борко ристовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Feb 2024 08:57:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png борко ристовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќеркичката на Борко Ристовски го прослави првиот роденден: Малечката принцеза татина и мамина, срцето им го стопи од убавина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kerkichkata-na-borko-ristovski-go-proslavi-prviot-rodenden-malechkata-printseza-tatina-i-mamina-srtseto-im-go-stopi-od-ubavina-foto/ Thu, 01 Feb 2024 08:57:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337031

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина во последниот ден на првиот месец од минатата 2023 година станаа родители по вторпат. Тогаш на свет дојде малата принцеза Анастасија, а 31-ви јануари стана важен датум во нивните животи. Убавата вест уште од породилиште ја сподели среќната мајка која тогаш напиша: „Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре. Моја Анастасија, сосема на време да се заљубам уште еднаш по првпат, напиша Нина во прилог на неколкуте фотографии кои се најдоа на нејзниниот Инстаграм профил“. Оттогаш мина една година, а малечката убавица во последниот јануарски ден во оваа 2024 година го славеше својот прв роденден. А, денот што го чекаме цела година е еден од оние посебните… Нему најмногу му се радуваме, особено кога сме помали. Додека сме деца едвај чекаме да дојде, зашто со него доаѓаат и честитките, убавите желби, подароците, ни доаѓаат другарчињата на прослава… Па не е секој ден роденден, нели? Но, на првиот роденден во животот, кога  се' уште сме премногу мали да ги разбереме нештата околу себе, на првата годишнина од нашиот датум на раѓање најмногу се радуваат родителите и најблиското семејство. Така беше и во овој случај кога малечката Анастасија го славеше првиот роденден. Меѓу грст плишани играчки, дузина балони и се разбира роденденската торта, малата синоока убавица во друштво на нејзиното постаро братче Душан, весела, радосна и насмеана се забавуваше и безгрижно си играше за време на роденденската прослава на семејството. Дотерана како манекенка, малата Анастасија иако можеби несвесна дека тој ден е за прв пат роденденка и тоа како уживаше во радоста која се случуваше во семејното гнездо. „Живот татин ! Биди ми жива, здрава и секогаш насмеана. За се останато јас сум тука да бидам покрај тебе додека дишам. Среќен роденден љубов моја“ - напишал Бороко во првата роденденска честитка на својата ќеркичка!     Ниту мама Нина не штедеше зборови и роденденски комплименти за својата мала славеничка, па покрај фотографиите напишала: „Среќен роденден моја радост, моја насмеана принцезо. Мое око магично...Мое небо ѕвездено... Те сакам многу и лудо. Срцето ми го топиш од убавини. Ти благодарам што си моја, Анастасија“! Денот што го чекаме цела година за прв пат го прослави  слатката ќеркичка на Борко и Нина. Нека и е среќен и вечен роденденот на малечката убавица и нека го слави заедно со семејството довека! Фото: Инстаграм/ninaristovska/borko12ristovski

