босо моме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 Jul 2018 11:02:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png босо моме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Андоновска е „Босо моме“ со порака – „Кој што ме чуе да пеам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boso-to-mome-elena-andonovska-poracha-koj-shto-me-chue-da-peam-video/ Wed, 04 Jul 2018 11:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36115

Младата македонска фолк пејачка Елена Андоновска го промовираше својот  музички  албум насловен „Кој што ме чуе да пеам“.
Албумот содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од доајените на македонска изворна и ноцвосоздадена песна,  Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски...
Аранжманите на песните ги изработи Александар Јовевски давајки им современ и урбан израз, но тие сепак го задржале автентичниот македонски мелос. Во подготовката на албумот учествувале реномирани музичари од кои голем дел се членови на групата “Седенка“. Албумот е снимен во музичкото студио “Подрумот“ во  продукција на Ангел Ќосев.
Обвивката на албумот ја изработиле Костадин Калошев – фотографија и Никола Николовски – задолжен за графичкиот дизајн. Како лајт мотив од албумот „Кој што ме чуе да пеам“, Елена неодамна го промовираше првиот пилот синл и видеозаписот за песната “Босо моме“. Истиот е снимен во прекрасните предели на Западна Македонија и преубавата природа на Лазарополе, а видеото го потпишува  Арт продукција. https://www.youtube.com/watch?v=O2H3irzuvwM
]]>