божиќна песна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 01 Jan 2023 23:01:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png божиќна песна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова е најслушаната божиќна песна на сите времиња: “White Christmas” – Bing Crosby (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-najslushanata-bozikjna-pesna-na-site-vreminja-white-christmas-bing-crosby-video/ Mon, 02 Jan 2023 08:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281652

Секоја година слушаме исти божиќни песни, всушност целата иста плејлиста која се повторува од година во година и минимално се менува или дополнува. Всушност, се чини дека има многу помали шанси некоја нова песна да влезе во друштвото на божиќните поп стандарди отколку да испадне песна која со години е на таа листа. Сосема е јасно дека божиќните песни се многу профитабилен дел од музичката индустрија, но дали некогаш сте се запрашале за што всушност се работи? Секако, заработката на уметникот ќе биде многу помала доколку тој не е автор на песната. На пример, се проценува дека Шекин Стивенс заработува меѓу 5.000 и 10.000 фунти годишно од божиќниот хит „Merry Christmas Everyone“, додека во исто време, авторот на песната Боб Хитли заработува шестцифрена сума. Колку точно заработува авторот или изведувачот од авторските права, тешко е со сигурност да се каже, бидејќи Performing Right Society ја штити приватноста на своите членови и не мора да ги открива овие информации на јавноста. Но, во 2016 година, британскиот Канал 5, по опсежно истражување, објави рангирање на најпродаваните божиќни песни на сите времиња со износите што секоја песна ги носи годишно. Првите пет титули од таа листа заработуваат повеќе од 300.000 фунти годишно. „Merry Xmas Everybody“ - Slade – 1.000.000 фунти „Fairytale of New York“ - The Pogues and Kirsty MacColl – 400.000 фунти „All I Want for Christmas is You“ - Mariah Carey – 400.000 фунти “White Christmas” - Bing Crosby – 328.000 фунти „Last Christmas“ - Wham! – 300.000 фунти Најдобриот сингл на сите времиња Во годинешниот извештај на The Independent се наведува дека „White Christmas“ сепак заработува повеќе од 300.000 фунти секоја година. Песната е снимена пред речиси 80 години, во 1942 година, и не е само најпродаваната божиќна песна на сите времиња, туку и најпродаваниот сингл на сите времиња ширум светот, продаден во неверојатни 50 милиони примероци. За споредба, вториот најпродаван сингл „All I Want for Christmas is You“ е продаден во „само“ 16 милиони примероци. Песната „White Christmas“ е напишана во 1940 година од Ирвинг Берлин, а Бинг Крозби ја изведе за прв пат во радио емисијата The Kraft Music Hall на Божиќ 1941 година. Снимена е за филмот „Holiday Inn“ следната година, и во 1943 година ја освои наградата Оскар за најдобра оригинална песна од филмот. Првата верзија во 1942 година беше уништена од прекумерна употреба, па песната беше повторно објавена во 1945 и 1947 година, и двете реизданија го достигнаа првото место на топ листите на Билборд, што ја прави единствената песна од ист изведувач во историјата која е на врвот на топ листите во три различни години. Верзијата што ја знаеме денес е од 1947 година, а според Гинисовата книга на рекорди е најуспешниот сингл на сите времиња (КЛИКНИ ТУКА). ]]>

„Љубојна“ со преубаво видео ви ја преставува Божиќната песна – „Христос се раѓат, на светот радост“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubojna-so-preubavo-video-vi-ja-prestavuva-bozikjnata-pesna-hristos-se-ragjat-na-svetot-radost-video/ Thu, 07 Jan 2021 15:51:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184194

Традиционално, и овој Бадник, Здружението "Бадникови поворки" со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Епископот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим во текот на целиот процес на создавање на делото. Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир. Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност. Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност се собра за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на: Изведба: „Љубојна“ Соработници: Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”; Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов; Инструменталисти: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас. Аранжман: Оливер Јосифовски Музички инжинер: Ангел Ќосев Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“ Режија – Дејан Пројковски Директор на фотографија – Горан Наумовски Монтажа и камера оператор – Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска Продукција – 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски Учесници: Љубојна, актер – Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти. Голема благодарност до: Стручен соработник – Антонио Стојчески, Хотел Неда – Галичник, Ансамбл Орце Николов – Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос – Ване Наков, Ансамбл Македонија – Владо Јаневски, Александар Костиќ – Претседател на месна заедница Галичник, шминка Марга Миновски. Во продолжение, и текстот на песната: ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ! Христос се раѓат - на светот радост, на светот радост, на сите луѓе. Четириесет дни и толку ноќи Дева бдееше, топло молеше. На крај е дојде време да родит, та бргу барат баби да дојдет. Баби да дојдет, миро да носет, миро да носет, да е послужет. Дури се најдет, дури да дојдет, Марија Дева Христа Го роди. Христа Го роди, Господ на сите, Господ на сите - в пештера бедна. В пештера бедна, ширна полјана, ширна полјана, ко сонце блесна. Ко сонце блесна, ко сјајна луна, ко сјајна луна, на светот светлит. Нек’ светлит така и в’ оваа куќа и в’ оваа куќа, на сета рода. На сета рода мир да е дават, мир да е дават, да множит љубов. Да множит љубов за добри дела, за добри дела, за сите ближни. Христос се раѓат - на светот радост, на светот радост, на сите луѓе. https://www.youtube.com/watch?v=bjZAabuHXHY]]>

