божиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:40:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png божиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-plivashe-po-krstot-zashto-toa-ne-e-toj-praznik-ama-satisfaktsijata-e-pogolema-da-se-kapesh-na-badnik-snezhe-velkov-na-starost-polude-gi-izmesha-pravoslavnite-praznitsi-ili-pobrza-da-gi-slavi-vodits/ Fri, 19 Jan 2024 09:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334710

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал - сеедно... Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото. Достојна на традицијата водителката остана и годинава. Летото оддамна заврши, новото е далеку, но не и за Снеже Велков. Празниците за и по Нова Година нудат низа неработни денови, што се згодна прилика да се замине некаде до дома, доколку се може. А кај Снеже очигледно се има и се може, па водителката за деновите на Рождеството Христово заврши на морето во јужното соседство. Прошетките крај брегот, благата морска клима и убавиот поглед на Егејското синило се доволни за сите да ги наполнат батериите, но не и за Снеже. Она што ја исполнува русокосата убавица е јануарска авантура во вид на зимско капење. Студената вода за сите смрзнувачка, за водителката предизвикувачка... Иако навидум слабичка и нејака, она што на сите други би им било тешка мака и ни за жива глава не би го направиле, таа го направи со невидена леснотија, па за миг русокоста и големата вода како едно се сплотија. Принципот едноставен, без многу филозофија: Одиш, влегуваш, се смрзнуваш, излегуваш... До душа, процедурата претходно малку покомплицирана, ама штом се сака - не е тешко. Го соблекуваш дресот, покажуваш мускули колку си „развиотка како мотка“, па правиш „Кип на слободата“ поза за селфи фотка, по што следи молитва за не дај Боже, па разгибување против грчеви и... Еден, два, три... Снеже  им се фрли во прегратки на морските бранови! Но, неееее... Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник! Снеже Велков со победнички кренати раце на излегување од ледената вода сподели бакнежи и ги остави сите во прашалници: Дали на старост полуде, случајно ги измеша православните празници или намерно побрза предвреме да ги слави Водици? Што и да е... “Нема голема филозофија, ама голема сатисфакција и насмевка и радост, а  најважно чуството на победа“ - што би рекла водителката! За многу години и Бадник и Божиќ отпосле и сега Водици! Или се' на се' - Среќни празници!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze]]>

Марија Шерифовиќ го прослави првиот Божиќ со синот и прати моќна порака (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-go-proslavi-prviot-bozhik-so-sinot-i-prati-mokna-poraka-foto/ Wed, 10 Jan 2024 11:03:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334354

Ова се посебни денови за Марија Шерифовиќ. Во новата година влезе среќна како никогаш досега, бидејќи и се исполни најголемата желба - стана мајка. Нејзиниот син Марио се роди во Америка, а неколку дена пред празниците го донесе во Белград. Поп-ѕвездата дури дојде да пее на дочекот. Новата година ја помина работејќи, но Божиќ сепак е нешто топло, емотивно, нешто што сите го поврзуваме со семејството. Ова е првиот што го слави со своето дете и без сомнение има посебно значење за неа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Се’ ќе помине, но душата, лицето и она што е добро останува засекогаш. Божји мир. Христос се роди “. Зборовите на патријархот Павле беа напишани на сликата што ја објави на Инстаграм. Сè во нејзиниот живот неодамна беше некако во склад со песната „Доаѓа љубов“ која му ја посвети на малиот Марио: „Сине мој, ова ти е првиот подарок“.
 
- Мојот спокој доби лице, а моето срце сега има безбедно засолниште. Ја напишав оваа песна за него, додека го чекав и сонував. Затоа го споделувам со сите вас, за со него да сонувате за сите оние кои ви носат љубов и мир. Мојата љубов дојде - нејзиното име е Марио. фото:Instagram printscreen/ serifovic]]>

На третиот ден Божиќ го празнуваме и Свети Стефан: Ова бил најраспространетиот обичај за овој ден https://arhiva.vistina.com.mk/na-tretiot-den-bozhik-go-praznuvame-i-sveti-stefan-ova-bil-najrasprostranetiot-obichaj-za-ovoj-den/ Tue, 09 Jan 2024 07:20:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334091

Најраспространет обичај во минатотп за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Денес, на третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, каменуван затоа што проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко… Свети Стефан секогаш се слави на 9 јануари, на третиот ден од Божиќ и е една од поголемите слави. Најраспространет обичај во минатотo за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот. Според обичаите, жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божиќ. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

„Моја божиќна снегулко“: Сузана Турунџиева со фотографии од болница покажа дека пред 14 години Бог ја дари со чудо! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/moja-bozikjna-snegulko-suzana-turundzieva-so-fotografii-od-bolnica-pokaza-deka-pred-14-godini-bog-ja-dari-so-chudo-foto/ Mon, 08 Jan 2024 08:10:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283100