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина во последниот ден на првиот месец од минатата 2023 година станаа родители по вторпат. Тогаш на свет дојде малата принцеза Анастасија, а 31-ви јануари стана важен датум во нивните животи. Убавата вест уште од породилиште ја сподели среќната мајка која тогаш напиша: „Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре. Моја Анастасија, сосема на време да се заљубам уште еднаш по првпат, напиша Нина во прилог на неколкуте фотографии кои се најдоа на нејзниниот Инстаграм профил“. Оттогаш мина една година, а малечката убавица во последниот јануарски ден во оваа 2024 година го славеше својот прв роденден. А, денот што го чекаме цела година е еден од оние посебните… Нему најмногу му се радуваме, особено кога сме помали. Додека сме деца едвај чекаме да дојде, зашто со него доаѓаат и честитките, убавите желби, подароците, ни доаѓаат другарчињата на прослава… Па не е секој ден роденден, нели? Но, на првиот роденден во животот, кога  се' уште сме премногу мали да ги разбереме нештата околу себе, на првата годишнина од нашиот датум на раѓање најмногу се радуваат родителите и најблиското семејство. Така беше и во овој случај кога малечката Анастасија го славеше првиот роденден. Меѓу грст плишани играчки, дузина балони и се разбира роденденската торта, малата синоока убавица во друштво на нејзиното постаро братче Душан, весела, радосна и насмеана се забавуваше и безгрижно си играше за време на роденденската прослава на семејството. Дотерана како манекенка, малата Анастасија иако можеби несвесна дека тој ден е за прв пат роденденка и тоа како уживаше во радоста која се случуваше во семејното гнездо. „Живот татин ! Биди ми жива, здрава и секогаш насмеана. За се останато јас сум тука да бидам покрај тебе додека дишам. Среќен роденден љубов моја“ - напишал Бороко во првата роденденска честитка на својата ќеркичка!     Ниту мама Нина не штедеше зборови и роденденски комплименти за својата мала славеничка, па покрај фотографиите напишала: „Среќен роденден моја радост, моја насмеана принцезо. Мое око магично...Мое небо ѕвездено... Те сакам многу и лудо. Срцето ми го топиш од убавини. Ти благодарам што си моја, Анастасија“! Денот што го чекаме цела година за прв пат го прослави  слатката ќеркичка на Борко и Нина. Нека и е среќен и вечен роденденот на малечката убавица и нека го слави заедно со семејството довека! Фото: Инстаграм/ninaristovska/borko12ristovski]]>
Кај нив нема лабаво: Познатите Македонци во Новата 2024-та ги спакуваа куферите и заминаа да одморат (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-niv-nema-labavo-poznatite-makedontsi-vo-novata-2024-ta-gi-spakuvaa-kuferite-i-zaminaa-da-odmorat-foto/ Thu, 04 Jan 2024 09:20:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333687

Со желби за поубава година од претходната, влеговме сите во Новата 2024-та, па така влегоа и македонските јавни личности. Но, кога е во прашање почетокот на годината некои ја дочекаа надвор од границите на Македонија, а некои сега одлучија да го направат тоа и да заминат некаде за еуфоријата што подолго да им трае но и да им тргне на убаво. Па така, многумин од нив на Инстаграм веќе се пофалија со новите фотографии кои  ги споделија со следбениците и открија кој(а) каде заминал(а). Македонската пејачка и виолинистка Андријана Јаневска, овие денови одлучила да ги искористи за престој на чист планински воздух, па изборот паднал на Маврово. На фотографијата ja сподели зимската глетка со снег и покажа  каде точно ужива. Познатата инфлуенсерка и водителка, Миа Костова на нејзиното стори  сподели од ноќната прошетка низ  Охрид кој и во студените денови е навистина убав и магичен. Ракометниот голман Борко Ристовски заедно со семејството заминале во Златибор, а на кратката објава на Инстаграм сподели приватни  моменти од ресторанот, додека неговото синче Душан си играл со омилените играчки со ликовите на познатите стрип и филмски јунаци. Пејачка Тамара Тодевска заминала на нејзината омилена дестинација Маврово, локација која често ја посетува и без некој поголем повод. Таа го тагна хотелот каде што престојува, а потоа сподели и кој и прави друштво. Меѓу верните другарки и некои лица кои се надалеку познати, како топ моделот Катарина Ивановска, на пример! Празничната, новогодишна атмосфера ја држи и ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски, која  отпатува и прати поздрав од  Солун, Грција. Таа позираше задоволно покрај  новогодишната елка и морето, а повеќе од сигурно е дека екс водителката квалитетно и перфектно  го поминува времето. Фото: Printskrin/Instagram

