борка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Sep 2023 10:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png борка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мајката на Александра Пријовиќ раскажа како го минува времето со својата ќерка: Ова се омилените ритуали на Борка и Прија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-na-aleksandra-prijovik-raskazha-kako-go-minuva-vremeto-so-svojata-kerka-ova-se-omilenite-rituali-na-borka-i-prija-foto/ Fri, 29 Sep 2023 10:41:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320464

Пејачката Александра Пријовиќ вчеравечера во белградска „Арена“ го одржа првиот од трите големи солистички концерти. Како што и самата истакна во претходните изјави дека уште како мало девојче сонувала дека еден ден ќе застане на таа сцена и на своето семејство му должи голема благодарност за поддршката што и ја пружиле на тој пат. Од натпреварот во „Ѕвездите на Гранд“ на сите им е познато дека талентот за музика Александра го наследила од мајка си Борка, која со години работела како пејачка. Прија никогаш не криела дека нејзината мајка и била голема поддршка кога почнала да се занимава со музика, како и баба и и дедо и со кои пораснала. Иако нејзините родители се разведени, младата пејачка ја имала поддршката од нејзиниот татко Недељко, кој и излегол на помош на неговата ќерка во сите важни моменти. Во една прилика мајката и ќерката застанаа една до друга пред камерите на „Гранд“, а потоа открија што најмногу сакаат да прават кога го поминуваат времето заедно. Иако сега Александра има многу работни обврски, таа сепак успева да одвои време за своите најблиски. „Сакаме да пиеме кафе и многу да разговараме. Имаме многу теми, секако, главна тема е малиот Александар“ - ќе изјави Борка за Гранд и открива како го поминува времето со внукот: „Најмногу играм со него, тој е забавно дете, добро дете кое не плаче. Секогаш е насмеан и весел. Секогаш кога можам доаѓам кај нив, се трудам да го сторам тоа што е можно повеќе“.  ]]>

Панчо-ДНК, Биба Додева… меѓу познатите македонски личности кои ги изгубиле своите најмили, удрија по злосторот на „онколошките монструми“ https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-biba-dodeva-megu-poznatite-makedonski-lichnosti-koi-gi-izgubile-svoite-najmili-udrija-po-zlostorot-na-onkoloshkite-monstrumi/ Mon, 04 Sep 2023 08:35:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316414

