Борис Какуринов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jan 2024 13:41:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Борис Какуринов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Дупер“ имаат нешто важно да ви кажат со – „Кажи ми во лице“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-imaat-neshto-vazhno-da-vi-kazhat-so-kazhi-mi-vo-litse-video/ Wed, 10 Jan 2024 13:41:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334469

Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот рецепт за музички допадлава песна, затоа што и овојпат нивната најнова насловена „Кажи ми во лице“ е полн погодок. Музичкото дуо „Дупер“  кое го сочинуваат овие двајца откако го објави најновиот музички проект  за само неколку часа го привлече вниманието на јавноста. Преку најновата песна „Кажи ми во лице“ успеаа со поинаков пристап, да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот“. Видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната. Музиката што ја создава Дупер е единствена и прилично уникатна и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката. Со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“ ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице“ докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук. За да ви биде појасно што тоа „Дупер“ сакаат да ви кажат, проследете го видеото во кое тие нешто важно ќе ви кажат со - „Кажи ми во лице“. ]]>

Еве ги „Дупер“ – „Пак и пак“… со нова песна (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-gi-duper-pak-i-pak-so-nova-pesna-video/ Mon, 13 Jan 2020 13:08:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128672

Дупер имаат нова песна. Откако од трио останаа дуо објавија две, а ова им е третата песна, која во етерот излезе околу новогодишните празници и е насловена „Пак и пак“.

Очигледно, Борис Какуринов и Илчо Нечовски упорно „пак и пак“ се држат до својата авторска креативност, со која овој пат „заталкале“ помалку во сферата на електрониката, што ја прави новата песна на „Дупер“  поразлична од претходните. Стилско свртување во нов правец или изнуден потег по заминувањето на тапанарката Мартина Баракоска заради која живиот ритам на тапаните е заменет со електроника...?

Како и да е новата песна звучи поразлично, посвежо, но некако недоречено и на моменти монотоно, аражмански недокажано и занаетски недовршено.

Музиката, текстот и аранжманот е дело на самите  членови на дуото, додека тонското снимање, аудио миксот и мастерингот се дело на Анѓел Ќосев од студиото „Подрумот“.

Визуелизацијата  на песната со ефтино полуаматерско, здодевно и крајно безидејно видео ја потпишуваат извесни „Frozen Time Drops“.

Како сето тоа звучи и изгледа „Пак и пак“, проследете подолу:

]]>

„Дупер“ останаа дуо, па го „испратија“ во етерот својот „Патник“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-ostanaa-duo-pa-go-ispratija-vo-eterot-svojot-patnik-video/ Thu, 26 Sep 2019 11:09:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109188

Откако од трио останаа двајца по напуштањето на тапанарката Мартина Баракоска и отказот од „Авалон продукција“, Борис Какуринов (гитара и клавир) Илчо Нечовски ( вокал и бас-гитара) најпрвин во месец мај годинава ја промовираа песната насловена „Пробај да ми бидеш“, а по завршувањето на летото еве ги назад на музичката сцена со нова песна. Овој пат темата носи наслов „Патник“ и истата како автори ја потпишуваат  (музика, текст и аранжман) самите членови на „Дупер“, додекаа снимањето, миксот и мастерингот се направени во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев. Стилски темата не отскокнува од претходните, го следи правецот кој и досега го практикуваше дуото и многу не изглегува од нивниот авторски концепт кој го негуваат, се разбира со мали аранжмански корекции на стилот. За песната е снимен и видеоспот кој е изработен од „Фроузен тајм дропс“. Како сето тоа звучи и изгледа проследете преку вашето аудиовизуелното патување низ нивниот „Патник“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=100&v=jHFVTTLUe-Y]]>