Повеќе на vistina.mk]]>

Со желби за поубава година од претходната, влеговме сите во Новата 2024-та, па така влегоа и македонските јавни личности. Но, кога е во прашање почетокот на годината некои ја дочекаа надвор од границите на Македонија, а некои сега одлучија да го направат тоа и да заминат некаде за еуфоријата што подолго да им трае но и да им тргне на убаво. Па така, многумин од нив на Инстаграм веќе се пофалија со новите фотографии кои  ги споделија со следбениците и открија кој(а) каде заминал(а). Македонската пејачка и виолинистка Андријана Јаневска, овие денови одлучила да ги искористи за престој на чист планински воздух, па изборот паднал на Маврово. На фотографијата ja сподели зимската глетка со снег и покажа  каде точно ужива. Познатата инфлуенсерка и водителка, Миа Костова на нејзиното стори  сподели од ноќната прошетка низ  Охрид кој и во студените денови е навистина убав и магичен. Ракометниот голман Борко Ристовски заедно со семејството заминале во Златибор, а на кратката објава на Инстаграм сподели приватни  моменти од ресторанот, додека неговото синче Душан си играл со омилените играчки со ликовите на познатите стрип и филмски јунаци. Пејачка Тамара Тодевска заминала на нејзината омилена дестинација Маврово, локација која често ја посетува и без некој поголем повод. Таа го тагна хотелот каде што престојува, а потоа сподели и кој и прави друштво. Меѓу верните другарки и некои лица кои се надалеку познати, како топ моделот Катарина Ивановска, на пример! Празничната, новогодишна атмосфера ја држи и ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски, која  отпатува и прати поздрав од  Солун, Грција. Таа позираше задоволно покрај  новогодишната елка и морето, а повеќе од сигурно е дека екс водителката квалитетно и перфектно  го поминува времето. Фото: Printskrin/Instagram]]>
Борко Ристовски славеше роденден: „Мала торта за голема бројка на години“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/borko-ristovski-slaveshe-rodenden-mala-torta-za-golema-brojka-na-godini-foto/ Fri, 03 Nov 2023 07:42:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325189

Денот што го чекаме цела година е еден од оние посебните... Нему најмногу му се радуваме, особено кога сме помали. Додека сме деца едвај чекаме да дојде, зашто со него доаѓаат и честитките, убавите желби, подароците, ни доаѓаат другарчињата на прослава... Па не е секој ден роденден, нели? Кога малку ќе подпораснеме или ќе станеме сосема зрели и возрасни, работите малку и како да се менуваат. Не дека  радоста за секоја нова дочекана година не е голема, ама сепак не е исто... До душа, за кого како! Еден од оние познатите Македонци што деновиве славеше роденден беше и „министерот за одбрана“, како што го нарекуваат нашиот легендарен ракометен голман Борко Ристовски, кој откако стави крај на играчката кариера стана дел од раководните струкури на РК Вардар 1961 и однеодамна е нов Извршен директор на клубот. РК „Вардар“ му бил и му е и секогаш ќе му биде во срцето, но сепак роденденот е повод кој се слави малку поинтимно, со најблиските во семејството. Така барем одлучил Борко, да го одбележи овој ден, кога го славеше својот 41-ви роденден. Со најмилите, сопругата Нина, синчето Душан и малечката ќеркичка Анастасија која кон крајот на јануари 2024-та допрва ќе полни една годинка, Борко ги дуваше свеќичките на тортата среќно влегувајќи во прегратките на  41-вата. „Мала торта за голема бројка на години! Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и уживајте во животот затоа што реприза нема ! 41 година, а се осеќам како 25“ - напишал славеникот покрај фотографиите со семејството кое се збрало на свечениот чин. Чувството е индивидуално, во зависност кој како ги доживува годините, но затоа едно нешто е единствено: Радоста кога го дочекуваме секој следен роденден , живи и и здрави, среќни, весели, особено во кругот на најсаканите... А годините? Ма, само нека се множат! Фото: Инстаграм/borko12ristovski  