Православните христијани три дена го празнуваат Божиќ, а на ТВ водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева празникот пред 14 години и покажа и докажа дека навистина е магичен! Имено, Сузе пред речиси деценија ипол на втората божиќна вечер стана мајка по вторпат и на свет ја донесе ќеркичката Матеа која сега наполни 15 години. Бог ја благослови и ја даруваше Сузе со нејзниното второ чудо, мачинско, најволшебно, најубаво... Секој Божиќ оттогаш има дополнително значење и симболика, божично-роденденска. Без оглед на годините и поминатото време, убавото чувство останува, а сеќавањата на една мајка секогаш остануваат свежи. Матеа е честа придружба на мајка си каде и да оди, па иако веќе е потпорасната убавица, таа најчесто сака да и биде друштво на мама. Со колаж фотографии од моментот кога се роди, па се до нивните понови заеднички мигови, Сузана го честиташе роденденот на своето божиќно чудо. -Среќна 14-ка моја божиќна снегулко, гласи во описот на објавата. Ќерките можат да го надраснат мајчиниот скут, но никогаш и мајчиното срце... Среќен роденден и честит Божиќ! фото:Инстаграм/Фејсбук/Сузана Турунџиева]]>

„Замижи и посакај добрина, мир“ – порачува Нина Николовска во песната за – „Божиќ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamizhi-i-posakaj-dobrina-mir-porachuva-nina-nikolovska-vo-pesnata-za-bozhik-video/ Sun, 07 Jan 2024 09:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334049

Малата Нина Николовска со песната „Божиќ“ ќе им ги стопли срцата на сите за време на Божиќните празници. За оваа песна, која претставува своевидна божиќна химна, изработен е и спот, во кој изобилуваат магични моменти кои ги носат овие празници не само во секој дом, туку и убавината што ја носи Крива Паланка во овој период на годината. Целиот тим, кој  го работеше овој проект се музичари од Крива Паланка, а е продукциското првенче на Центарот за аудиовизуелни уметности од овој град. Автор на музиката и аранжманот е џез-музичарот Гордан Спасовски, текстот е на Рената Кралевска, режија, Александар Ристески, директор на фотографија, Тони Величковски, а извршен продуцент е Методи Цветковски. Спотот е снимен во центарот на Крива Паланка, но и на повеќе локации во околината на градот, кои го покажуваат раскошот за време на овие празници, но и ги мамат посетителите како локација и за културен туризам, за  планински, гастрономски, еко-туризам, уживање во природата и чистиот воздух и секако неизбежниот убавец, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Овој проект е под покровителство на Општина Крива Паланка ,  каде вчера  се организираа "Бадникови поворки" со Бадникова прослава на градскиот плоштад, а вечер, во 18 часот, ќе се одржи "Божиќен концерт" на Трио џентлмен. Славејќи го Христовото раѓање, Нина во песната порачува: „Ме буди мирис на цимет и божикни колсчиња. Божиќ е љубов и светлина, во нашите срца топлина. Замижи и посакај добрина, мир...“. ]]>

Честитајте им го Божиќ на вашите најдраги личности со најубавите божиќни пораки https://arhiva.vistina.com.mk/chestitajte-im-go-bozhik-na-vashite-najdragi-lichnostin-so-najubavite-bozhikni-poraki/ Sun, 07 Jan 2024 08:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334034

Не пропуштајте да им го честитате големиот празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки. 1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ! 2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди! 3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди! 4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди! 5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди! 6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ! 7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди! 8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ! 9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ! 10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди! 11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди. 12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди! 13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов! 14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди! 15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е наздравје! Бериќет и к'смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!]]>

Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово – Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pravoslavnite-hristijani-vo-makedonija-go-slavat-rozhdestvoto-hristovo-bozhik/ Sun, 07 Jan 2024 08:42:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334030

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија изутринава се одржуваат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божиќ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!  ]]>

Честитка од Мицкоски по повод Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/chestitka-od-mitskoski-po-povod-bozhik/ Sun, 07 Jan 2024 06:56:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334062

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни Христијани им го честита големиот празник Рожденство Христово – Божиќ со желби за успеси здравје и среќа. – Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре, мирот и спасението на човековиот род кој тој со себе ги донесе на овој свет. Токму празничните божиќни мигови нека ги исполнат домовите на верниците со божјата светост и радост за веста за раѓањето на Спасителот. Срцата нека се исполнат со топлината и нека се пренесе гласот дека Богомладенецот Христос е роден. Благословот Господов нека е над сите нас, да се насочиме кон добрите дела и хуманоста бидејќи тие се смислата на човекољубието и нашата христова вера, љубовта кон ближните и надежта за спасението. Во празнични денови да си споменеме  и за сите оние кои страдаат поради растечката немаштија и да им пружиме рака, да направиме богоугоден гест и да им помогнеме. Луѓето кои живеат до нас, нашите соседи, без оглед на разликите се наши браќа и треба да си бидеме потпора во овие тешки времиња. Така ќе се сплотиме и ќе застанеме рамо до рамо против предизвиците на новото време кои го ништат нашето општество и кои ја загрозуваат нашата татковина Македонија. Криминалот и корупцијата се злото на ова доба, и тоа бара обединување и заедничка борба. Злото се поразува со добро, а народот во Македонија секогаш знаел да ја одбере страната на доброто и да биде на страната на победниците. Така било во минатото и така ќе биде додека векот векува. Нека е честит и вековит празникот Божик. Нека е вечна Македонија. Христос се роди! Навистина се роди!, се вели во честитката од Мицкоски, по повод празникот Рожденство Христово – Божик]]>