По објавениот црн мегаскандал од клиниката за онкологија  револтот на народот не само што расте до невидени размери, туку е на работ на експлозија. Чашата на криминалното и коруптивно владеење и неспособност на владеачката коалиција оддамна е прелеана.  Трулежот во сите сфери на општеството стигнат е до ниво на распаѓање. По најновите шокантни откритија за случувањата на онкологија, од  здравството меѓу  останатото, се шири неподнослива смрдеа... Реа на гнилеж предизвикана од аматеризам, неспособност, нечовечност, алчност, недостаток на емпатија до ниво на монструозност...  На социјалните мрежи се објавуваат коментари, врие од револт, осамнуваат потресни сведоштва од граѓани кои поминале низ лавиринтите на клиниката, а за жал, и покрај скапите терапии кои само тие знаат како собрале финансии за да ги обезбедат, ги загубиле своите најмили, најблиските. Меѓу останатите граѓани реагираат со свои коментари и познатите. Во професијата, во шоубизнисот  можеби се блескави ѕвезди, но во животот сепак се само обични луѓе, кои токму таму, во таа сега веќе за жал извикана и „озлогласена“ институција наместо сламката на спас за живот, дознаваат дека можеби и нивните сега веќе покојни најмили, биле дел од пеколниот „менгелевско - трговски“ крими проект на поедини медицински монструми!? Впрочем, после ова може ли некој да го спречи сомнежот на секој што животот го натерал лично или некој од неговите да поминат низ скопските онколошки ходници и болнички соби? Затоа и реакциите се емотивни, искрени, човечки... Но и полни со гнев и горчина, со бес и лутина и борба за правдина... Институционална или улична, сеедно... Правдата мора да ја има. Зашто кога неправдата станува закон, отпорот станува должност, а за злосторството мора да има и соодветна казна. Од судот или линч од народот! Македонскиот  ар ен би изведувач и ДЈ,  Владимир Блажев, алијас Панчо-ДНК како и многумина  реагираше на својот Фејсбук профил. Вели дека морал најпрвин „да изброи до 10“  за да не употреби зборови што не се за во јавност, па потоа еве што споделил во својот коментар: „Кога ја дознав информацијата бев во шок, неверување и толку многу изреволтиран што чекав да ми спадне за да не се каам што зборови ќе употребам. Додека сите ние лечиме луѓе преку СМС пораки, донации или хуманитарни концерти некои НЕЛУЃЕ си профитираат на маката и фамилиите на луѓе кои се борат со смртта. Толку многу неправди се случуваат последниве години што е огромен разлог за разочарување кај сите граѓани на Македонија и егзодусот кои се случува прекупреселување и напуштање не државата, и не само на млади туку цели фамилии. Станавме земја во која корупцијата ни е секојдневие, правосудството ни е КРИВОСУДСТВО и еден голем ЦИРКУС, а здравството КАТАСТРОФАЛНО. Ништо, ама буквално НИШТО не функционира!! После овој скандал не само што треба да има предвремени избори туку треба буквално сите кои се на власт да си поднесат неотповиклива оставка или во спротивно да направиме граѓанска непослушност без никаков страв од закани и притисоци за оние кои работат дежавна работа. Секоја револуција има свои последици но и нови херои!! Размислете дека еден ден истово ова може да ви се случи недај боже вам или на ваши најблиски. Ова е ДНОТО НА СРАМОТ и НЕЧОВЕЧНОСТА, ова е нешто кое се случува во најнеразвиени земји ма да и таму има повеќе емпатија него кај нас. Господ на сите ќе ви суди тоа е факт ама мора и народот. Ова не смее да го преќутиме, СИТЕ НА УЛИЦА и не политички туку ЧОВЕЧКИ“ - напишал Панчо на својот Фејсбук. Македонската пејачка и кантавторка Биба Додева, која последниве години преку своето здружение за борба против карциномот - „Борка“ беше токму синоним за хуманост, борба, желба за живот, оптимизам, достоинствено лекување... на најопаката болест на денешницата. По десетгодишна активност пејачката се повлече од својата активност на ова поле заради тоа што замина да живее во друга земја, но при своето враќање и посета на родната Македонија, токму за „добредојде“  ја дочека непријатната вест за случувањата на скопска онкологија, тотално спротивни од она за кое Биба Додева последниве десет години се бореше и залагаше. Шокирана и вчудовидена од случувањата пејачката и некогашен основач на здружението „Борка“ се огласи со свој коментар на нејзиниот Фејсбук профил: „После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување. Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои со БОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет“ - вели Биба и додава: „Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше“ - порачува Додева во објавата на Фејсбук! Ова се само две рекции на познатите личности. Ги има дестици, а оние на обичните граѓани илјадници. Социјалните мрежи вријат, јавноста е на нозе, протестите се во најава...  Правдата е на потег! Фото: Арнива/Фејсбук и Инстаграм/Biba Dodeva/Vladimir Blazev            ]]>

Таа е меѓу најзгодните српски баби: Мајката на Прија позираше разголена, а за еден детаљ постојано се коментира (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-e-megu-najzgodnite-srpski-babi-majkata-na-prija-pozirashe-razgolena-a-za-eden-detal-postojano-se-komentira-foto/ Mon, 21 Aug 2023 11:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314550

Мајката на Александра Пријовиќ, Борка Михајловиќ, за фотографија позирала во костим за капење со својата ќерка и го загреа интернетот. Несомнено е дека Алексадра Пријовиќ моментално е една од најпосакуваните жени на Балканот, но не помалку привлечна е и нејзината мајка, која штотуку влезе во шестата деценија и се уште може да се пофали со исклучително добра фигура.
Фотографијата на која Борка позира на базен во костим за капење привлече големо внимание на мрежите, а покрај бројните комплименти кои мајката на Александра Пријовиќ ги доби на сметка на нејзиниот изглед, следуваше и интересен наслов. Имено, многумина мислат дека Борка може да ја премине границата на Цеци и да ја освои титулата најубава баба во Србија. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Мајката и ќерката со брутално секси селфи: Прија и Борка на базен во бикини, не знаеш која од која има побујни облини (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-i-kerkata-so-brutalno-seksi-selfi-prija-i-borka-na-bazen-vo-bikini-ne-znaesh-koja-od-koja-ima-pobujni-oblini-foto/ Wed, 12 Jul 2023 11:16:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309939