Повеќе на vistina.mk]]>

Денот што го чекаме цела година е еден од оние посебните... Нему најмногу му се радуваме, особено кога сме помали. Додека сме деца едвај чекаме да дојде, зашто со него доаѓаат и честитките, убавите желби, подароците, ни доаѓаат другарчињата на прослава... Па не е секој ден роденден, нели? Кога малку ќе подпораснеме или ќе станеме сосема зрели и возрасни, работите малку и како да се менуваат. Не дека  радоста за секоја нова дочекана година не е голема, ама сепак не е исто... До душа, за кого како! Еден од оние познатите Македонци што деновиве славеше роденден беше и „министерот за одбрана“, како што го нарекуваат нашиот легендарен ракометен голман Борко Ристовски, кој откако стави крај на играчката кариера стана дел од раководните струкури на РК Вардар 1961 и однеодамна е нов Извршен директор на клубот. РК „Вардар“ му бил и му е и секогаш ќе му биде во срцето, но сепак роденденот е повод кој се слави малку поинтимно, со најблиските во семејството. Така барем одлучил Борко, да го одбележи овој ден, кога го славеше својот 41-ви роденден. Со најмилите, сопругата Нина, синчето Душан и малечката ќеркичка Анастасија која кон крајот на јануари 2024-та допрва ќе полни една годинка, Борко ги дуваше свеќичките на тортата среќно влегувајќи во прегратките на  41-вата. „Мала торта за голема бројка на години! Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и уживајте во животот затоа што реприза нема ! 41 година, а се осеќам како 25“ - напишал славеникот покрај фотографиите со семејството кое се збрало на свечениот чин. Чувството е индивидуално, во зависност кој како ги доживува годините, но затоа едно нешто е единствено: Радоста кога го дочекуваме секој следен роденден , живи и и здрави, среќни, весели, особено во кругот на најсаканите... А годините? Ма, само нека се множат! Фото: Инстаграм/borko12ristovski  ]]>
Синчето на Борко Ристовски ги освои Инстаграм следбениците: Едно видео, тон емоции и многу смеа (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sincheto-na-borko-ristovski-gi-osvoi-instagram-sledbenitsite-edno-video-ton-emotsii-i-mnogu-smea-video/ Tue, 04 Jul 2023 10:15:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308772

Ракометниот голман Борко Ристовски и сопругата Николина пред неколку месеци станаа родители по вторпат, добија девојче, а нивниот дом стана повесел и дополнително исполнет со радост и среќа. Нивната прва љубов, синчето Душан веќе е потпораснато момченце кое и тоа како знае што сака, особено да ужива во животот и чувството на детската возбуда. Душан редовно го има на социјалните мрежи, бидејќи мама и тато не можат да одолеат да не ги споделат неговите игри и палавости. Душан е нивното лавче кое од мали нозе ги освојува Инстаграм следбениците. Овој пат, покажа дека е меѓу уникатните поради тоа што е во групата ретки кои го сакаат дождот. Периодов имаме комбинирани денови од дожд и сонце, а тоа за Душан е вистински празник, особено кога врне. Неговите познати родители решија да го пуштат надвор да накисне и комплетно да ужива и да му се предаде на своето задоволство. А кога на дете ќе му биде дозволено да прави што сака, тогаш забавата започнува. Надвор врене, камерата вклучена, а Душан се впушти во танц со дождот, ред игра, ред пиење дожд со ширум отворена уста, а за убавото на душа ич не треба ни да се коментира затоа што тоа и како се гледа.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Borko12Ristovski (@borko12ristovski)

Детската радост неизмерна, а енергијата пренесена и кај мама и тато. -Мојата позитива на векот!Мојата среќа... душа, живот! Биди ми вака позитивен душо моја мала, за се’ друго јас сум тука за тебе додека дишам- напиша Борко во описот на видеото. Коментарите се редеа, а нема сомнеж дека за радост и среќа не треба многу, а децата ни се чист пример за тоа! фото:Инстаграм принтскрин/Борко Ристовски

Повеќе на vistina.mk]]>

Ракометниот голман Борко Ристовски и сопругата Николина пред неколку месеци станаа родители по вторпат, добија девојче, а нивниот дом стана повесел и дополнително исполнет со радост и среќа. Нивната прва љубов, синчето Душан веќе е потпораснато момченце кое и тоа како знае што сака, особено да ужива во животот и чувството на детската возбуда. Душан редовно го има на социјалните мрежи, бидејќи мама и тато не можат да одолеат да не ги споделат неговите игри и палавости. Душан е нивното лавче кое од мали нозе ги освојува Инстаграм следбениците. Овој пат, покажа дека е меѓу уникатните поради тоа што е во групата ретки кои го сакаат дождот. Периодов имаме комбинирани денови од дожд и сонце, а тоа за Душан е вистински празник, особено кога врне. Неговите познати родители решија да го пуштат надвор да накисне и комплетно да ужива и да му се предаде на своето задоволство. А кога на дете ќе му биде дозволено да прави што сака, тогаш забавата започнува. Надвор врене, камерата вклучена, а Душан се впушти во танц со дождот, ред игра, ред пиење дожд со ширум отворена уста, а за убавото на душа ич не треба ни да се коментира затоа што тоа и како се гледа.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Borko12Ristovski (@borko12ristovski)

