божиќна магија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Dec 2018 08:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png божиќна магија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Столе Димитриевски сите го сакаат, а македонскиот голман е вљубен до уши: „Кога си до мене, божиќната магија е двојно волшебна“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-dimitrievski-site-go-sakaat-a-makedonskiot-golman-e-vljuben-do-ushi-koga-si-do-mene-bozikjnata-magija-e-dvojno-volshebna-foto/ Tue, 25 Dec 2018 08:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64781

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, конечно бриљира во Шпанија. Беше главен на мечот на неговиот Рајо Ваљекано против Леванте, каде што со своите пантерски интервенции му ја донесе победата на својот клуб.
Несомнено дека промената на средината од Тарагона во Мадрид на Столе му прија. И професионално, ама и приватно. Голот на Рајо го чува како никогаш до сега, па навивачите френетично го скандираат неговото име од трибините.  Како и не би кога не дава  мрежата на новиот клуб од предградието на Мадрид да ја полнат противниците.  Во моментов Столе сите го сакаат... Ама тој сака само една личност.
Вплеткан во љубовната мрежа, вљубен до уши во  шармантна и привлечна русокоса со симпатична насмевка која освојува на прва, срцето на Столе чука само за неа... за убавата Лори.
Божиќните празници во католичкиот свет започнаа, па Столе и Лори не пропуштија да направат божиќна шопинг прошетка низ многуте мадридски молови. Се разбира, фотографијата за спомен покрај големата божиќна елка и пораката полна со изливи на нежност и чувства, постирана покрај неа:
„Кога си ти до мене, божиќната магија е двојно волшебна... Те сакам мило мое“ - се зборовите во слободен превоид со кои Лори му го стопли срцето за Божиќ на својот човек, нашиот голман, нејзиниот Столе!
Очигледно шпанската убавица знае како да го врати Столе во врвна форма... и спортска и животна! Впрочем, малку девојки умеат својата магија да ја употребат за да го претворат животот во волшебство.
Шармантната Лори очигледно знае како да вметне магија во нивната љубовна бајка!
]]>

Божиќна магија во Белата Куќа (ФОТО + ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-magija-vo-belata-kukja-foto-video/ Wed, 29 Nov 2017 11:00:08 +0000 http://vistina.mk/?p=5218

Прекрасна е, како ангел“, е коментарот на едно детенце за првата дама која ги дочека во Белата куќа, за да ја видат празничната магија.
Меланија Трамп во бел минималистички фустан од „Диор“, во комбинација со златен ремен и златни салонки, ги дочека најмалите и ги се потруди да биде ден што ќе го паметат засекогаш.
Од Белата куќа за медиумите изјавија дека првата дама лично ја осмислила декорацијата и го одбрала секој детаљ во неа. За магичната атмосфера, придонесоа и ангажираните балерини на „The Nutcracker Suite“. Годинава темата е традицијата и секоја соба е омаж на американската традиција, вклучувајќи ја и галеријата од претходните претседатели. „Кои се вашите планови за Божиќ?, Го напишавте ли писмото до Дедо Мраз?, Имате ли миленичиња дома“, се дел од прашањата што Меланија им ги постави на најмладите гости во Белата куќа, додека ги шеташе низ Сината, Зелената, Црвената соба...
Посетителите можеа да ѕирнат и во кино-собата, а добија и мапа, со цртана верзија на 11-годишниот Барон, како туристички водич. Се очекува преку 25.000 посетители да ја видат магијата во Белата куќа за време на празничната сезона. https://www.youtube.com/watch?v=THr_seahKUI Извор: Точка.мк