Емилија Розман за Божиќ ја преплавија сеќавања: „Зарем така се оставаат луѓето што те сакаат повеќе од себе?“ https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-za-bozikj-ja-preplavija-sekjavanja-zarem-taka-se-ostavaat-lugjeto-shto-te-sakaat-povekje-od-sebe/ Sat, 06 Jan 2024 07:54:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66382

Божиќните празници се време на радост, можност за потсетување на семејните вредности, на споделување на љубовта со најблиските, најмилите, најсаканите... Оние кои се се' уште со вас, до вас, околу вас... Нејзе Божиќ и се поклопи со уште едно друго нешто... Драго, а сепак болно. Неговиот роденден. Сеќавањата и го исполнија срцето, но празнината која и се всели во душата по неговото заминување, се' уште е голема, огромна, бесконечна... И тешко дека некој ќе може некогаш да ја пополни, да ја затвори таа рана која остава вечна лузна.
Вака некако македонската манекенка, мисица, топ модел...  Емилија Розман ги доживеа празниците. Не можеше да не  се потсети, да не го спомне, а и да не го сподели она што и лежи на душа за нејзиниот починат татко. Фотографијата или повеќе постираната еден вид уметничката слика беше најдобар одраз на она што го чувствува... На празнината за неговиот роденден кој се поклопува токму со Божиќните денови, во кои неговото отсуство е ненадоместиво... Дури до таа мера, што кај неа предизвика „лутина“.
Да можев да ти го дадам мојот живот тато, ќе ти го дадев без секунда размислување. Уште талкам низ животот барајќи причина зошто да живеам без тебе...  Зарем така се оставаат луѓето што те сакаат повеќе од себе? Лута сум ти тато... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН каде и да си, ама лута сум ти...“ - напишала со скршено срце убавата Емилија.
При тоа потсетувајќи се на една стара фотографија со нејзиниот татко токму од времето на Божиќните празници, Розман уште еднаш потсети на тоа колку се важни семејството и најблиските, луѓето кои ги сакаме... А уште поважно, ако тоа им го покажеме додека можеме, додека се тука до нас, со нас, околу нас... пред да биде доцна!
  Фото: Инстаграм/rozmanticna]]>

Наташа Малинкова откри како се слави Божиќ во нејзиниот дом: „Секогаш се радувам на деновите кои за мене имаат посебна магија“ https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-otkri-se-slavi-bozikj-vo-nejziniot-dom-sekogash-se-raduvam-na-denovite-koi-za-mene-imaat-posebna-magija/ Sat, 06 Jan 2024 07:51:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127903

Новогодишните и Божиќните празници се период кога целото семејство се собира во домот и уживаат во празничните денови. Некои уште почетокот на годината заминаа некаде на зимување, некои празниците ги дочекаа дома во кругот на најмилите и најблиските. Македонските јавни личности преку социјалните мрежи упатија искрени честитки со желба за мир, здравје и спокојство. Некои од нив го покажаа новогодишниот амбиент во домот, а за Бадник се пофалија со бадниковата трпеза која ја подготвиле. Македонската пејачка Наташа Малинкова за време за празниците влезе во кујна, се фати за работа и покажа каква е домаќинка. Имено, таа на социјалните мрежи се пофали како подготвува пита за Бадник кој традиционално се наоѓа на бадниковата трпеза. Малинкова разбирливо Божиќ го поминуваа дома во кругот на семејството, кое воедно и е нејзината најголема поддршка. Таа открива како се прославува Божиќ и Бадник во нејзиниот дом. „Отсекогаш периодот од Нова Година, па до Божиќ ми бил еден од омилените во годината. Секогаш се радувам на деновиве и за мене имаат некоја посебна магија. Како малечка палевме оган во дворот пред нашата куќа. Игравме, се радувавме и пеевме песни за Коледе. Сега овие денови имам прилика многу да патувам низ Македонија со настапите и да гледам како се слави Коледе и Божиќ низ градовите. Навистина е магично. Во мојот град, во Кавадарци многу се слави Коледе. Се палат големи огнови, се пее, се собираат многу луѓе“ - вели пејачката. Малинкова откри дека сама ја подготвува посната бадникова вечера. Пејачката откри како ги прославуваат празниците во нејзиниот дом. - Најчесто имам настапи за Бадник и Божиќ. Меѓутоа во текот на денот со семејството сме сите собрани дома и сите по нешто помагаат околу подготовките. Вечерта наздравуваме и откако ќе вечераме се собираме во дневната соба и си прераскажуваме како било претходната година. Најчесто малата Емилија има многу прашања па одговараме на нив“ - кажа во една прилика Малинкова. ФОТО: Инстаграм/natasamalinkova]]>