бон тон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Mar 2022 12:50:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бон тон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шест бонтон павила кои секогаш треба да ги следиме: Мора секогаш да ги имате на ум https://arhiva.vistina.com.mk/shest-bonton-pavila-koi-sekogash-treba-da-gi-sledime-mora-sekogash-da-gi-imate-na-um/ Mon, 28 Mar 2022 12:50:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244581

Грижете се за вашите манири и впечатокот што го оставате кај другите Бонтонот е збир на правила на убаво и учтиво однесување, а различни содржини се присутни во речиси сите општества. Зборот бонтон е од француско потекло и во превод значи елегантно однесување. Со текот на времето, правилата за добро однесување се променија, приспособувајќи се на модерниот начин на живот. На пример, порано беше сосема незамисливо жената да запали цигара, а припадниците на посилниот пол мораа да ја пресоблечат гардеробата што мириса на чад, доколку се во женско друштво. Кои правила важат денес? Влегување и излегување од ресторан Дамите имаат предност – речиси сите го знаат тоа. Сепак, постојат исклучоци. При влегување во угостителски објект, правило е мажот да влезе прв за жената прва да не наиде на непријатни ситуации. Односно, посилниот пол е тој што го трасира патот и избира маса во ресторан. Вадење на капата, шеширот или ракавиците И денес важи правилото дека кога мажот ќе сретне жена во некој премин или соба, ги симнува капата, шеширот, ракавиците, во зависност од тоа што носи во тој момент. Од друга страна, понежниот пол воопшто не го прави тоа. Прибор Кога станува збор за приборот за јадење, постојат многу правила и мислења за тоа како правилно да се намести и со каков прибор да се јаде. Но, постои едно правило кое е општо прифатено насекаде, а тоа е дека приборот за јадење никогаш не треба да се остава на рабовите на чинијата за време на ручекот. Вилушката и ножот се ставаат вкрстено во чинијата. Лифт Според бонтон, жената е таа која прва влегува и излегува во лифт. Постојат теории кои велат дека всушност мажот треба прв да влезе во лифтот за да ја провери безбедноста на лифтот. Цигарите, како и туркањето, бучавата, се сметаат за крајно непријатни за мали и тесни простори како што е лифтот. Придржување на палтото Скоро сите знаеме дека вистински џентлмен секогаш ќе го придржи женското палто и ќе донесе столче. Но, постои исклучок од ова правило! Имено, тоа е должност исклучиво на дамскиот придружник, но не и на келнерот. Доколку келнерот се понуди да го стори тоа, придружникот треба да ја одбие понудата и да ја преземе обврската. Поправање на шминката Ако вашата шминка е размачкана или расипана, правилата на учтивост налагаат да ја поправите само во тоалетот. Поправањето шминка во салата на ресторан или кафуле, на масата се смета за помалку пристојно.]]>

Не фалете се со фотки од партнерот и уште 15 правила за секс бон-тон! https://arhiva.vistina.com.mk/ne-falete-se-so-fotki-od-partnerot-i-ushte-15-pravila-za-seks-bon-ton/ Fri, 26 Nov 2021 13:30:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229017

Праќањето секси пораки и фотографии кога ќе ви текне се смета за невкусно однесување, пред да ја пратите пораката добро е да се осигурате дека е вистинско време за тоа Во продолжение проследете ги правилата за добро однесување во сексот што ќе ви помогнат да направите разлика помеѓу отменото и невкусното однесување: 1. На прашањето „Колку љубовници сте имале?“ можете да одговорите така што ќе нагласите дека минатото и бројот не ви значат ништо, туку дека сте заинтересирани само за иднината. Невкусно е да бидете навредени што воопшто ви го поставиле ова прашање и да си заминете само затоа што се чувствувате под притисок. 2. Пред да почнете да испраќате „жешки пораки“ добро би било да проверите дали е вистинско време за тоа (дали партнерот е со друштво/колеги и сл.) и не го фотографирајте лицето. 3. Ако партнерот побара да ги избришете добиените фотографии – тоа треба да го направите веднаш. 4. Покажувањето на добиените фотографии на други луѓе е крајно невкусно. 5. Кога имате „секс за една ноќ“ ако не сте го запомниле името на сексуалниот партнер, добро е да си премолчите. 6. Иако имате само „секс за една ноќ“ и не планирате повеќе да се видите, почекајте барем 15 минути по завршувањето на чинот, пред да си заминете. 7. Невкусно е да претпоставите дека можете да останете цела ноќ и да одбивате да си заминете, кога партнерот тоа јасно ви го дава до знаење. 8. Освен за личната хигиена, добро е да обрнете внимание и на чистината на постелнината и просторијата. Просторијата со расфрлана облека, полните пепелници, празниот ладилник, расфрланите ситници во собата, нечистата постелнина, но и лошата лична хигиена оставаат лош впечаток и се невкусни. 9. Воопшто не е културно пијани да се јавувате и да барате секс, но ако сте подготвени да се јавите, сепак треба да бидете сигурни дека на партнерот тоа нема да му пречи. Немојте да бидете упорни. 10. Невкусно е ненајавено да се појавите под дејство на алкохол, среде ноќ, во домот на партнерот и да барате секс без да обрнете внимание на можностите и дали ќе го засрамите партнерот. 11. Редовното користење кондоми треба да ви биде нормално и не треба да го барате спротивното, доколку не сте во сериозна врска. 12. Невкусно е да одбивате да носите заштита, да лажете за сопственото сексуално здравје, намерно неправилно да ја користите заштитата и слично. 13. По искористувањето, кондомот треба да го фрлите во канта за отпадоци, а не на земја. 14. При орален секс невкусно е да ја туркате главата на партнерката на сила, а кога станува збор за ејакулација во уста, треба да добиете согласност од неа. 15. Невкусно е и да не сакате да ѝ го возвратите задоволството на партнерката со која сте имале орален секс. извор: убаина и здравје]]>

