бомбакис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 11:05:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png бомбакис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бoмбакис има одговор за самобендисаните нарциси на социјалните мрежи и нивните анимални потреби: „И гравот се срка со слика“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bmbakis-ima-odgovor-za-samobendisanite-nartsisi-na-sotsijalnite-mrezhi-i-nivnite-animalni-potrebi-i-gravot-se-srka-so-slika-video/ Tue, 30 Jan 2024 08:55:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336715

Социјалните мрежи дефинитивно станаа „поле за натпревар на објава на глупости“.  Врие од  она што се нарекува: „Она од што паметниот се срами  – будалата се гордее“,  вели една стара поговорка, а по принциот на истата Фејсбук, Инстаграм ТикТок, па и Х станаа  преплавени со самобендисани нарциси и нивните анимални потреби. Од тоа кој кај бил, што правел, што купил, што јадел, што пиел, каде спиел… Полнењето и прекривањето на телото - пуштени на најјако, остана само да почнат да го сликаат и споделуваат „празнењето“! Златна тоалетна школка, на неа даска од махагониј и кристално казанче, се веројатно следните инфлуенсерски достигнувања... Ах, да и... тоалетна хартија од кадифе и свила, да не заборавиме да ставиме! Каолку сето ова да звучи парадоксално и смешно, бидете убедени дека еден ден ќе се разбудите затечени и со ваква врвна егзотика на социјалните мрежи штом го вклучите мобилниот или компјутерот. Во меѓувреме додека некој „се*ко“ не се охрабри и ова да го направи, најчесто се фалиме каде и што сме јаделе. Суши, риба, морски плодови, лигњи , октоподи, ракови, шкампи и школки, па се до јастози и кавијар... За специјалитети од свинско-говедска па и јагнешка провиненција и да не говориме... Таму има жестока конкуренција! Од најлуксузни ресторани, локали и кафеани, до нај биртии и селски меани. Во целата таа гастрономскао - хедонистичко-нарцисоидна трка, битно е да се покаже каде и што се крка! Токму затоа одговор на сите овие самобендисани фотомајстори по социјалните мрежи, им даде со свој пример познатиот „картон креатор“ Бомбакис, познат по своите поенти и пораки испишани токму на парче картон! Само што овој пат картонот го оставил зад врата, па решил со вирално видео  „да им го плесне“ в лице и да ги соочи со суровата вистина, дека не е исто она што го јадат дома и она што го вадат на виделина! Па затоа, кога веќе споделуваат, барем еднаш можат да го сликнат и она што го јадат дома, колку за промена!  Или стравот од гравот е толку голем, што подобро да се скриеш кога го јадеш гравот, за да не те изеде срамот? Од „ку*чот“ и лажната слика за себе самиот што ги постираш, кога глумиш  и се фолираш како се луксузираш?! А Бомбакис вика дека и... гравот се срка со слика!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Фотои видео: Инстаграм/bombakis
]]>

Бомбакис стана татко: „Сега веќе животот има смисла, има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bombakis-stana-tatko-sega-veke-zhivotot-ima-smisla-ima-za-kogo-da-se-zhivee-zhivotot-ke-go-dadam-za-tebe-foto/ Tue, 26 Dec 2023 07:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332446

Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис /@Bombakis/,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра  десетици илјади следбеници. Нема човек, особено помеѓу помладите кој не знае кој се крие зад овој прекар, освен што не знае што треба да очекува од неговиот следен картон. Oткако  кон крајот на месец јуни годинава (2023) влијателниот инфлуенсер и подкастер се ожени со неговата девојка Вики, Бомбакис неполн месец подоцна обзнани дека ќе стане татко! Тој наместо вообичаениот картон со испишана порака, овој пат високо го крена резултатот со фотографијата од ултразвук на која се гледа  дека неговата сопруга носи бебе и напиша: „Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов“. А сега, само неколку дена пред дочекот на новата 2024-та  година, момчето со картоните со нова порака  ја обзнани веста дека ова е најдоброто нешто што му се случило во животот.  Дедо Мраз му го донесе најубавиот новогодишен подарок, па Бомбакис за прв пат стана татко! Имено, неговата сопруга Вики  на свет донесе женско чедо, а девојчето доби преубаво македонско име. Тато Кристијан разбирливо, со порака на картон на својата од бисер поубава ќеркичка и посака: „Добредојде на светов  Бисера“! Пресреќен, гордиот татко картон пораката ја споделил на својот Инстаграм, а во постот не можел поубаво да ја прикаже својата радост и среќа за приновата: „Сега веќе животот има смисла, има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе!“ - сподеил Бомбакис. Со цврста вера ја надмина опаката болест, со надеж дека ќе има подобро утре и  уште долг живот, сега Бомбакис сета своја љубов и ја дарува на малечката штотуку родена принцеза и неговата сакана сопруга, на семејството...  Нека им е живо и здраво малечкото Бисерче во нивната семејна школка!   Фото: Инстаграм/bombakis]]>