Божиќна песна – „Христос се роди денес” ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-pesna-hristos-se-rodi-denes-video/ Mon, 06 Jan 2020 17:50:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127547

Во најрадосно исчекување на Бадникови поворки и во пресрет на Празникот на светлото Христово Раѓање, возобновената божикна песна “Христос се роди денес”. Сите проекти се изработени во Бигорскиот манастир. За песната се заслужни маестро Владимир Димовски за аранжманот на музиката; до оркестарот музичари: виолина – Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли – Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; виолончело – Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; контрабас – Митко Иванов; кларинет – Петар Христов, канон – Тимко Чичаковски; харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ. Режијата, монтажата и продукцијата на видео записот беа во рацете на Даниел Јовески; песната е во изведба на Вера Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а е снимена во студио „Фаме’с“, микс – Игор Василев и едит – Теодора Арсовска. До сите нив неизмерна благодарност, почит и љубов. Во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 души, меѓу кои и познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Прекрасната костимографија ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски. Христос се роди денес Добровечер, домаќини, ако има во вас желба, да раскажам за светото раѓање на Христа Бога. Христос се роди денес во Витлеем јудејски, небесата се веселат, сета твар се радува. Во пештера се раѓа, во јасли на животните, Царот на небесата и Творецот на вселената. Мноштво на ангели пеат: „Слава во висините“ и достојна за восхит е верата на пастирите. Од Персија доаѓаат, тројца мудреци со дарови, ги води светла ѕвезда, без да ги задоцнува. Во овој дом што пееме, камен да не падне, домаќинот на куќава, долго жив да биде. И добра ноќ, одморете, па во црква брзо појдете, на светата Литургија со многу побожност и радост. И дома штом се вратите, на трпеза да каснете, дајте и на сиромаси, за никој да не снема. Дајте ни нам што пееме, колку има во вас желба, и Христос Бог наш секогаш помошник да ви биде. ]]>

Андријана Јаневска и детскиот хор „Ангелски глас“ Ви ја подаруваат – „Божиќ без музика“ https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-i-detskiot-hor-angelski-glas-vi-ja-podaruvaat-bozikj-bez-muzika/ Sun, 07 Jan 2018 09:06:43 +0000 http://vistina.mk/?p=9030

„Каде и да си, за Божик дома да си! Ви посакувам среќни празници со мојата најнова песна! Благодарност до детскиот хор „Ангелски глас“ кој ме придружува! Уживајте со најмилите!“ - со овиезборови македонската пејачка и класичен уметник и педагог Андријана Јаневска им го честита на Православните Христијани најголемиот христијански празник Божиќ - Рождеството Христово, подарувајќи им ја својата најнова божиќна песна насловена „Божиќ без музика“.
Се работи за наменска песна  која го воспева и слави големиот христијански празник, чиј автор на музиката и аранжманпт е самата Андријана Јаневска. Стиховите ги напишала Сузана Костадинова, а како што самата Андријана напоменува, во пеењето вокално ја придружува детскиот хор „Ангелски глас“. Сето ова е снимено и продуцирано во нејзиното семејно музичко студио „Гиновски“. Слушнете ја божиќната песна на Андријана и „ангелчињата“ во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=4Wjaq5sz14c&feature=share]]>

Осум македонски музички ѕвезди ја снимија божикната песна „Вечниот Бог“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/osum-makedonski-muzichki-dzvezdi-ja-snimija-boziknata-pesna-vechniot-bog-video/ Sat, 06 Jan 2018 09:29:36 +0000 http://vistina.mk/?p=8999

Македонските музички поп ѕвезди Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, Мартин и Стефан од „Некст тајм“ и Златните славејчиња, деновиве, во продукција на „Веста“, на неколку локации во Скопје, го снимаа видео-спотот за божиќната Вечниот Бог“.
Оваа песна децата низ земјава во овој претпразничен период интензивно ја учат и се подготвуваат за учество на бадниковата манифестација „Бадникови поворки“, која денес, на 6 јануари ќе се случува низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција на свечено, величествено и достоинствено најавување на Христовото раѓање.
Осумте ѕвезди од македонската естрада, кои учествуваат во реализацијата на проектот „Бадникови поворки“, и овој пат изјавија дека се пресреќни што се заедно, што се дружат и се сплотени во промовирањето на вистинските вредности пред своите фанови и македонскиот народ воопшто, чиишто амбасадори се токму тие. https://www.youtube.com/watch?v=8Givh998-wQ  ]]>

Македонската поп естрада снимаше божиќна песна (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pop-estrada-snimashe-bozikjna-pesna-foto/ Mon, 11 Dec 2017 11:20:59 +0000 http://vistina.mk/?p=6226

Поп-пејачите од домашната сцена се собраа на едно место, во студио, каде ја снимија божиќната песна. Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски,  Мартин и Стефан од „Некст Тајм“, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски се само дел од екипата која пред новогодишните празници реши да ја раскаже приказната за Божиќ. За ова тие се пофалија и на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од снимањето.  ]]>