Александра Пријовиќ објави селфи во бикини од градскиот базен во родниот Бели Манастир, а покрај неа позира нејзината мајка Борка. Фотографија ги зовре и социјалните мрежи и водата во базенот и на многумина им го разубаве денот зашто мајката и ќерката толку бомбастично изгледаат во бикини, што не знаеш која од која има побујни облини. Имено, Александра моментално ужива во родниот град со својата мајка Борка, а одмор од горештините нашле на градскиот базен. И додека се разладуваа во водата, Александра направила селфи со својата мајка (49) која изгледа неверојатно.    Позираа, онака гушнати, а поради својот изглед добија многу комплименти, особено што во прв план се нивните бујни гради. На подразголената Прија јавноста можеби и навикнала, па затоа разбирливо поголемо внимание привлече Бокица, со оглед на тоа што изгледа апсолутно бомбастично, што е просто фантастично, ако се знае дека е на прагот да влезе во шестата деценија.  Фото: Инстаграм/borkamihajlovic1974/aleksandraprijovic
]]>

Прија по танга бикини заедно со мајка и Борка во базен: Тие со влажни тела, околината со „влажни погледи“ кон двете убавици (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prija-po-tanga-bikini-zaedno-so-majka-i-borka-vo-bazen-tie-so-vlazni-tela-okolinata-so-vlazni-pogledi-kon-dvete-ubavici-foto/ Mon, 19 Jul 2021 09:22:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211509

Откако се појави на јавната сцена, многумина се воодушевени и од гласот и од стасот на Александра Пријовиќ. Снашката на Брена на почетокот од бракот со Филип, посиникот на фолк -дивата,  како се срамеше да покаже со каков телесен траскош располага, но очигледно како поминува времето таа се почесто воодушевува со нејзиниот изглед. На Прија и прија и импонира да провоцира: Снашката на Брена се опушти, па покажа колку е цицлеста (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Откако ја покажа нејзината мајка Борка,  многу брзо стана јасно дека пејачката го наследила целиот свој талент, а Бога ми и физичкиот изглед од неа. Двете убавици деновиве одново уживаа заедно во друштво на заедничките пријатели пријателите на еден отворен базен на плажа во Црна Гора, каде Александра ја долови атмосферата  директно од водата. Мајката и ќерката беа тие што привлекоа големо внимание, со својот изглед, особено со костимите за капење во кои со стил  го споделија сиот свој сексапил. Борка во бикини со животински принт и дизајн на леопард, додека Прија упадливо впечатлива во светло розова фламинго боја костим за капење,  ја покажаа сета своја еротска генетика преточена во телесна естетика. Особено беа фасцинирани случајните посетители, чии „влажни погледи“ не ги одлепуваа од уште „повлажната“, згодна и атрктивна Прија, чии розови танга гаќички нежно тонеа во извајаната тркалезна задница на сексапилната естрадна убавица! Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijoviс/borkamihajlovic1974]]>

Сваќата на Брена е топ риба: Борка како да и е сестра, а не мајка на Прија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svakjata-na-brena-e-top-riba-borka-kako-da-i-e-sestra-a-ne-majka-na-prija-foto/ Fri, 05 Mar 2021 11:04:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192753

Александра Пријовиќ и заради тазе мајчинствотои заради коронапандемијата најголемиотдел од  времето го минува заедно со своето семејство, а во еден момент ја сними и нејзината мајка Борка Михајловиќ. Мајката на пејачката, како што велат корисниците на социјалната мрежа, изгледа фантастично. Имено, сваќата на Брена е топ риба, па затоа и ги собра сите комплименти. „Ја имам најубавата мајка“, напиша Александра на Инстаграм и веднаш следеа пофалби. „Изгледате како сестри“, „Сега знаеме на кого си ангелски убава“, „Што не кажа на време, дека мајка ти е вака убава“, „Крушата под круша паѓа“... и сл. Прија неодамна откри кога првпат помисли дека е среќна, успешна и остварена жена. „Дефинитивно кога мојата прва песна постигна голем успех, кога мојот труд и работа добија поголема димензија на успешност, кога го запознав Филип, а најголемата среќа ја почувствував кога се роди Александар, бидејќи тоа е, на крајот на краиштата, навистина најголемата  среќа во мојот живот“ - рече неодамна пејачката.]]>