Неполн месец по венчавката Бомбакис обзнани дека ќе стане татко: „Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nepoln-mesets-po-venchavkata-bombakis-obznani-deka-ke-stane-tatko-najdobriot-karton-shto-sum-go-drzhel-vo-zhivotov-foto/ Fri, 14 Jul 2023 06:45:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310204

Oткако  кон крајот на минатиот месец јуни 2023 г. се ожени со неговата девојка Вики, Бомбакис сега обзнани дека ќе стане татко! Тој наместо вообичаениот картон со испишана порака, овој пат високо го крена листот со фотографијата од ултразвук на која се гледа  дека неговата сопруга носи бебе и напиша: „Најдобриот 'картон' што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случило во животов. После сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка и животов“- споделил  Бомбакис на својот Фејсбук профил. Инаку Бомбакис на 30-ти јуни направи свадба со својата сега веќе бремена сопруга Вики, на која како вообичаено не недостасуваа и неговите картонски пораки. Првиот картон со најава до неговата мајка, на кој пишуваше: „Ете мајко решив да се женам“. За време на одењето по невестата високо крената нова картонска порака: „Немаме пари, ама битно сме другари“... Датумот на венчавката, младоженецот и невестата исто така го најавија со картон... Па дури и на вообичаеното прашање на матичарот, Бобмакис судбоносното ДА го потврди со напишан збор на неговиот картон. Но, овој последниот, кој и не е вистински картон, но затоа е вистинска причина за најголема среќа и радост во животот... И тој, како и неговата сопруга со нетрпение го чекаат денот кога штркот ќе слета со приновата во нивното тазе семејно гнездо. А сите ние,  едвај чекаме да ја видиме тогаш пораката со испишан натпис, на инспиративниот „картон мајстор“ - Бомбакис! Фото: Фејсбук/Bombakis]]>

„Радосен и среќен сум што го направив тоа“: Ламбе Алабаковски искрено во „Бомбакис поткаст“ (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/radosen-i-sreken-sum-shto-go-napraviv-toa-lambe-alabakovski-iskreno-vo-bombakis-potkast-foto-video/ Fri, 21 Apr 2023 08:41:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298932

Пејачот Ламбе Алабаковски за прв пат јавно се огласи на темата за подметнувањето пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Тој гостуваше кај  Кристијан Станковски  во „Бомбакис поткастот“, и изјави дека бил среќен и радосен за направеното. „Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, рече пејачот Алабаковски. За подсетување, пејачот ланското лето, поточно во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот. Целосното гостување на пејачот Алабаковски во „Бомбакис поткастот“ проследете го во продолжение: Фото: Принтскрин/Јутјуб/Бомбакис Подкаст]]>

Бомбакис ја раскина свршувачката: Социјалните мрежи му ја „упропастија“ свадбата на момчето со картонски пораки? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bombakis-ja-raskina-svrshuvachkata-socijalnite-mrezi-mu-ja-upropastija-svadbata-na-momcheto-so-kartonski-poraki-video/ Tue, 21 Sep 2021 07:11:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219858

Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра  десетици илјади следбеници. Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли, сам или во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, па речиси и да нема човек, особено помеѓу помладите кој не знае кој се крие и што треба да очекува кога ќе го слушне неговиот прекар. Со пораките на картон се прослави и стана еден од омилените инстаграмџии во Македонија , но неговите постови колку и да се се коментираат и споделуваат, колку натписите на картон му ја донесоа славата, толку и му ја одземаа приватноста. Бомбакис за прв пат минатата година отворено профговори за борбата со канцерот, но и ја најави својата свршувачка, односно свадбата која требаше, а сепак не се случи со неговата долгогодишна девојка со која заедно и живееле. Дали родителите на едната или другата страна вмешале прсти или популарноста стекната преку социјалните мрежи  ја „задушила љубовта“, дали се во контакт со несудената животна сопатничка и постојат ли се' уште шанси да се смират...? Бомбакис ексклузивно во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ одговараше на сите овие прашање откако проговори за својот пријватен живот и ја потврди веста дека  ја раскинал свршувачката и свадба нема да има... Не барем засега! Деталите дознајте ги од видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=bNb9Uc3tEFg]]>