Детската радост неизмерна, а енергијата пренесена и кај мама и тато. -Мојата позитива на векот!Мојата среќа... душа, живот! Биди ми вака позитивен душо моја мала, за се’ друго јас сум тука за тебе додека дишам- напиша Борко во описот на видеото. Коментарите се редеа, а нема сомнеж дека за радост и среќа не треба многу, а децата ни се чист пример за тоа! фото:Инстаграм принтскрин/Борко Ристовски]]>
„Биди среќен и горд на патот наречен живот“: Борко Ристовски и неговата сопруга Нина го прославија роденденот на синот на несекојдневен начин (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bidi-sreken-i-gord-na-patot-narechen-zhivot-borko-ristovski-i-negovata-sopruga-nina-go-proslavija-rodendenot-na-sinot-na-nesekojdneven-nachin-foto/ Mon, 03 Apr 2023 06:50:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296181

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина приредија неверојатна прослава по повод роденденот на нивниот син Душан. Тие направија необична забава инспирирана од американскиот филм „Маска“, со познатиот актер Џим Кери, кој веројатно е омилениот лик на нивното петгодишно синче. Фановите се изненадија што целиот двор во игротеката каде што се одлучиле да прослават беше со мотиви од филмот, а бидејки беше детски роденден и двајцата родители се потрудиле да подготват се' да биде на највисоко ниво. На забавата биле поканети и аниматори облечени во суперхероите Спајдермен и Капетан Америка кои се потрудиле да го разубават роденденот и трчале кон дечињата кои  со ентузијазам ги пречекале. Посебен дел за игри, балони, аниматори, банкноти на декоративната трпеза, но и големата торта со ликот на семоќниот Стенли Ипкис, ја разубавја славеничката атмосфера. „Биди ми среќен и горд на патот наречен живот! Среќен роденден љубов татина! “ - гласеше објавата на Борко на неговиот  Инстаграм профил. Но, сепак најголем впечаток оставија моментите со филмските сцени од култниот филм „Маска“... и секако среќните и восхитени детски лица, а најмногу она на малиот славеник!   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Борко Ристевски/ Николина Ристовска

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина приредија неверојатна прослава по повод роденденот на нивниот син Душан. Тие направија необична забава инспирирана од американскиот филм „Маска“, со познатиот актер Џим Кери, кој веројатно е омилениот лик на нивното петгодишно синче. Фановите се изненадија што целиот двор во игротеката каде што се одлучиле да прослават беше со мотиви од филмот, а бидејки беше детски роденден и двајцата родители се потрудиле да подготват се' да биде на највисоко ниво. На забавата биле поканети и аниматори облечени во суперхероите Спајдермен и Капетан Америка кои се потрудиле да го разубават роденденот и трчале кон дечињата кои  со ентузијазам ги пречекале. Посебен дел за игри, балони, аниматори, банкноти на декоративната трпеза, но и големата торта со ликот на семоќниот Стенли Ипкис, ја разубавја славеничката атмосфера. „Биди ми среќен и горд на патот наречен живот! Среќен роденден љубов татина! “ - гласеше објавата на Борко на неговиот  Инстаграм профил. Но, сепак најголем впечаток оставија моментите со филмските сцени од култниот филм „Маска“... и секако среќните и восхитени детски лица, а најмногу она на малиот славеник!   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Борко Ристевски/ Николина Ристовска]]>
Борко Ристовски покажа како им успева семејната идила – постарото синче е бато за пример (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/borko-ristovski-pokazha-kako-im-uspeva-semejnata-idila-postaroto-sinche-e-bato-za-primer-foto-video/ Thu, 16 Feb 2023 09:01:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289115