Синот прооде, Александра Пријовиќ излезе надвор со мајка и да го прошета… ама не малечкиот Александар, туку некого друг (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-proode-aleksandra-prijovikj-izleze-nadvor-so-majka-i-da-go-prosheta-ama-ne-malechkiot-aleksandar-tuku-nekogo-drug-foto/ Thu, 30 Apr 2020 09:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147345

 Александра Пријовиќ не може да се види често надвор, па откако медиумите ја фатија на прошетка, за нејзините обожаватели тоа беше вистинско и ретко задоволство. Пејачката носеше долго здолниште и заштитна маска на лицето, како и  ракавици. Заштитена по сите прописи. Потоа на Прија и се придружи и нејзината мајка Борка. Двете седнаа заедно во паркот, па наскоро се вратија во куќата, а сето тоа го овековечи екипата на „Папарацо лов“. Досега, Александра Пријовиќ  најчесто меѓународниот ден на трудот 1. Мај   го прославувала работно. Оваа година, сепак, по сила на нештата ќе  „крене рачна“ и ќе го замени микрофонот со чаша добро вино, во дворот на домот на нејзиното семејство на Бежаниска коса во Белград. Како што самата открива, синот Александар токму вчера проодел и веднаш станал „господар на домашниот простор“. Откако малиот Александар се  родил, тој е секако шеф на нејзиниот и животот на сопругот Филип. „И да не го пуштаме, тој сигурно го прави она што го сака. Тој само што прооде, па сега  е господар на просторот, а ние како и сите родители уживаме во секој чекор од неговиот живот“ - резимираше Прија, која сепак не го зеде со себе малиот Александар кога излезе надвор од куќата, туку на прошетка поведе некој сосема друг... Нивниот домашен миленик, нивниот пес, белата рунтава пудлица. ]]>

Борка, мајката на Александра Пријовиќ: „Јас и мојата ќерка немаме ништо заедничко, освен едно!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/borka-majkata-na-aleksandra-prijovikj-jas-i-mojata-kjerka-nemame-nishto-zaednichko-osven-edno-foto/ Wed, 04 Mar 2020 08:44:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137368

Мајката на Александра Пријовиќ, сега Живојиновиќ, Борка Михајловиќ, признава дека нејзината ќерка не личи на неа, и дека таа е најмногу физички слична со нејзиниот татко и баба. Сепак, тие две имаат некои сличности, а станува збор за... енергијата. „Ние двете навистина немааме ништо заедничко во однос на изгледот. Таа апсолутно не личи на мене. Таа многу повеќе личи како татко и'  и баба и'. Немаме исти очи, нос, исти црти на лицето. Но, има нешто за што многумина велат дека таа е иста мајка и. Само кога таа ќе престане да пее, тогаш се случува нешто и таа е иста јас“ - објасни Борка. Фото: Зоран Јевтиќ/Инстаграм принсткрин]]>

Биба Додева со ист повод за различно славје: За секој нов ден со Борка и со… тато! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/biba-dodeva-so-ist-povod-za-razlichno-slavje-za-sekoj-nov-den-so-borka-i-so-tato-foto/ Thu, 18 Jul 2019 09:17:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98192