Бомбакис зачна тема за „лажната љубов“, Панчо-ДНК во приказната препозна колеги од македонската естрада, па „им го плесна“ на Инстаграм (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bombakis-zachna-tema-za-laznata-ljubov-pancho-dnk-prepozna-kolegi-od-makedonskata-estrada-vo-prikaznata-pa-im-go-plesna-na-instagram-foto/ Thu, 16 Sep 2021 08:36:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219302

„Не глумете дека се сакате“! - беше една од последните испишани „картонски поенти“  на популарниот Кристијан Станковски или едноставно попознат Бомбакис,  како што се потпишува, кој за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра десетивци илјади следбеници. А љубовта се помалку ја има, ја дозираат со пипета, се дели на лажиче... барем онаа, вистинската. Затоа пак, лагата, лицемерието и лажната љубов наголемо царуваат... Во сите пори и сегменти на општеството и секојдневниот живот. Не важи веќе онаа поучна мисла што ја знаевме од детството: „Кој лаже, тој и краде и вошки има и на таван спие...“! Сега е парафразирана во нешто друго, во една поинаква реалност: „Кој лаже, тој и краде и е или многу богат или во власта... А, најчесто и двете“!  Зашто денес на лагата можеби и се куси нозете, ама затоа полн и е џебот... И тоа со туѓи пари! Приказни за лагата и лажната љубов можеме да раскажуваме до утре изутрина, а темата за „лажната љубов“ што ја зачна Бомбакис, ја препозна Панчо - ДНК во многу колеги  од македонската естрада, па сподели свој статус на Инстаграм. Панчо ја искористи напишаната „картонска порака“ на Бомбакис: „Не глумете дека се сакате“, ја сподели, па се надоврза со своје мислење во своите Инстаграм приказни: „И не ги шерувајте песните на колегите ради реда, додека очите си ги вадите позади грб  излага еден тон ла*на од устата за истите“ - огорчено и лутито им го „плесна в лице“ Панчо на оние колеги од македонската еестрада кои знаат кои се, па сами ќе си се препознаат. А Вие? Вие самите просудете дали „естраден уметник“, особено кај нас  е професија или „дијагноза“ и никако не правете го истото, без оглед што и каде работите, каде се движите, со кого се дружите... Или што би рекол Бомбакис во својот статус: „Сакајте се... Ама вистински“! Фото: Инстаграм принтскрин/bombakis/djshortypofficial  ]]>

Емотивна исповед на Бомбакис за тоа, како го победи канцерот: „Само здравје“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-ispoved-na-bombakis-za-toa-kako-go-pobedi-kancerot-samo-zdravje-video/ Tue, 15 Dec 2020 08:08:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180799

Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра над 10.000 следбеници. Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли, сам или во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, па речиси и да нема човек, особено помеѓу помладите кој не знае кој се крие и што треба да очекува кога ќе го слушне неговиот прекар. Но ова момче вниманието на пошироката јавност го привлече неодамна со една од своите последни пораки: „Една година без канцер“, емотивна парола која сама по себе го постави прашањето што се крие зад неа, што сака младиот Кристијан да каже, да наговести, да појасни, да одбележи...? И дали пораката е лична или е пак посветена на сите оние што успеале да се излечат од оваа тешка и опака болест, која не бира возраст? Најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ го побара одговорот директно од Бомбакис, кој за прв пат отворено и искрено одговори на сите прашања, разрешувајќи ја дилемата, но и говорејќи за тој период кој му бил најтежок во животот, како и за неизмерната поддршка од најблиските за да го издржи и преброди сето тоа. Но, секако и поддршката од јавноста, која била огромна по неговата објава со што и со каква болест се соочил. „Овој картон не е ставен за да ме жалите... Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш... Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент. Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите). Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема... Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас?Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива !!! На тој начин ќе почнете да живеете...Само здравје!“ - напиша тогаш во описот на навидѕум шокантната порака која ја сподели на својот Инстаграм профил Бомбакис! Бомбакис во меѓувреме ја сними песната насловена „Се' би дал“, која всушност е направена во добротворни цели и е во рамките на една хуманитарна акција наменета за децата. Исто така тој заедно со Марко Новески - „дај побрзај“ почнаа да имаат свое радиошоу - „Без компас“ на новоформираното скопско радио „Лидер“ на 107, 4 ФМ... Каква хуманитарна акција е во прашање, како и неговата лична приказна за борбата со опаката болест, но и нејзиното надминување, за неговите погледи и животни ставови, како и неговите хуманитарни активности проследени со новогодишната честитка и желба на Кристијан Станковски - Бомбакис, проследете ги во видеото на „магазинот од зад сцената“, во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=JBkbhCRJtuM        ]]>