Нина, сопругата на ракометниот голман Борко Ристовски, пред повеќе од 15 дена се породи по втор пат и на свет донесе девојче на кое родителите му го дадоа името Анастасија. Највозбудено за пристигнувањето на новороденчето дома беше постарото братче Душан или лавчето како што го нарекуваат мама и тато. Сопругата на Ристовски се породи на 31 - ви Јануари, а Борко сега објави една од ретките семејни фотографии и покажа кој е најзаслужен за  хармонијата во нивното проширено семејство. Имено, „министерот за одбрана“  покажа дека  синот шутира топка во дворот заедно со него во вечерните часови, додека мајка Нина ја успива малата Анастасија. Но, потоа пред спиење Душан седнува и медитира, за ем тренингот да биде целосен и успешен пред да се вратат во домот, ем полесно да го фати сонот. „И нормално медитација пред спиење“ - разјасни Борко, кој  на објавата додал и емотикони со смајли. Потоа гордиот татко  на социјалната мрежа Инстаграм го објави и резултатот од тренингот - медитација,  преку  емотивно видео од семејниот дом, заедно со наследниците во дневната соба каде докажа дека неговото синче навистина е батко за пример кој успешно си ја сфатил улогата:
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Borko12Ristovski (@borko12ristovski)

„Не се потребни зборови“ -  Секојдневно ме изненадува. Мојата душа ... мојот Душан - напиша тој под објавата. На видеото малата Анастасија спие во прегратките на татко и, додека нејзиниот постар брат Душан седи до неа и се обидува да ја „провери“ дали малата дадичка навистина спие. Фото: Принтскрин/Инстгарам/Борко Ристовски  

Повеќе на vistina.mk]]>

Нина, сопругата на ракометниот голман Борко Ристовски, пред повеќе од 15 дена се породи по втор пат и на свет донесе девојче на кое родителите му го дадоа името Анастасија. Највозбудено за пристигнувањето на новороденчето дома беше постарото братче Душан или лавчето како што го нарекуваат мама и тато. Сопругата на Ристовски се породи на 31 - ви Јануари, а Борко сега објави една од ретките семејни фотографии и покажа кој е најзаслужен за  хармонијата во нивното проширено семејство. Имено, „министерот за одбрана“  покажа дека  синот шутира топка во дворот заедно со него во вечерните часови, додека мајка Нина ја успива малата Анастасија. Но, потоа пред спиење Душан седнува и медитира, за ем тренингот да биде целосен и успешен пред да се вратат во домот, ем полесно да го фати сонот. „И нормално медитација пред спиење“ - разјасни Борко, кој  на објавата додал и емотикони со смајли. Потоа гордиот татко  на социјалната мрежа Инстаграм го објави и резултатот од тренингот - медитација,  преку  емотивно видео од семејниот дом, заедно со наследниците во дневната соба каде докажа дека неговото синче навистина е батко за пример кој успешно си ја сфатил улогата:
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Borko12Ristovski (@borko12ristovski)

„Не се потребни зборови“ -  Секојдневно ме изненадува. Мојата душа ... мојот Душан - напиша тој под објавата. На видеото малата Анастасија спие во прегратките на татко и, додека нејзиниот постар брат Душан седи до неа и се обидува да ја „провери“ дали малата дадичка навистина спие. Фото: Принтскрин/Инстгарам/Борко Ристовски  ]]>
Во домот на Борко Ристовски подготовките за добредојде на бебето течат наголемо: Мама Нина е воодушевена од своето лавче Душан (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-domot-na-borko-ristovski-podgotovkite-za-dobredojde-na-bebeto-techat-nagolemo-mama-nina-e-voodushevena-od-svoeto-lavche-dushan-foto/ Fri, 03 Feb 2023 10:12:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287242