Македонската поп пејачка Биба Додева е позната по активностите на своето здружение „Борка“ за борба против ракот на дојката.  Бројните активности на ова поле, покрај уметничките и вокални квалитети Биба ја прават и вистински хуманитарен борец за здравјето на жените и борбата против една од најопасните болести на денешницата.
Биба деновиве имаше двоен повод за исто славје. Две  важни годишнини, два родендена, кои ги одбележуваат можеби најважните нешта во нејзиниот живот: 12 години од постоењето на „Борка“ во Македонија и роденденот на нејзиниот татко.
Биба ја загуби својата мајка, токму по нејзината долгогодишна борба со тешката и опака болест, па нејзиниот татко и остана единствениот родител. Во исто време токму заради болеста на мајка и се роди „Борка“... И кога ќе се погледне и обете работи ја врзуваат за семејството, се рабира родителот е родител, а задружението на некој начин го чува споменот за мајка и, но и ја продолжува борбата и животот на сите со слична судбина.
Затоа Биба не пропушти да ги одбележи двете годишнини, двата јубилеја, двата родендена со две одделни посвети од срце, полни со љубов, убави желби, смисол и надеж за живот, за понатамошно постоење... И обете таа ги постираше на социјалните мрежи преку својот Фејсбук профил.
Роденденската честитка за родителот пак, нема кого нема да го наежи, да му го стопли срцето, да го разнежни и исполни со љубов... Исто толку голема и искрена колку и нејзината иразена во вид на пишана роденденска порака во стихови, како своевидна песна до татко и:
„Тој намногу се радува на моите успеси.. Тој со ноќи нема спиено поради мене… Тој секогаш ми посакува да бидам среќна.. Тој секогаш е на моја страна, па дури и кога не сум во право... Тој најмногу верува во мене, дури и кога јас не верувам во себе… Тој ме научи да верувам во доброто, во љубовта, во секој нов ден.. Тој ме научи да го сакам животот.. Тој ме научи да простувам...но најважно да знам на себе да си простам.. Тој ме научи да помагам без да очекувам некој да каже благодарам.. Тој направи цел живот да се чувствувам најсакана на свет.. Тој е пример за добрина, љубов и трпение и благословена сум што ми е МОЈ ТАТЕ… Тој е надобриот татко на цел свет! Да си ми жив и здрав уште многу години… ТЕ САКАМ ТАТО! СРЕКЕН ТИ РОДЕНДЕН, па да го славиме уште долго“ - напишала Биба во својот роденденски пост до татко и.

Ќе го препознаете ли ова девојче, тогаш уште тинејџерка, денес многу повеќе од музичар? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-go-prepoznaete-li-ova-devojche-togash-ushte-tinejdzerka-denes-mnogu-povekje-od-muzichar-foto/ Tue, 04 Jun 2019 07:20:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91196

Старите фотографии се тука за да бидат нашите чувари на времето. Да не потсетуваат на спомените, на годините изминати, на она што некогаш сме биле... Ние или нашите блиски! Оваа фотографија е стара цели 25 години. На не две познати Македонки, Едната многу позната уште тогаш, во таа 1994 година од минатиот век. Македонската кантавторка и актерка Жаклина Стефковска, позната по тогаш својот хит „Писма неотворени“. Денес актерка и музичар која живее на релација Македонија - Хрватска.
Другата до неа младо девојче, тогаш уште тинејџерка на 19 годишна возраст. Рано мажена, тукушто поредена, а денес нејзината 25 годишна ќерка, кога е фотографијава направена имала само 3 месеци. Во тој период речиси апсолутно непозната, пејачка на почетокот на својата кариера, со гитарата на својот татко во рацете на еден настап заедно со Жаклина. Подоцна оваа тинијџерка ќе стане многу познат музичар, денес афирмирана пејачка, но и многу повеќе од тоа: најголемиот борец за здравјето на жената, предводник на едно цело движење, на невладина организација која и го свртила грбот на политиката и широко им ги отворила своите врати, раширила своите раце на заболените и нивната борба со најопаката болест - канцерот!
Веруваме дека сега вие појаснио како изгледала  Биба Додева на 19-годишна возраст. Дамата која иако денес е позната и призната македонска поп-рок пејачка, е многу повеќе од тоа.
Зашто нејзиниот ангажман преку македонското здружение за борба против ракот „Борка“, чиј основач и прв човек е таа, е многу повеќе од обична невладина организација. Тие се подигачи на свеста и будење на совеста на општеството.
„Борка“ е светла точка во тунелот, подадена рака на надеж, сламка за спас или подобро, остров во океанот на маката која заболените од малигни болести ги задесила.
Ние сакаме да го искорениме тој страв, да ги едуцираме граѓаните и да ја подигнеме нивната свест, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и да ги охрабриме да се борат за да го победат ракот“ -  стои во нивната порака.
А она 19 годишно девојче од старата фотографија, денес 44 годишната музичка уметница Биба Додева е творецот на таа надеж, иницијаторот на храброста заболените да се соочат и борат за да ја победат опаката болест, а здравите, навреме да вршат превентивни контроли и прегледи.  ]]>