боза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Nov 2020 11:26:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png боза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стар рецепт за боза: Освежувачки напиток од нашето детство со 1000 витамини https://arhiva.vistina.com.mk/star-recept-za-boza-osvezuvachki-napitok-od-nasheto-detstvo-so-1000-vitamini/ Thu, 12 Nov 2020 13:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175814

Бозата е ориентален напиток, стар повеќе од илјада години. Некогаш во секоја слаткарница можевме да се освежиме со боза, но во овие модерни времиња тоа е реткост. За разлика од нездравите, газирани напитоци преполни со шеќери кои денешните деца ги пијат во големи количини, бозата е природен, здрав и закрепнувачни напиток преполн со витамини. Содржи голема количина Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12), витамин А и Е, како и железо, а ценета е и како напиток кој го полни организмот со енергија. Бозата содржи голем број корисни бактерии и е особено добра за спортистите, трудниците и родилките. Рецептот за боза е едноставен и секој може без проблем да ја припреми во својот дом. Потребни состојки: - 5 литри вода - 1 килограм шеќер - 600 грама непросеано пченкарно брашно - 30 грама квасец Начин на припрема: Пченкарното брашно прелијте го со 5 литри топла вода и оставете го да отстои еден ден. Утредента варете го околу 2 часа со повремено мешање. Кога ќе се излади додајте го квасецот, така што претходно ќе го промешате во малку вода и ќе го оставите да нарасне. Промешајте и оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден процедете и додајте го шеќерот. Мешајте додека шеќерот не се растопи. Поради релативно големата содржина на квасец, бозата не може долго да го задржи слаткиот вкус бидејќи доаѓа до ферментација и претворање на мешавината на квасец и шеќер во алкохол, по што го губи својот вкус. Затоа, овој напиток задолжително чувајте го во фрижидер, но и подгответе количина која можете да ја потрошите за релативно кратко време (до 48 часа). извор:точка.ком.мк]]>