бошко обрадовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Jan 2022 11:09:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бошко обрадовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Опозицискиот политичар Бошко Обрадовиќ жестоко ја прозва, Карлеуша брутално му возврати: „Јас како родена белграѓанка не сум сигурна дека сме родени во ист град, кој го нарекувате „свој“! https://arhiva.vistina.com.mk/opoziciskiot-politichar-boshko-obradovikj-zestoko-ja-prozva-karleusha-brutalno-mu-vozvrati-jas-kako-rodena-belgragjanka-ne-sum-sigurna-deka-sme-rodeni-vo-ist-grad-koj-go-narekuvate-svoj/ Tue, 04 Jan 2022 11:05:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233717

Јелена Карлеуша одговори на прозивката на опозицискиот политичар Бошко Обрадовиќ, кој нејзиниот новогодишен настап го нарече антимузички и промоција на хомосексуалноста. „Белград, главниот град на Србија, повторно се посрамоти од антимузичкиот настап на Јелена Карлеуша и промовирањето на хомосексуалноста со која ги мамат младите во пресрет на фискалната Нова година, сето тоа емитувано на националната фреквенција. Злобниот Весиќ го понижи повторно нашиот Белград и Србија“ - напиша Обрадовиќ на Инстаграм, а Карлеуша брутално му возврати одговарајќи: „Вие сте ми мене супер, многу ми е жал што таков музички стручњак како тебе не е нов член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“! А и згодни сте, сигурно би направил одличен рејтинг со овие „кул“ фашистички испади кон своите граѓани и јавните личности (Цеца е премногу досадна). Од каде сте? Јас како родена белграѓанка не сум сигурна дека сме родени во истиот град што го нарекувате 'свој'. Ние белграѓаните никого не мразиме, за нас сите се добредојдени во овој град, вклучително и вие“, напиша Јелена и додаде: „Смрт на фашизмот - слобода на народот“. Карлеуша се осврна и на забелешката на Бошко Обрадовиќ за заменикиот градоначалник на Белград, како што го нарече „злобниот Весиќ“: „А тој злобниот Весиќ, како што го нарекува овој човек, го направи Белград центар на светот во новогодишната ноќ, донесе 100.000 туристи од целиот регион на дочек и покажа дека сме град со големо срце што не ги дели луѓето по националност, вера или сексуална ориентација. Го сакам Белград“ - заклучи Карлеуша. Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar
]]>

Кој се’ се офајдил од „Рекет“: Боки 13 ја финансирал српската опозиција? https://arhiva.vistina.com.mk/koj-se-se-ofajdil-od-reket-boki-13-ja-finansiral-srpskata-opozicija/ Mon, 19 Aug 2019 12:59:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102924

Парите од аферата Рекет, кој ја тресе Македонија, но и целиот регион, оделе во Сојузот за Србија (СЗС) и тоа преку Вук Јеремиќ, открива српски Курир. На тие состаноци во Скопје порано беше и Саша Мирковиќ, поранешен претседател на собранието кој е сега во затвор поради малверзација со новогодишни пакетчиња во Зајачар. Организатор на овие состаноци бил Башановиќ, кој е добар со Јеремиќ,па средил српската опозиција да добие пари. Не се знае дали тие пари биле позајмени или не, но сигурно е дека парите биле искористени за финансирање на ротестите „Еден од пет милиони“. Станува збр за повеќе од стотина илјади евра. Тоа практично значи дека парите освен за Јеремиќ, оделе и кај другите лидери на СЗС, Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас – открива изворот на Курир. Како што открива изворот за српски Курир, Башановиќ бил задолжен парите од Боки 13 од Македонија да ги префрли во Србија. Отворил најмалку две трансакции вредни повеќе илјадници евра, а планот бил за време на летото да направат уште, но тој план пропадна кога Јовановски завршил зад решетки, а потоа во јавноста протече и снимка на која во Луј Витон ташна изнесува 1,5 милион евра од куќата на Орце Камчев – вели изворот. Изворот за Курир вели дека добро се збогатиле од рекетот. Генералниот секретар на партијата Глас за Македонија, Љупчо Палевски за Курир.рс изјавил дека оваа бизнис шема била многу реална. – Oд овде се финансираше се што е против српскиот претседател Александар Вучиќ. Тоа е сигурно. Од тој рекет одредени српски структури добро искористиле. Се знае дека Драган Ѓилас повеќе пати доаѓал кај Зоран Заев, а јасно е што е интересот, пари. И тоа не само за Ѓилас, туку и за целата српска опозиција. Повеќе од јасна е улогата на Башанавиќ, сите ги спои само влијание и кеш – вели Палевски. И лидерот на ЛДП, Чедо Јовановиќ се состанувал со Боки 13 во Скопје. За тоа сведочат и фотографиите на Инстаграм кој Јовановски ги објави во септември минатата година. Седеа во еден познат скопски ресторан а во описот на фотографијата Боки 13 го нарече Чедо гостин од Белград.