Првото доаѓање на бебето во својот дом по излегувањето од породилиштето е голем ден, не само за мајката, туку и за останатите членови на семејството. Ракометниот голман или подобро познат како министерот на одбрана, Борко Рисовски и сопруагата Нина, на 31-ви јануари по вторпат се реализираа како родители со доаѓањето на свет на женско бебе. Новороденчето го доби името Анастасија, а највозбуден за нејзиното доаѓање дома е бато Душан или лавчето како што го нарекуваат мама и тато.
Во подготовските кои течат наголемо во домот на Ристовски, најмногу е вклучен малиот Душан, кој опколен со разни подароци и шаренило од бои, ја израдува мама кога го виде на фотографија, па истата ја објави на Инстаграм. Деновите во болница за Николина и бебето Анастасија завршуваат, па среќното проширено семејство ќе си оди дома со благословот од Бога во рацете.
Борко и Нина во текот на целата бременост не беа таинствени и објавуваа доста детали од нивната приватност, а верувма дека така ќе биде и откако ќе го испполнат домот со уште повеќе детска смеа, плач, насмевки, прегратки или една целосна семејна љубовна композиција.   фото:Инстаграм/Николина Нина Ристовска

Повеќе на vistina.mk]]>

Првото доаѓање на бебето во својот дом по излегувањето од породилиштето е голем ден, не само за мајката, туку и за останатите членови на семејството. Ракометниот голман или подобро познат како министерот на одбрана, Борко Рисовски и сопруагата Нина, на 31-ви јануари по вторпат се реализираа како родители со доаѓањето на свет на женско бебе. Новороденчето го доби името Анастасија, а највозбуден за нејзиното доаѓање дома е бато Душан или лавчето како што го нарекуваат мама и тато.
Во подготовските кои течат наголемо во домот на Ристовски, најмногу е вклучен малиот Душан, кој опколен со разни подароци и шаренило од бои, ја израдува мама кога го виде на фотографија, па истата ја објави на Инстаграм. Деновите во болница за Николина и бебето Анастасија завршуваат, па среќното проширено семејство ќе си оди дома со благословот од Бога во рацете.
Борко и Нина во текот на целата бременост не беа таинствени и објавуваа доста детали од нивната приватност, а верувма дека така ќе биде и откако ќе го испполнат домот со уште повеќе детска смеа, плач, насмевки, прегратки или една целосна семејна љубовна композиција.   фото:Инстаграм/Николина Нина Ристовска]]>
Борко Ристовски стана татко по вторпат: Мама Нина од породилиште ја покажа малата Анастасија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/borko-ristovski-stana-tatko-po-vtorpat-mama-nina-od-porodilishte-ja-pokazha-malata-anastasija-foto/ Wed, 01 Feb 2023 07:58:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286770

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина станаа родители по вторпат. На свет дојде малата принцеза Анастасија, а 31-ви јануари стана важен датум во нивните животи. Убавата вест од породилиште ја сподели среќната мајка која напиша: -Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре. Моја Анастасија, сосема на време да се заљубам уште еднаш по првпат, напиша Нина во прилог на неколкуте фотографии кои се најдоа на нејзниниот Инстаграм профил.
Од приложеното може да се види дека во болницата кај мама и бебето, за прва средба со ќерката и сестричката, дошле тато Борко и братчето Душан. Радосни и насмеани со полни срца дека малечката по девет месеци дојде на свет и е во нивните раце. Неодамна мама Нина направи специјална фотосесија на крајот од бременоста каде позираше сама со трудничкиот стомак во прв план, но и со синчето.
Инаку, Николина се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, па по неколку дена од породувањето заедно со приновата заминуваат дома. Честитки, да биде здрава и жива!

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина станаа родители по вторпат. На свет дојде малата принцеза Анастасија, а 31-ви јануари стана важен датум во нивните животи. Убавата вест од породилиште ја сподели среќната мајка која напиша: -Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре. Моја Анастасија, сосема на време да се заљубам уште еднаш по првпат, напиша Нина во прилог на неколкуте фотографии кои се најдоа на нејзниниот Инстаграм профил.
Од приложеното може да се види дека во болницата кај мама и бебето, за прва средба со ќерката и сестричката, дошле тато Борко и братчето Душан. Радосни и насмеани со полни срца дека малечката по девет месеци дојде на свет и е во нивните раце. Неодамна мама Нина направи специјална фотосесија на крајот од бременоста каде позираше сама со трудничкиот стомак во прв план, но и со синчето.
Инаку, Николина се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, па по неколку дена од породувањето заедно со приновата заминуваат дома. Честитки, да биде здрава и жива!]]>
По примерот на славните: Бремената сопруга на Борко Ристовски пред породување позираше по долна облека (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-primerot-na-slavnite-bremenata-sopruga-na-borko-ristovski-pred-poroduvane-pozirashe-po-dolna-obleka-foto/ Wed, 18 Jan 2023 09:44:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284695