Бомбакис шири – „Позитива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bombakis-shiri-pozitiva-video/ Thu, 12 Nov 2020 13:49:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175891

Кристијан Станковски, познат како момчето со картонските пораки  или едноставно Бомбакис, деновиве премиерно на YouTube  ја претстави својата прва песна, насловена како „Позитива“. „Позитива“ е дел од многуте проекти на кои што тој работи со полна пареа. Песната е настаната по доживувањето на многу пресврти во животот на Бомбакис, по што тој решава да ги стави пораките и животното искуство во едно дело кое што ќе му даде надеж и позитива на секој кој што ќе го слушне. „Песната настана многу спонтано, имав желба да се искажам и сакав да им подарам позитивна енергија на сите кои што ќе ја слушнат. Многу сум среќен што мојата креативност продолжува и на други нивоа и области. Никогаш не сум имал цел да бидам славен, едноставно животните прилики и општеството кое што нѐ опкружува, ми дадоа можност да се искажам преку различните канали на комуникација и да допрам до јавноста. Благодарен сум на сите околу мене за поддршката, среќен сум што ми ја даваат потребната сила и му благодарам на Господ за сѐ што ми подари како среќа и како предизвик“, изјави Кристијан Станковски, Бомбакис. Повеќе детали за песната и нејзиното настанување Бомбакис ќе даде во неговата емисија „Лирика“, која што зема  голем замав кај публиката. Предвидено е раскажување на стих по стих на песната, заедно со детали од неговиот живот кои што треба да се слушнат за да се дознае кој е всушност Бомбакис. Текстот, односно лириката на „Позитива“ е на Кристијан Станковски (Бомбакис) и Давор Зењиловски. Музиката је дело на  Дарко Јовановски,  а придружен вокал во песната е Марија Мечкароска. Видеото го реализирал  Андреј Миновски. „Позитива“ е само краток вовед за понатамошните проекти кои доаѓаат од Бомбакис. https://www.youtube.com/watch?v=_lWwy7URE-Y&feature=emb_logo  ]]>

Тамара повторно „ја растргнаа“: Пејачката заедно со Бомбакис „чепкаше по старите рани“, па одново го навлече гневот на нацијата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-povtorno-ja-rastrgnaa-pejachkata-zaedno-so-bombakis-chepkashe-po-starite-rani-pa-odnovo-go-navleche-gnevot-na-nacijata-foto/ Tue, 08 Sep 2020 07:43:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166126

Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра над 10.000 следбеници. Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, се' досега... Кога Кристијан објави „картонска порака“ заедно со Тамара Тодевска,  го навлече гневот на социјалните мрежи, покренувајќи вистинско цунами од негативни коментари. Имено, најпрвин тој и Тамара пред 15-ина дена најпрвин објавија слична порака, која прозвуче симпатично: „Подобро 7-ми на Еуровизија, него први у хејт“ - напишаа тогаш двајцата. Веројатно сакајќи да ја повторат „картонската парола“ и одново да го соберат онлајн „кајмакот на популарноста“, овој пат по се' изгледа дибидус ја утнаа  работата, навлекувајќи го на себе сиот народен гнев! Имено, тој и Тамара одново на истата тема реобјавија нова „картонска порака“: „Боље да ја утнеш химната, него ли терапијата“, која за многумина прозвуче навредливо, нехумано и саркастично и тоа од две причини. Тамара „чепкајќи по старите рани“ сакала уште еднаш „да се извади“ или пошегува на своја сметка, но тоа многумина не го сфатија баш така.  Намерна или не, грешката во текстот при нејзината несреќна изведба на химната не и ја заборавија, па секое „копање таму каде што си предизвикал туѓа болка“, скапо чини. Патем, она со терапијата во времиња кога цела нација, а и не само нашава е на еден вид „терапија“ заради корона пандемијата, уште повеќе им ја закомпликува ситуацијата, па Кристијан и Тамара за час се најдоа на столбот на срамот, хејтот и омразата. Коментарите на социјалните мрежи, особено упатени на конто на пејачката, просто одново ја „растргнаа“.  Следбениците на социјалните мрежи  толку брутално и(м) возвратија, што содржината на нивните коментари просто... боли! Но, како што некој  рече за Тамара: „Кој ја тераше два пати да се сопне на ист камен?“ А за „Бомбакис“...? Попаметно ќе му беше да се држи до паролата од почетокот на текстот: „Ќути си, ду*и си“... Ама бидејќи не си ќутеше... Сега и него ќе го...!“        ]]>