борче-шабанче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Dec 2019 13:03:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png борче-шабанче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Професор Дуле и Борче – Шабанче со урнебесна пародија на класикот на „Квин“ – „Балканска рапсодија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/profesor-dule-i-borche-shabanche-so-urnebesna-parodija-na-klasikot-na-kvin-balkanska-rapsodija-video/ Wed, 18 Dec 2019 12:57:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124660

Малку повозрасните љубители на македонската  поп музика, Борче Шабаноски го паметат како гитарист и член на култната група од 90-ите „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“. По згаснувањето на бендот, тој со својот сограѓанин, вокалистот  Дуле Темелкоски го направи дуото „Бен Хур“, со кое двајцата прилепчани беа со години дел од македонската естрада. Откако под тоа име групата престана да егзистира, двајцата пријатели не престанаа да соработуваат и музицираат. Делумно како студиски музичари, делумно со своите настапи заедно или одделно по кафулињата и клубовите во Прилеп и низ Македонија. Деновиве професор Дуле и Борче - „Шабанче“ објавија интересна песна или поточно преработка која во многушто потсетува на времето од славата на „Ристо Бомбата“, кога на сличен начин обработуваа познати теми: од „Смокот се мота“ („Smoke on the water“ на Deep Purple ), преку кантри класиката „О Сузана“, до детската новогодишна „Елко, елко“, лепејќи нови, себесвојствени, хумористични текстови на познатата музика! Така е и овој пат со нивната преработка на светскиот мегакласик на легендарните Queen - „Bohemian rhapsody“, во нивната верзија насловен „Балканска рапсодија“. Урнебесните стихови извонредно ги визуелизирал младиот ликовен уметник Владимир Здравески, а како звучи и изгледа овој „прилепски аудио-визуелен пакет“ на балкански начин, проследете во продолжение и уживајте во хуморот на тројцата мускетари. ]]>