Бон-тон правила кои сите треба да ги знаат https://arhiva.vistina.com.mk/bon-ton-pravila-koi-site-treba-da-gi-znaat/ Tue, 15 May 2018 11:19:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27073

Бон-тон претставува збир на општествени правила за убаво однесување. Понекогаш се чини дека луѓето забораваат на правилата за убаво и пристојно однесување, па затоа секогаш е убаво да се потсетиме на некои бон-тон правила кои сите луѓе треба да ги почитуваат. Еве дел од нив: Никогаш не одете кај некого дома без да се најавите. Кога сте излезени, никогаш не го ставајте телефонот на маса. Со тоа покажувате дека овој уред игра важна улога во вашиот живот, дека ви е здодевно и дека едвај чекате да го земете телефонот и да проверите што се случува на социјалните мрежи. Не канете некој да излезе со вас доколку планирате цела вечер да се допишувате со некого преку пораки. Маж никогаш не ја носи чантата на жената. Сепак може да го однесе нејзиното палто до местото каде што се оставаат палтата. Ако се шетате со некого и таа личност застане да се поздрави со некого и вие треба да се поздравите, дури и ако не се познавате. Вашите чевли секогаш треба да бидат чисти. Избегнувајте незначајни муабети по телефон. Ако ви треба некој за да разговарате, подобро да го правите тоа очи во очи. Ако некој ве навреди не треба да вратите на истиот начин. Само насмевнете се и заминете си. Мажот секогаш треба да оди од левата страна на жената. Војниците се исклучок од ова правило, затоа што секогаш треба да се подготвени за поздрав. Возачите треба да запаметат дека прскањето на пешачиците е немормално однесување. 9 работи кои треба да бидат тајна: возраст, заработка, семејни расправии, религија, медицински проблеми, љубовни афери, подароци, чест и срам. Во кино или театар, треба да се движите кон вашето седиште свртени со лицето кон оние кои што седат. Мажот оди прв до седиштето. Маж никогаш не треба да ја допре жената без нејзина дозвола. Ако некој ве повикува непристојно, како на пример: „Еј ти!“, не треба да се свртите. Златното правило за парфемите е умереноста. Ако се уште можете да го мириснете сопствениот парфем и вечерта, иако сте го ставиле тоа утро, тоа значи дека сите останати се веќе уморни од него. Добро воспитан маж секогаш ќе покажува почит кон жена. Во присуство на жената, мажот може да пуши цигара само со нејзина дозвола. Без оглед на тоа кој сте: директор, академик, постара жена или студент – кога влегувате во просторија вие треба да бидете први што ќе се поздравите со сите. Почитувајте ја приватноста на комуницирањето. Родителите не треба да ги читаат писмата на своите деца. Паровите треба да ја имаат истата почит еден кон друг. Не се обидувајте да бркате трендови. Подобро е да се облекувате фино, дури и ако не е баш според трендовите, отколку да изгледате лошо во најнов костум. Ако ви е простено откако сте се извиниле, не ја почнувајте повторно таа чувствителна тема. Избегнувајте прегласно зборување и смеење, како и зјапање во луѓе. Не заборавајте да им се заблагодарувате на вашите сакани, роднини и пријатели. Вие не ви помагаат затоа што мораат, туку затоа што сакаат. Ценете ги. Како што рекол Џек Николсон, американскиот глумец: „Пристојноста ми е многу важна. Како да подадеш чинија. Да не се дереш од едниот до другиот крај на собата. Да не отвориш затворена врата без чукање. Да и дозволиш на жена да помине. Целта на овие бескрајни едноставни правила е да го направат животот подобар. Јас многу внимавам на моите манири. Бон-тонот е важен. Тој е едноставен и разбирлив јазик за меѓусебна почит.“]]>