борче нечоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Oct 2022 07:29:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png борче нечоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32  „Фокус бенд“ со необична музичка приказна за една мома, а во неа вљубени – „Двајца браќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fokus-bend-so-neobichna-muzichka-prikazna-za-edna-moma-a-vo-nea-vljubeni-dvajca-brakja-video/ Fri, 28 Oct 2022 07:28:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273187

„Оди брате ноќва земи ја, што подалеку однеси ја. Кај и да сте, среќни да сте, да не ве гледам...“ – се дел од стиховите на најновата песна со наслов „Двајца браќа“ на фолк-групата „Фокус бенд“, кои пред неколку дена ја промовираа на социјалните мрежи. Станува збор за песна со која тие се претставија на овогодинешниот „Прилеп фолк-фест“, а како автори на неа се потпишува добро познатиот тандем, Борче Нечовски текст и музика и аранжман Дејан Момироски. „Композицијата е сентиментална и говори за двајца браќа кои засакале една иста девојка, но да не откриваме се, нека ја слушнат цела песна. Искрено се надеваме и веруваме песната ќе и се допадне на публиката и ќе допре до нивните срца“ – истакнаа момците од бендот. Инаку за оваа песна тие снимија и видеоспот во режија на „Арт продукција“ и тоа на неколку одлични локации. Едната е езерото Козјак, додека другата е селото Павлешенци. Покрај членовите на  бендот, во видеосзаписот се појавуваат и децата од фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“. „Фокус бенд“ не застанува тука. Тие најавуваат нови прокети во иднина, а покрај многубројните настапи, тие за следната година ја најавуваат и турнејата, за која допрва ќе откријат повеќе детали. Погледнете го спотот за најновата песна на „Фокус бенд“ во која е вткаена необична приказна за една мома, а во неа вљубени - „Двајца браќа“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Татијана Стефановска бирајќи меѓу поп и фолк, избра компромис во – „Избери“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-birajkji-megju-pop-i-folk-izbra-kompromis-vo-izberi-video/ Wed, 29 Jan 2020 13:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131698

По долго време, една од најубавите и најзгодни македонски фолкерки Татијана Стефановска конечно има  нова песна. Бираше, бираше и овој пат ја избра соработката со авторскиот тандем: Дејан Момировски (композитор и аранжер) и Борче Нечоски (стихови), кои се автори на песната, а истата е снимана во студиото „ХЛ Момировски“. Овој пат згодната битолчанка решила малку да го прошара својот репертоар, па избрала песна која е многу поблиску до поп музиката отколку до класичниот новосоздаден фолк. Очигледно е дека во вокалниот дел Татијана колку и да се обидува тешко дека може да избега во фолкот кој и е во вените и многу повеќе и лежи. Сакајќи да избере помеѓу двата стила, Стефановска избрала „компромис“ во „Избери“, за чија визуелизација се погрижила екипата на „Веста продукција“, а истата коректно кореспондира со песната. Во него покрај вокалните обиди да го смени стилот, Татијана сепак не го сменила стариот проверен рецепт да игра на картата на својот природен сексапил... и не згрешила во изборот! Како звучи и изгледа кога Татијана ќе  постави ултиматум: „Избери“, проследете во продолжение. ]]>

„Алегро“ знаат како се ужива на „Honeymoon“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/alegro-znaat-kako-se-uziva-na-honeymoon-video/ Sat, 17 Aug 2019 11:38:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102704

Струмичкиот бенд „Алегро“ на објави нова песна и  видео спот, со наслов „Honeymoon“. Песната е во ритамот на летото, а видеото е снимено на „Papua Beach“ во Калитеа, во Грција.
Миксот и аранжманот на овој летен хит се направени во студиото на Енцо Расимов во Белгија, а текстот е на Борче Нечовски.
Аце Гоцев од групата „Алегро“, ни најави уште два вакви видео записи за новите песни до крајот на летото.
Што се однесува до настапите во живо, летото веќе го поминуваат најмногу по свадби, а потоа заминуваат кај нашинците во Швајцарија, со викенд концерти во септември и октомври, додека во декември, цел месец ќе бидат во Германија.
Уживајте во новиот видео спот на момчињата од „Алегро“ - „Honeymoon“. https://www.youtube.com/watch?v=pTJuQfTDX7M]]>