и утврди дека такво нешто немало, а манифестацијата продолжува да живее.
Годинава, односно за Божиќ 2019 год. првата божиќна покана доаѓа токму од домот на Влатко Лозаноски. На социјалните мрежи осамнаа фотографии од него и неговиот колега Димитар Андоновски со реплика од божиќната пештера со чинот на Хрисовото раѓање и следниов постиран текст:
„На точно месец дена до најблескавиот период од годината, кога ќе славиме Бадник и Божик, Ви ја подготвивме ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА. ? Зошто ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА доаѓа од домот на Влатко Лозаноски, ќе дознаете утре во утринските програми на националните телевизии, а нешто подоцна во текот на денот и овде, на нашата фејсбук страница којашто од денеска, одново станува расадник на радосни вести, каков што е и впрочем празникот што не' обединува сите! ? P.S Засега, ќе го задоволиме Вашето љубопитство со неколку фотографии од снимањето“.
Очигледно „Вечниот бог“ и останатите бадникови песни, коледарските дружини во „бадниковите поворки“  ќе ги пејат и овој Бадник... Свечено и величествено, за радосно и достоинствено најавување на Христовото раѓање. Затоа и македонските музички ѕвезди Лозано и Димитар блескаат први... Со првата божиќна покана!  
       ]]>