боже чувај ја од зло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 Jul 2019 10:58:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png боже чувај ја од зло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боже, чувај не од зло… ама и од глупости: Александар Белов прв ја откри кражбата, ама дали оние на кои сите покажаа со прст се и арамии? https://arhiva.vistina.com.mk/boze-chuvaj-ne-od-zlo-ama-i-od-gluposti-aleksandar-belov-prv-ja-otkri-krazbata-ama-dali-onie-na-koi-site-pokazaa-so-prst-se-i-aramii/ Sat, 20 Jul 2019 10:44:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98474

Руски бенд украде песна од Тоше Проески! Деновиве како бомба одекна приказната за „кражбата“ на некогашниот голем хит „Боже, чувај ја од зло“ на  македонската поп икона Тоше Проески, од страна на руската поп-рок група  „Земљане“, со наслов „Боже“!

И сите медиуми, а најмногу македонските он лајн(о) портали како во фотокопирница почнаа да ја пренесуваат или препишуваат веста за кражбата на песната на големиот Тоше. При тоа повеќето од нив без да напишат, зашто веројатно нивните „дактилограф(к)и толку и знаат, дека песната воопшто не е ни на Тоше, туку тој само ја испеа, а нејзини автори се хрватската авторска двојка: Миро Буљан (музика) и нам добро познатата „несудена Ружин снајка“, Антонија Шола (стихови).
Прв „недокажаната кражба“ на социјалните мрежи ја обзнани, кој друг ако не пејач... Александар Белов! „Боже чувај ја од зло, со нови автори. не знам како и што, ама ова е кражба од прв степен. Мислам дека песните од Тоше треба и тоа како да се сочуваат“ - напиша Белов на својот Фејсбук профил и лавината тргна!
Но, очигледно е дека во целата „ука-бука“ недостасуваат коцкички во мозаикот. Како прво, никој не се запраша, ниту пак праша, дали можеби новопотпишаните автори не се потпишале туку така под авторското дело кое не е нивно? Светот е глобално село и денес не е тешко бргу да те фатат со „прстите во медот“, нели? Токму затоа, пред да се крене толкава ѓурултија, некој од самонаречените новинари, а всушност препишувачи по порталите, можеби требаше да крене телефон, ако не кај Русите, тогаш кај вистинските автори, зашто до Буљан или Шола и не е така тешко да се дојде.
Единствено ретките познавачи на работите од новинарската фела, а ги има малку, се запрашаа дали можеби овде не се работи за трговија со интелектуалната сопственост? Така на пример, новинарката Бранка Костиќ Марковиќ е една од ретките, ако не и единствената  која пред да каже или напише, резонирала дека во музиката со авторството може и да се тргува.
Конечно, покојниот „крал на попот“ Мајкл Џексон во 1985 година за милионски суми ги откупи правата на песните од легендарните „Битлси“, за што сер Пол Макартни покрена судски спор сакајќи да си ги поврати, но...
Сепак, „Боже“ особено ја разлути македонската публика и особено верните фанови на Тоше, која остави бројни коментари под објавената песна на Јутјуб, бидејќи како автор на музиката е наведен Владимир Трушин, додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев. 
„Оваа песна е од големиот хуманитарец Тоше Проески“, „Засрамете се што ја украдовте неговата песна“, „Барем споменете го оригиналниот автор и изведувач“, се само дел од коментарите на македонските корисници на Јутјуб, откако песната осамна на оваа платформа. Но, дали Владимир Трушин и Владимир Киселев се „арамии“ и дрски „плагијатори“  или вистинските автори Миро Буљан и Антонија Шола  дале согласност, па допрва ќе се огласат по ова прашање, останува да видиме! https://www.youtube.com/watch?v=ur33MIZe2B8]]>