Борче Нечовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Aug 2022 12:45:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Борче Нечовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Соња и Оливер дојдоа од Канада да снимат македонски песни -„Боже правда нема“ и „Мојот живот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sonja-i-oliver-dojdoa-od-kanada-da-snimat-makedonski-pesni-boze-pravda-nema-i-mojot-zivot-video/ Thu, 18 Aug 2022 12:44:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263327

Летово на гости во родниот крај е познатото дуо Соња и Оливер од Торонто, Канада, односно брачниот пар  Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, кои негуваат македонска народна музика. Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни кои се креација на врвни македонски уметници. ,,Боже правда нема“ и ,, Мојот живот“ се наслови на песните за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски. Песната ,, Боже правда нема“  доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце. Втората нова песна ,, Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем, Нечовски, Момироски. И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари. Во песната „Боже Правда Нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски. Во песната гостуваат: На кларинет, Благојче Трајковски и на труба Филип Нуневски. Во песната „Мојот Живот“ гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестанивски на зурла. Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев. Слушнете ги двете песни: ]]>

Сања Барбика порачува: „Не игнорирај ме, дезинфицирај ме“… во – „Ковид и секс“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-barbika-porachuva-ne-ignoriraj-me-dezinficiraj-me-vo-kovid-i-seks-video/ Tue, 15 Jun 2021 12:26:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207099

После само два дена од објавувањето на видеото за темата „Ковид и секс“ на Сања Цинцева – Барбика коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Стиховите: „Не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс...може да е опасно ковид и секс!“ предизвикаа лавина од полемики и  коментари, а пејачката вели дека најваѓно е да се збори. Сања вели дека токму тоа и била и првичната цел и намера кога почнала да ја работи песната. „Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа ми беше и целта. Бројот на прегледи расте вртоглаво од ден во ден, тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа, и јас, и мојот тим“, откри убавата струмичка барбика која отсекогаш знаела како да ја заинтигрира јавноста. „Ковид и секс“ ја потпишуваат Дејан Момировски и Борче Нечовски, за спотот беше задолжен Дарио Јанковиќ, додека докторот во кадрите од видеото кој ја „дезинфицира“ струмичкат а барбика е манекенот Димче Димчевски. „Видеото е шарено, динамично, кореспондира со стиховите кои ги пеам. Песната е летна, певлива, влегува во уво на прво слушање“, додаде Сања која веќе има целосна закажана агенда на настапи за ова лето. „Полека се се’ враќа во нормала, јас запеав за ковид и „магично“ почна да го снемува“, се пошегува атрактивната пејачка. Видеото за „Ковид и секс“ можете да го погледнете во продолжение: ]]>

Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски има само една желба, што ја преточи во песна – „Да си моја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladiot-folk-pejach-zive-meshurevski-ima-samo-edna-zelba-shto-ja-pretochi-vo-pesna-da-si-moja-video/ Tue, 15 Dec 2020 11:59:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180960

Ако светот е на пауза, музиката не е... не барем за оние што ја создаваат и изведуваат, а такви има и кај нас. Како младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, кој ја промовираше неговата најнова песна – „Да си моја“. Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во такви услови, музичарите не престанаа со музицирање. Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера. Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов музички материјал од кој произлезе темата со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа: Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман. Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат, врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.     „Долго работевме на оваа песна. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката. За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“. „Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола“ – дополни младиот музичар. Инаку за тие што не знаат, Живе студира соло оперско пеење  на Факултетот за музичка уметност во Скопје.     Проследете ги песната и видеото и уживајте и во ова парче домашна музика: https://www.youtube.com/watch?v=QUn7bEW5oI8  ]]>

Елена Велевска срце ќе ви разбуди со „Зоро моја румена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-srce-kje-vi-razbudi-so-zoro-moja-rumena-video/ Mon, 07 Oct 2019 11:57:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111267

На стартот од есента, популарната Елена Велевска го промовира својот најнов музички проект насловен „Зоро моја румена“. Станува збор за сосема поинаква песна, која уште по првото слушање го привлекува вниманието на слушателот. Песната е авторско дело на докажаниот двоец Дејан Момировски и Борче Нечовски, со кој Елена долги години соработува, а кадрите за видеото нашата атрактивна пејачка, заедно со тимот ги снимија во соседна Бугарија. „Направив куса пауза кога е мојата авторска музика во прашање, бидејќи подолго време бев во потрага по нешто поинакво и квалитетно , по песна која ќе се слуша. „Зоро моја румена“ ми се допадна уште при првото слушање, па затоа верувам дека на ист начин ќе и се допадне на публиката“ - вели Велевска. Во меѓувреме, престојниов период, во најава се многу настапи низ Македонија и надвор од неа, како и нови музички проекти на Велевска. https://www.youtube.com/watch?v=4JHT6gtczaA]]>