Божиќен ден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 11:51:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Божиќен ден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските музичари Александар Петрески и Тина Русева кои живеат во Германија, имаат своја песна за прекрасниот – „Божиќен ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-muzichari-aleksandar-petreski-i-tina-ruseva-koi-zhiveat-vo-germanija-imaat-svoja-pesna-za-prekrasniot-bozhiken-den-video/ Fri, 05 Jan 2024 11:51:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333901

Двајцата музичари, Александар Петрески и Тина Русева ја промовираа својата најнова песна „Божиќен ден“, токму како што доликува за овој пеиод од годината. Инспирацијата за создавањето на оваа божиќна песна доаѓа од книгата со трите зајачиња. „Дојдов до идеја да ја напишам оваа божиќна детска песна, во која e даден поглед на среќата која децата ја чувствуваат за божиќните празници или како што се вели, најубавото време во годината. Но дали секое дете исто ја чувствува таа среќа? „На овој прекрасен ден, делиме се’, „Божиќен ден“, носи среќи две волшебни сни, подари ги…“ Јас ја поделив среќата со Тина и таа навистина стана двојна. Со задоволство Ви ја претставувам мојата авторска песна „Божиќен ден“ - вели Александар Петрески. Како што открива тој, музиката е одамна компонирана и создадена, таа претставува стара но оргинална идеја. Додека неговиот син бил бебе, тој често му ја свирел. „Во моментот кога бев  на пат сам да ја довршам новата божиќна песна, сосем случајно ја открив Тина Русева, Македонка од Струмица, која живее во Германија во моја близина. Таа е огромен млад вокален талент и професионалец, кој внесе волшебство во оваа песна. Мојата цел е да оставам препознатливост и музика која ќе трае. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и божиќна енергија. За сите деца и за сите возрасни! Сподели ја песната за двојна среќа“ - вели овој  македонски музичар кој живее и работи во Германија. Инаку, музиката, текстот, аранжманот, продукцијата и мастерингот на песната се на Александар Петрески, кој заедно со Тина Русева ги пее и вокалите. Александар се погрижи и за видео продукцијата и видео- записот на неговата нова песна која можете да ја проследите во продолжение. ]]>