Принцезата на ракометниот голман или попознат како министерот за одбрана, Борко Ристовски и ноговата сопруга Нина, само што не дошла на свет. Имено, мама Николина е во последниот триместар од бременоста и брои ситно до породувањето или чека да се случи во секој момент.
Својата фотосесија пред породување ја објавува во серија, односно започна со фотографиите каде позира во црно тесно фустанче каде стомакот е во прв план, потоа оние со синчето Душан, за сега да ги покаже оние поразголените. Сега, Нина позираше со голиот труднички стомак облечена само по долна облека, најпрвин таква во беж нијанса, а потоа и црна, а одозгора баде мантил.
Блажена и задоволна од резултатот Нина фотографиите ги објави на својот Инстаграм каде доби пофални коментари како и такви да помине со лесно на породувањето, што и ние и го посакуваме истото.
А убавите вести дека наследничката пристигнала на свет,може да дојдат во секој момент! фото:Инстаграм/Николина Нина Ристовска

Повеќе на vistina.mk]]>

Принцезата на ракометниот голман или попознат како министерот за одбрана, Борко Ристовски и ноговата сопруга Нина, само што не дошла на свет. Имено, мама Николина е во последниот триместар од бременоста и брои ситно до породувањето или чека да се случи во секој момент.
Својата фотосесија пред породување ја објавува во серија, односно започна со фотографиите каде позира во црно тесно фустанче каде стомакот е во прв план, потоа оние со синчето Душан, за сега да ги покаже оние поразголените. Сега, Нина позираше со голиот труднички стомак облечена само по долна облека, најпрвин таква во беж нијанса, а потоа и црна, а одозгора баде мантил.
Блажена и задоволна од резултатот Нина фотографиите ги објави на својот Инстаграм каде доби пофални коментари како и такви да помине со лесно на породувањето, што и ние и го посакуваме истото.
А убавите вести дека наследничката пристигнала на свет,може да дојдат во секој момент! фото:Инстаграм/Николина Нина Ристовска]]>
Сопругата на Борко Ритовски само што не се породила: Нина позираше во тесно фустанче со стомак до заби (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/soprugata-na-borko-ritovski-samo-shto-ne-se-porodila-nina-pozirashe-vo-tesno-fustanche-so-stomak-do-zabi-foto/ Thu, 12 Jan 2023 08:58:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283776

Принцезата на ракометниот голман или попознат како министерот за одбрана, Борко Ристовски и ноговата сопруга Нина, само што не дошла на свет. Имено, мама Николина е во последниот триместар од бременоста и брои ситно до породувањето или  чека да се случи во секој момент.
Николина и Борко летово открија дека ќе станат родители по вторпат и нивното синче Душан ќе добие сестричка, а семејството ќе стане поголемо.
По примерот на повеќето познати, така и сопругата на Борко се реши да направи фотосесија во последните денови од деветтиот месец, па позираше во тесно црно фустанче од кое секако во преден план е трудничкиот стомак.
На дел од фотографиите заедно со мама позира и Душан чија возбуда и детска среќа за доаѓањето на сестричката му блеска на лицето. Епа, нека биде со лесно!

Повеќе на vistina.mk]]>

Принцезата на ракометниот голман или попознат како министерот за одбрана, Борко Ристовски и ноговата сопруга Нина, само што не дошла на свет. Имено, мама Николина е во последниот триместар од бременоста и брои ситно до породувањето или  чека да се случи во секој момент.
Николина и Борко летово открија дека ќе станат родители по вторпат и нивното синче Душан ќе добие сестричка, а семејството ќе стане поголемо.
По примерот на повеќето познати, така и сопругата на Борко се реши да направи фотосесија во последните денови од деветтиот месец, па позираше во тесно црно фустанче од кое секако во преден план е трудничкиот стомак.
На дел од фотографиите заедно со мама позира и Душан чија возбуда и детска среќа за доаѓањето на сестричката му блеска на лицето. Епа, нека биде со лесно!]]>